Сакам зима, посебно воздухот овде во Гевгелија, остар и свеж. Приквечерината е прекрасна и небото има боички за од мерак... Јас со долгиот црн капут додека шетаме со маж ми изгледам како убиец на вампири од Underworld, хаха! Мене ми е забавно, па што ми е гајле за останатото. Среќни празници Феминки, да си поминете незаборавно и да ви тргне во новава година што следи.
Која е поентата да правиш зимница, ако на крајот од декември купуваш sexy greenish looking пиперки и hard&juicy домати?! #македонскиЕгзистенционализам
Сакам да кажам дека во моментов и завидувам на Асистентка за тоа што е во Истанбул И за преубавиот аватар од Аја Софија Па и уште ако ја чека Нова година таму,болна ќе си легнам Се зезам нормално Асистентке,уживај и само уживај во магичниот град,истражи го секој негов дел и ќош. И да знаеш дека има таква магија што ќе те тера да му се вратиш пак и пак.... И јас еве се канам да го посетам пак,но да се средам и тоа ќе биди @Asistentkа Уживај максимално
Еј, не ми вадете стари мислења, срам ми е колку не сум пазела на (и не сум знаела доста) правопис. И колку сум била наивна. Веројатно и за 6-7 години од сега ќе го викам истото за оваа јас, али тоа е... Ко мала, мајка ми во парк едвај одделила некое девојче што упорно ме гризело за рака, месо ќе ми откинело, а јас сум стоела со покер фејс и сум ја гледала. Ни да викнам, ни да заплачам, да се одбранам. Сега пак сум ко тогаш. Кога ќе искусиш дека твоето и здравјето на најблиските е најбитно, секојдневните проблемчиња се толку тривијални и смешни, што не може да не ги проследуваш со мирна фаца. Некогаш ми фали да преувеличувам настан со друштво. Ко еднаш кога најдов цвеќе пред врата и после какав од радост наредните три месеци оти не знаев (ни па дознав) од кого е. А, може не ни било за мене. Битно беше темиште на разговор бре! Сега си правиме заебанции со своите ментални состојби. Кој биполарен, кој депресивен, кој анксиозен, кој искомплексиран, битно еден „здрав“ немаме. И некако гураме, формираме чудна целина што се трпи меѓусебно. Си се потсмеваме на фалинките, па си се тапшаме по рамо за истите. На крајот на денот, тоа е најбитно за да се осетиш нормален. А, што повеќе доживувам, помалку пишувам. Порано имав навика да придавам важност на глупости, да ги памтам толку детално, абе ludnica bratmi. Сега е буквално денес станав и преживеав. Толку. И подобро е. (Зашто цепкам ко Лешоски во нов ред?)
Новогодишен ентузијам пуштен на максимум, само уште и од работа да ме пуштат порано ама ваљда ќе им здосади од Jingle bells, Santa clause is coming to town, и All I want for Christmass is youuuuuuu
Има денови кога така се чувствувам неубаво со самата себе, па отворам некои праисториски препукувања во Снаи, золви и свекрви и веднаш се чувствувам поубаво. Ако еден ден дојдам да се жалам во темата, слободно ископајте ми го ова мислење и плеснете ми го.
Шу збориш а?Градов зад7ридови и 7мориња 7ми пат го газам. Мој7ми на Севе 3ти. Благодариме за завидливоста и мислите искрени.
Значи си бегам од џез концерт вчера и глеам на едно 300 метри некои дечишта.Ми паднаа сомнителни и си реков дај Симоно забрзај чекор,прај се на Тошо. И брзам во одот ко слушам почнаа експлозии као во фронто да сум:БАААААМ БУУУУМ ТРААААС ЧКРААААПАУУУУ...Ристос и Богоројца си реков. То луѓенца да ти биле дечишта шо фрлаа петарди.Арно шо бев блиску до домата иначе можно беше да си го кркав...ама така одеднаш одекнаа дека овие беа едно 300 метри на груба проценка оддалечени,шо стварно страв ме фате. Значи деца петардата не е играчка! Поубо излезете нешто едно друго не да ми џиткате атомски бомби по улици и луѓе да плашите сунце ви ј@#$/&!
Кога ќе видиш дека некој што го знаеш купил иста јакна ко тебе Дај веќе еднаш имај свој вкус и стил, не барај туѓ.
Посебна вредност имаат оние песни на јазик што не го знаеш, а кои те допираат до срце... Не разбираш ниту збор од текстот пред да прочиташ превод некаде, a сепак ги чувствуваш. Така е и со некои луѓе - толку поразлични и на многу начини чудни, а сепак се разбирате и пронаоѓате во нив по она длабокото, човечкото...
Секогаш сум била различна од другите. Кога бев мала, бев подебела од моите братучеди, во забавиште единственото девојче со кратка машка фризура. Во училиште бев таа која беше премногу одговорна и сериозна, на некој начин прерано пораснав. Јас бев таа која знаеше да каже "Не'' кога соучениците бегаа од часови. Не затоа што се плашев од последиците туку затоа што не сакав да следам ничии идеи, сакав да размислувам со своја глава, а не само да ја следам толпата. Пораснав. Сега сум им премногу слаба, не разбираат како можам да не јадам слатки и грицки. Да не пијам и да не пушам. Да сум сингл толку долго време. Додека другарки/колешки разменуваат идеи за маникир јас се обидувам да се сетам кога последен пат ставив лак за нокти ... 2012 можеби. На колегите им е чудно како секој работен ден станувам толку рано за да уживам во утрото. Мама никогаш не разбра колку уживам во мир и тишина и дека луѓето некогаш знаат страшно да ме исцрпат. Како е можно да сум толку ''недруштвена''. Страв ми е и да кажам како си го замислувам животот во иднина, не затоа што заради нечие мислење би се откажала, туку знам дека ќе ми ги извалкаат соништата кои ми даваат сила да се носам со секој тежок ден. Едно е сигурно, никогаш не е полесно да си индивидуален и да не ја следиш толпата. Тоа е потешкиот пат, наидуваш на отпор, на исмевање, погледи со чудење и каде и да одиш НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ВКЛОПИШ. Но, можеби и не сакам да се вклопам, колку и да е тешко да стојам сама, јас знам зошто е тоа така. Да, јас сум фрик и уживам во тоа!
Тиииии мори Веро алапача си станала! Демек за ништо не те интересира али да не сетиш прашалник одма излегуваш со брзи, точни и навремени информации... Радио Милева не ти е рамно... Затвори си ја тро пештерата дан ти се стркала некој камен по гла.
Возење во Скопскиот Градски Превоз Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Прво да излеземе, па ќе влезете !! Секој ден се повторува истото па истото, Како луге не разбирате дека треба прво да излезат тие што се внатре за да можете да се качите во автобус !? НЕМА ДА ВИ ИЗБЕГА АВТОБУСОТ ДА ВИ ЕБАМ МАЈКАТА НЕ САКАМ ДА ВЕ ПЦУЈАМ !! НЕ САКАМ ДА ВЕ НАВРЕДУВАМ АМА МНОГУ СЕ ГЛУПИ БЕ У ПИЧКУ МАТЕР .. НЕ СФАЌАТЕ ДЕКА ПРВО ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗАТ ЛУГЕТО ЗА ДРУГИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ( НЕ ОБРАТНО ) Сликовит пример за прости луге: *** Имаш кошничка во која може да собере 10 јаболка или 10 портокали. Кошничката е веќе полна со 10 јаболка, а ти имаш 10 портокали. Како ќе успееш да ја наполниш кошничката со 10 портокали ?? Решение: Прво ги вадиш јаболката такашто кошничката останува празна ( се ослободува простор ) и потоа ја полниш со твоите 10 портокали. Поздрав у пичку матер до следно разбирање. ПозЗ3³ ®