Сакам да сум дете, да станам уште во 6h за да пеам пред секоја куќа од маалото колку ме држи гласот, да се вратам со полна торба костени и портокали кои се така натрупани па само што не почнале да паѓаат од сите страни, да се стоплам до оганот во топлите чорапи сплетени од баба ми, да јадам чоколади додека не ме заболи стомакот и никој да не смее да ме опомене зошто се празници, да останам будна цела вечер за да ги гледам сите божиќни филмови...
Или, " Колку повеќе даваме од себе, толку повеќе добиваме за себе", не дека не се согласувам, ама нема да дозволам цел живот некој да ме гази, верувам дека многумина од вас се согласуваат. За многу години празниците...
Викаат деновиве се за со семејството, но не секогаш она крвното семејство, деновиве се за оние кои со своја волја и искрена љубов ни станале семејство во животот... За оние кои ни ја држеле раката горе кога требало да славиме и кои ја стегале долу кога ни требало подддршка во немоќта... За оние кои секој ден ни носеле радост, па дури и лепчето и паричката и душата и се споделиле со нас, не мислејќи што ќе добијат... Денот е за тоа семејство што сраснало без крвна обврска, без морање... што сраснало од што сакало... Нека си трепка ова тука за нив... за да ги има што повеќе... за да се искрени...за да се вечни...за да се семејство!
Традиционално по навика, по повод Бадник, Македонецот се фати за сламка, како по обичај за се. Илјадници македонци се потепаа во храмовите за слама која утре веќе ќе ја исфрлат, доволна за дневна прехрана на еден вол. Чудна дефиниција имаме за мир и скромност.
Му се паднала паричката на симпатијата. Сега уште јас да му се паднам годинава и значи стварно среќлија бил.
Читам книга, од библиотека. И наидов на нешто тажно. Покажано на дело како изгледа кога некој се прави попаметен отколку што е. Spoiler
Знаеш дека и форумов у целина старее, кога во темава има сè помалку поетични постови за тоа каде паднала паричката на Бадник...
Е сега па не има и стари ама млади во душа,а не има и такви за Василица мазник што вртиме со паре. Кажи мор @simonna.a . Инаку малку поезија во проза. Обожавам кога ќе дојдат празници и затишје од професионални обрски и кога ќе се заборавиме физички со сите лица. Па во тоа затишје по кое следи бура настанува мој breinstorming и ми станува јасно кој е кој. Кој ми мисли нешто арно,кој ми мисли не арно,а најјасно ми е кој ништо не ми мисли додека не го зачеша газот од користољубие па ме приметува дека уште сум меѓу оние на земјава што газат. Тие ми се најомилените кога се лигават за услуга во иднина бре. Преслатки се со тоа лигите насекаде.
Ој фемино дружино ... Како што знаете, вечерва сите се збравме на трпезата за да јадеме и да пиеме како што е редот, или не беше само за тоа не знам како и да е. И така почнавме да В"тимеВ"тиме тоа лебот и стоп. Почна татко ми да дели за овој за оној и биткоинот се падна кај сестра ми Нека и е среќен животот финансиски безбеден во иднина Пар точки за да не е толку празно ... 1. Си легнав во 5 сабајле, и кога станав ми кажаа дека на врата дошле околу 20тина коледари. Браво бе деца !!! 2. Ако платиш 2 а земеш 3 или платиш 1 а земеш 2, дали ако земеш 1 не плаќаш ништо ? 3. Ние вечерва побрзо го в'тевме тоа лебот од Гујо, пошо он рече " в'тевме в'тевме тоа левот" ама ние земавме и го "В'тевмеВ'тевмеВ'тевме тоа левот" 4. Богами оваа среќа ќе ја оставам сами да си ја ископате Great Job 5. 4тата точка не е празна, а не ја пропуштив ни првата точка 6. На Исус кога му е роденден и сака да се журка, сите локали се затворени 7. Слики од трпеза, Слики од трпеза, Слики од трпеза, Слики од трпеза, Слики од трпеза, Христос се роди !! 8. Одам да се мучам 9, Изгреби ја 8мата точка за да ти биде појасно ПозЗ3³ ®
Не заборавајте едно париче е на Вицето да му дајте оти че се лути,море че плачи. И втевме,втевме на тоа олото и од тоа виното кога ни се свте,па кога се ступоливме #Едно евро мени#Едно теби#третото го нема#Вицето го зема
Aма фора ви се описите на сликите Бадње вече. Била три пати у Белград и се мувала со 10 срби на Халкидики и одма не е Бадник, туку е Бадње вече... ЗоЖДо сте такви бре?