Еднаш прочитав дека љубоморни биле оние незрелите и несреќните лица па може и вистина е , почнав да верувам во тоа ...
Јас мислам дека не сте свесни колку сте слаби карактерно. Штом користите бјути ефекти едноставно се срамите од самите себе си. Штета е да не се научите да се сакате такви какви сте, без притоа да користите некој ефект да се измазните на слика. Несовршеноста е поубава од совршеноста.
Кога 5 годишно дете знае на другарчињата во градинка да им каже: - Ќе те убијам. - Смрдиш, не си се избањала цела година. - Јас со татко ми секаде шетам, и по одмори и по ресторани, ти дома ќе си седиш. Ама едни од други си учеле во градинка, тоа слушале таму па дома носеле. Не, не е така. Децата од дома во градинка носат. Родителите ги воспитуваат децата, а не градинката.
Прочитав некаде дека емоционалната болка трае од 10 до 20 минути, сè што трае подолго е предизвикано од премногу размислување. Не знам колку е точно, но можеби конечно ќе сфатам дека најдобрата работа е да не мислам однапред, да не си поставувам премногу прашања и да не ја анализирам секоја ситуација додека не најдам некаков проблем што не постоел. Зошто понекогаш вистинското решение е да се опуштиш и веруваш дека нештата ќе го најдат своето вистинско место.
За разлика па јас од тебе, сама себе се фаќам како се запрепастувам од некои мои постапки, знаеш она, разум збори едно, ти правиш друго, дрти мајн...дефинитивно мозокот нема копче за да го ставиме на ОФ, но сфатив дека убаво е понекогаш да го пуштиме мозокот да ни прожектира што се содржиме во нас, од каков состав сме..е тука се чудам..добрини и лошотилоци, срамно и бесрамно..хаххахахахахаа...Не се плаши сам од себе, сакај се , уживај во себе, ти си уникатен, на ппланетава ние сме сите единствени по состав
СДК: Мајки пазете си ги децата, бидејќи живееме во гадно општество каде средношколците имаат пристап до СЕ, ама баш до се.Од алкохол, дрога, цигари сексуални услуги итн.Ова ви го кажувам бидејќи гледам како рапидно се намалува свеста кај мојава генерација.Сите сме вејки на ветрот, некои повеќе некои помалку ама некои страдаат на крај.И јас сум радознала можда пушам и потпивнувам некад ама се што сум си направила и добро и лошо сум го направила самата на себе.Бидете отворени према децата, солушувајте ги секогаш и не им ставајте строги забрани бидејќи ќе добиете бумеранг ефект.Имаме пристап до се, знаеле вие или не.Се дила дрога на велико, во кафичи продавници по школите.Девојчињата се во некој филм одат по сениор журки на 15/16 години пијат Моети а не слушнале изгледа за Кристал, искачаат со 25-26 годишни машки и тоа најчесто друга националност (не ми смета тоа само кажувам) одат по Водно по хотели мотели.Машките се во некој филм дека можат секого да истепаат и дека они се најјаки, крадат тепаат малтетираат послаби од нив вклучувајќи и девојчиња.А дома никој не изгледа таков да, по односот може нема да приметите дека баш вашето дете е такво но никогаш не се знае.Ова ви го кажувам од свое искуство бидејќи со мојот памет ќе ги доведев моите на раб на нервен слом.Не знам зошто никој ја нема отворено темава овде, а баш треба да се збори.Знам дека 50% од членките овде имаат деца но оваа тема во Скопјево е табу.Сите гледаат и слушаат но никој не проговорил.
Денес дарував крв. И секогаш после дарување се чувствувам убаво, бидејќи знам дека на овој начин можеби ќе спасам нечиј живот.
Додека светот брка цели и сништа, пребројува самонастанати милионери кои од калта стигнале до врвот , кои веруваат само во „only sky is the limit“, кај нас само роднината на функција е лимит и неговата добра волја да ти даде подобра позиција Што да речеме... Македонија вечна
Не туку зевајте во телефоните,барем на пешачки кога поминувате. Една кола кога ќе застане внимателно погледнете и од друга лента, дали некој ќе ве прошиша пред нос. А потоа продолжете со чукање на машината,наречена телефон.
Една постара блиска жена секогаш вика: - Мора во текот на денот да си одвоиш време за себе...Мора сам на себе да си докажеш колку се сакаш, за и другите да те сакаат и почитуваат...Стави си малку шминка за своја душа, прочитај си омилен стих, стави си омилена крема на раце, купи си саксија со нов цвет...Направи си нешто за да се расположиш. Сам ако не се сакаш, кој сакаш да те сака? Како поминува време, сфаќам колку е право. Баш прееска низ цела толпа, вниманието ми го задржа една жена со нејзиното елеганто и дамско движење...После кој знае колку време сретнувам толку елеганта, а повозрасна жена. Додека сите трчаат, се брзаат, забораваат на себе, таа си чекореше полека, смирено, со исправена глава и грб...Коса средена, лице убаво, негувано...Ја видов и се сетив на зборовите. Од авион се гледа кој си посветува внимание на себе, а кој живее на трчање. Сите имаат обврски, сите се брзаат и се хранат нездраво, живеат под стрес, ама само неколку знаат вистински да си се почитуваат и да си живеат со полни гради.
Различно однесување кон личности со различен квалитет не е лицемерие. Карактер на еден човек е едно, а однесување со поединци околу себе е друго. Второто е по заслуга и зависи од секој од тие поединци.
До возачиве што намерно забрзуваат кога ќе видат дека преминуваш улица: Што ви е бе луѓе? Кој нормален ви дал возачка дозвола? Пред нозе на зелено светло ми закочи една будала на пешачки, добро е што не ме збриша на лице место. А и пешациве гледам си се опуштиле машала. Чекаат на семафор, свети црвено, нема коли и ајде, трчај по улица, а на вториов семафор гледаат дека свети црвено. После 5 секунди откако преминале на првиот семафор се вклучува зеленото светло. Преминаа само за да чекаат пак на другиот семафор...Честито, многу време заштедивте, а можеше така фино лепо да ве лупне некој.
сдк мајчинство левел-немам време да бирам тв дај од каталог ќе ти кажам кој да го донесат. сдк купив тв на невидено.
Мене ми се деси слично пред некоја година. Бев на пешачки без семафор и глеам иде кола, али се мислев да проценам дали можам да поминам или да почекам, и викам ај ќе претрчам. Копилето у тој момент забрза и откако се доближи можев да видам дека се смее. Жими се тоа беше прв пат у живот јавно да се дерам и да пцујам.
Исто ... Само што јас веќе половина пешачки го поминав, за влакно закочи. И колата му ја клоцав и на хауба му лупав. Да имав чекан, сол ќе му ја направев, таксист беше. Мислам ќе ме однесеше. Се вртев да видам некаде полиција да не има случајно, ама не. Ги нема кога треба. Уште па излезе да ме тепа. Ептен имаше патник па не проба да мавне...
Здраво драги Феминки, одамна се немаме читнато... Новогодишниве празници си ги сакам, иако некоја блага меланхолија ми се прикрадува. Гледам да бидам активна по дома и да задржам оптимизам. Како сте вие? Едвај чекам за Н.Г главниот град да го видам, можам да замислам колку убаво е украсено...