Сакам да кажам/ прашам, дали можеби ќе напредувавме ако не бевме под турско робство или пак ќе бевме исти и ќе стагниравме поради останати причини? Реално, нема како да би ги знаеле тие причини, ама реалноста е релативна. Дури и нешто да е апсолутно грешно, можеби нешто друго апсолутно грешно ќе се случеше да не беше тоа. Можеби ако не се случеше грешното, немаше да можи во никој случај да тргни доброто. Дали можеби ако не постоеше робство во Америка, дали црната популација ќе успееше да се тргни, дали ќе гладуваше поради недостаток на ресурси во своето родно место? Дали робството е клетва, или дарба? Можеби дел од таа популација ќе се одделеше во подобар живот, но што со мнозинството? Дали можеби ако не беше Хитлер ќе беше некој друг? Што ако ужасната визија која ја имаше - би ја исполнил, на цена на одличен и комфортен живот на преживеаните? Не велам дека било што од ова поддржувам. Не велам дека сакам да иди до вакви ситуации. Но, штом некогаш се случиле, што ако биле неизбежни? Човекот е амбициозно, самоуништувачко животно и постојано ќе има војни, лоши експерименти од калибар на Менгеле, па во иднина на видик можеби и ќе има нов Хитлер, или пак Сталин. Што ако од некоја лоша ситуација - произлегува некоја добра? Што ако не бевме под притисок на турско робство, па побавно да ја развиваме својата култура зошто не чувстуваме потреба за толкаво националистичко чувство? Или пак, ако Европејците со своите колонизации не носеа црна популација во Америка користејќи ги како робови, таа црна популација би останала на исто место, без многу сретства, а можеби и без храна. Не велам дека не би тие сами да се движат на други места, ама гледаме колку популацијата во Африка се движи на други места и условите во кои живее, па на еден начин робството беше само преоден чекор за дел од таа популација да биди благословена со добар живот на еден начин. Или пак Хитлер. Секогаш се гледаше како напаст, но што ако и неговата вистина и визија е релативна? Што ако правеше тоа што правеше поради други причини, што ако гледаме на него како на нешто најдолно, но тој да има длабоки психолошки проблеми кои предодредиле тој да се однесува вака? Дали е само тој да се криви, или можеби татко му, или непосредната околина? Накратко, се е релативно. Читам за лоши луѓе, и за добри луѓе. Читам за лоши настани, и за добри настани. Кога во суштина, се е едно исто. Се е релативно. Нема апсолутно лошо, и нема апсолутно добро. Се е микс на чувства, микс на добро и лошо испреплетени меѓусебе. Сите имаме и лошо, и добро во себе и да, се наклонуваме кон едното, но тоа не значи дека сме апсолутни во тоа. Од тука сакам да зборувам за нешто друго, сакам да кажам нешто друго. Дали луѓе кои веруваат дека се морално коректни, навистина се? Ако јас длабоко верувам во нешто, можеби тоа ќе биди моја вистина, но тоа не го прави апсолутна вистина. Правиме грешки константно, постојано, свесно, па и несвесно. Каде е моралноста на родител кој оспорува љубов своето дете само зошто сака некој кој не му е по мера нив? Или каде е моралноста на човекот кој живее за комшијата? А пак, каде е моралноста на комшијата кој живее за да пика нос кај другите? Можеби овие примери на луѓе се верници, можеби не се, можеби постат и одат во црква секоја Недела, можеби се најголеми хуманитарци, можеби се борат за права на одредена група на луѓе, можеби се дел на група која е дискриминирана, можеби ..., но не се само големите парчиња од слагалицата важни, важни се и оние малите кои ја прават сликата целосна. И сфаќам како можи некој да ми го сфати мислењето, така да немојте да мислите дека оправдувам било што од ова што пишав, само ете ме интересира „што би било, ако би било ...“, и не, само зошто ситуацијата е перцепирана како негативна - не би сакала да замислам само негативно решение.
Сам ако не си направиш лошо не ти прави никој. Уште еден млад живот згасна од предозирање. Зошто? Што има толку убаво во таа дрога? Проклета нека е кој ја измислил...
Сдк дека сериозно треба да се размисли за идејата пуштањето на турбо фолк музика во автобус е опасно кривично дело удира директно врз здравјето на луѓето најмногу по нервниот систем,ушо бол и останати не предвидени нус појава.
Секс со Бред Пит е наградата, ајде домаќинки да ве видам. Отвораш фемина - расправија. Отвараш пак фемина - те буцка некој да си ги истресе комплексите ко да нема што да прави 24/7 во денот. По трет пат отвараш фемина - трета светска војна не им се свиѓаш што различно размислуваш. Не се сакате меѓу себе. Ај сега оговарајте по лп како најголем успех во животот да ви е.
Попусти волку, онолку, ваму, таму, на пола, на цела колекција, неверојатни, апсолутни, фантастични, неодоливи, невидени досега
Доволно долго терај свој филм и колку и да е погрешен околината ќе го сфати како нормално и океј. Сведок сум на ова секој ден. Дали на работа, дали во друштво, гледам на луѓето им пречи, ама доволно долго за да стане секојдневие од кое не се бега. Забораваме дека самите си го кроиме светов во кој што живееме. Биди вокален, може само да добиеш борејќи се за своите права.
Сакам да кажам дека обожавам да ја читам @Rama во темата Што би му кажале. Знам дека не е идеална ситуацијата во којашто си сега, ама сепак зрачиш со оптимизам и многу ми се допаѓа смирениот тон во твоите пораки. Се надевам еден ден ќе си бидете заедно со саканиот па ќе те читаме со уште поубави пораки.
Сите се жалат дека воздухот е загаден, никој не се нафаќа да жрвува девица за да се промени состојбата
Поубава алва во живот,не сум јадела од една Украинска,што ми ја донесе другарка ми од таму,таква алва не јадев ни во Турција. Е сега,не само алвата од Украина туку и ликерот пре-пре-преубав,таков не сум пиела во живот. Ликер,си правам домашен,и доста далеку е по вкус од украинскиот,ама терам мераци пак Ама алва таква убава кај да најдам Си купив прееска една црна алва со кикирики,погрдо нешто не сум каснала во живот
Vaka stojat rabotiite Partly cloudy -21°C Dobro e , sabajle bese -33°C. I posle lugeto bile debeli. Kaj se pogodi bas na Christmas koga najveke ima za jadenje.
Милион обврски,не ми се спие,а би требало за 2 сати да сум будна. Се чуствувам многу мрзеливо и безволно.
Дијамантот останува дијамант и кога ќе го фрлиш во кал. Прашината е прашина и кога ќе се дигне до небо.
Last Christmas, I gave you my heart But the very next day you gave it away This year, to save me from tears I'll give it to @Someonespecial
Кога некој ќе ми постави прашање од типот: ''Како можеш да читаш книги, како не ти е досадно?'' Искрено, незнам што да му одговорам (во моментот се чувствувам како марсовец, ама небитно). Кога ќе видам дете од неполни три години на слика на Инстаграм како покажува среден прст а мајката се смее и се гордее со тоа, останувам без зборови. Kога ќе ми рече некој: ''Како не ти е жал во лето децата во градинка да ги носиш, снајди се, дома нека ти седат.'' Кога ќе ми рече некој: ''Како можеш да живееш во стан од 40 квадрати, па ти не живееш, јас не би можела'' СДК дека постојат луѓе и прашања што никогаш нема да ги разберам...