Не е недела,ама за мене исто како да е,уште сум во кревет,срам да ми е Не,озбилно,пак немам воља да станам и да се соочам со надворешниот свет...поубаво ми е да си лежам во кревет,и опуштено да си гледам некоја серија. Вас ви посакувам убав викенд А јас утре ќе се соочам со надворешниот свет,нели новогодишна прослава,ова она
Сдк дека еден другар лапна 50 илјади евра од Биткоини... И ја ќе купев на времето, али немав пари... Fuck my life...
Нема да пишувам реферати и филозофии,само ке ви посакам во новата 2018,да сте здрави и живи,да имате све она што сте го немале во старата 2017,ширете позитивност,среќа,радост.Радувајте му се на секој ден,затоа што незнаеме што носи денот,а не па годината. Уживајте каде и да сте за новата година.
Не го сфаќам претераново лудило за новогодишните празници по маркетите и трговските центри... Разбирам купување повеќе и посвечена облека, па и повеќе храна како за прослава, ама толку гужви, туркање, преполнети торби со огромни количини од најосновните продукти по вкупна цена до четирицифрени суми?! Неколку празнични дена се и само еден неработен сега засега бе луѓе, не иде војна...
Значи откога станав не седнав, прво кафе, па пазарење, па во црква да се закаже, па една нес кафе тортаси направив, па кафе (сега го пијам), па ќе си сецкам за руска, па со вереникот да однесеме подароци за внуците, па да се направи нешто да се касне, и ќе има ли време за туш пред спиење?? Акоооо, иде Нова година, весела сум, ништо не смета
Уништување вицови (прв дел): Spoiler: 1 Бракот е однос на двајца луѓе, во кој едната личност е секогаш во право, а другата е мажот! Жената не е секогаш во право. Исто така, се соочуваме со пречка ако во бракот двајцата се мажи. Кој маж не е во право сега? Spoiler: 2 Учителката го прашува Перица мали: Перица, колку се 2+3? Пет, наставничке. Точно. А 3+2? Шест. Како шест бре, кога се работи за истите бројки, само со различни места? Така, наставничке. Исто ли е кога вашиот дечко ќе ви рече „ќе поминам да те земам“ и „ќе земам да те поминам“? Прво, ако се прашува некое дете колку е 2+3, значи детето не е поголемо од второ одделение. Дете од 7 години што знае што значи ако дечкото каже „ќе земам да те поминам“ не постои, што значи дека се сексуализираат деца од 7 години во вицов, што е ужасно крипи. Второ, комутативното својство не важи во синтакса, па Перица мали веројатно нема петка ни по математика, ни по македонски. Трето, аман ако случајно чита оној кој го измислил вицов, вредеше ли? Многу е глуп. Spoiler: 3 Влегува човек во продавница и прашува: - Колку чини килограм сирење? - 200 денари. - А продавате ли помалку од килограм? - Продаваме. - Може ли да ви ги дадам сите пари што ги имам, а вие да ми отсечете едно парче? - Може. Буричка во сите џебови, брои 42 денари и и ги дава на продавачката. Таа му сече парче сирење и заедно со него му дава и кондом. - Повелете, ова е подарок од нас. - Зошто? - За да не се размножуваат такви муштерии како тебе...
Од одлуките што сум ги донела за 2018 почнав пред време да се спремам за полесно спроведување. Една од најважните е поврзано со нешто на кое повеќе време губам. Се обидувам да не биде толку време и само бришам и се позависна станувам. Морам да се држам до мојата to do листа. Има толку убави работи на кои може да се посвети време. Јас ви посакувам Среќни празници помалку да бидете злобни и полни со омраза, да не нема веќе војна во светот ни по социјални мрежи. Може некогаш е поубаво да се стисне log out. Може е подобро да се гледа тв. Најубаво е кога се гасат сијаличките и за некоја секунда трепка магијата, сите се смеат и се среќни. Божиќните колачиња и Бадниковата вечер се најубавите празници, во минатите години не ги сакав сега многу уживам во нив. Сите седнати на маса и среќата патува од човек на човек додека вивне високо меѓу звездите. Среќни Божиќни празници на цел фемина форум од христијанската вероисповед. Ако самите не се направите да сте среќни никој не може, негативноста ќе биде ваша долга пријателка долго време. Ништо не е поважно од самите вас, не се важни ни пакетчињата, ни чоколадите, важна е среќата. Ве поздравувам
Од толку многу луѓе што слушам како се жалат за сѐ некоја работа, јас се чудам и ќутам, затоа што не можам да се жалам, не знам за што попрво да се жалам, и кога ги слушам не можам да и кажам нешто, не можам да им помогнам кога ни јас самата не знам како да си помогнам. Кога би можела да кажам, не знам од каде би почнала. Кога знам колку народот е злобен и колку само си замеруваат за нешто, се чудам како јас не сум таква, посакувам и се најдобро, не дека и јас сум многу добра но за разлика од другите, не сум им посакала лошо. Се надевам дека секогаш ќе бидам добра.
Сакам да кажам, или подобро, сакам да зборувам за среќата. Колку е релативна. И не само релативна во поглед различнно се радувам на нешто ситно и на нешто големо. Туку колку една иста работа можи да биди различно доживеана од страна на две личности, или пак поради различни фактори кои во моментот се присутни. Од таму, ме интересира, која среќа е најголема? Онаа која ја добиваме, за онаа која се бориме, за онаа која стрпливо чекаме или пак за онаа која сме ја изгубиле, не обземала тага, па за после да ни дојди како вид награда? Среќа која ја добиваме е кога можеби добиваме внимание, некој поклон безразлика од големината. И не облива среќа, ја чувсутваме со секој дел од нас. Се мотивираме и бориме за да доживееме друга среќа и можеби се наклонуваме на неа повеќе со чувство на гордост него со облив на среќа. Во среќно чувство на кое стрпливо чекаме би рекла носење дете на светов. Кое си го галкаш додека расти во тебе, го чекаш, размислуваш иднина со него и после еден ден - се појавува и среќата е неизмерна. Или пак, кога нешто многу сакаме и во еден момент го губиме. Губиме секаква надеж за после да го добиеме пак и да бидиме најсреќни што можи. Од тука ми доаѓа тоа - колку се факторите важни за да се биди среќен? Многу, нели. Кога си безнадежен, тажен, несреќен, и трошки среќа се предобри. А кога си задоволен, среќен, мотивиран, трошки среќа се само секојдневие и се цели кон нешто поголемо.
Најдосадни ми се честитки, али ај ради реда. Сите да си имате убава 2018та со многу здравје, насмевки, прегратки, успеси, радости, дружби, љубов и секс!
Ми се смачи цело време едни исти лица да ме прашуваат: Ајде, кога ќе се мажиш? Нема да се мажам, стара мома сакам да бидам.
Сега ќе бидам оригинален, оваа година мора да се проба поинаку нешто, нема да пијам, ма каква празнична атмосфера пфф, абе ајде... Да, да, сигурно, нема грешка, до утре попладне кога сите тие идеи ќе паднат во вода и еуфоријата полека но сигурно ќе си најде пат до нас, секташите
Како да не се празници... Како да се збогувам со годинава? Толку смачкано се осеќам. Знам дека следнава ќе биде многу тешка, напорна. Онака...све ми е безвезе. Оваа измината година добро ми идеше. Се охрабрив, си го сменив животот за одреден степен, направив една голема новост, имаше убави работи. И идеше во еден фантастичен правец, бев спремна за уште многу големи промени и новости во животецов ми мој. И така се се сјеба на крај, толку сум исплашена, толку сум загрижена, тоа ми е единственото нешто што ми се врти во глава. Така да... нека дојде побрзо 2019 со многу подобри новости, 2018 веќе е запишана како екстремно тешка година. Или 2018 Сакајте се, ви посакувам здравје.
Чао,чао 2017,ич нема да ми недостигаш. Полоша година,ми се чини и дека не можев да имам Ми го зеде дедо ми... Ме награди со анксиозност... И уште со мал милион секојдневни срања ми го зачини секојдневието и не дека очекувам твојата наследничка да ми биде совршенство од годинa,но те молам искупи ми се,барем малку,со тоа што на 2018 ќе и шепнеш да биде малку помека и понежна Ааа,и него не ми го земајте никако,знаете низ што се поминав дури да се смириме... Ете ова се моите скромни желбички.
Еве и ја да си кажам, во новата 2018 да ви се мочам и на Марфи и на оние шо ме колнеле, и на оние магии шо ми праат и шо ме пцујат, слободно може да ми се фатите. Ја си терам, вас кој ве врти. Нит очекувам нешто од годинава, нит од оние што поминале, нит па ми е гајле шо ми се десило, или пак ќе ми се деси. Као демек годината ми е крива за тоа. Лол. Само поздрав до сите со една новогодишна честитка со моја слика, оти сигурно некој тука би сакал да дознае која сум и како личам... И наравно, многу здравје, пари и секс, и се шо ќе јадете, место сало, у крв да ви се стори. Ај 2017та годино, поздраФ. Идам ја да се начукам, и по можност да бркнам нешо на шо му иам фрлено меракот од Неделата, да си праам романтики за Нови Год, ау нешо. Ајт.