Треба да бидете благодарни за се што ќе добиете а понекогаш многу повеќе благодарни за она што нема да го добиете И онака пишав па имајте пријатна Бадникова вечер и нека ве прати среќа
И така доаѓа време кога минатото е само минато. Не го мислиш, не го бараш, продолжуваш понатаму. Газиш низ животот, со крената глава и со зацртани цели. 2018 ми започна фантастично. Мислам дека ова е годината кога ќе оставам се зад себе и конечно ќе бидам онаа јас каква што треба да бидам. Спремна сум за промени и знам дека можам да успеам.
Едвај си го чекам новиот живот, се надевам нема да има болки, страдања, депресии.Доста беше со оваа лажно патување и лажни луѓе околу мене..време е за нешто ново
Ја, батка, уствари коа работам, се уложувам целата. Работам по 12 саати секој ден, без слободен и ќутам. И мрзам да оставам нешто недовршено, се си има ред и место и време, мене работата ми е ритуал. И препочитам физичка работа. АМААААА, затоа ми трпи приватниот живот, ако уопште го иам... Едно време, на една работа, бев у депресии. Доаѓав дома, кај ќе се соблечам, таму останале алиштата на земја, да се туширам секој ден па шансе, косата фатија у пунџа, ко да ќе те кледа некој, дотерување заеби оти имаш униформа на работа, а и онака немаш време да одиш негде после таа ебена работа и такааа... И коа ќе ме праша некој, шо уствари е мојата цел у животот, најчесто останува онака ко у шок...ЈА МРАЗАМ ДА РАБОТАМ, НЕ САКАМ ВИШЕ НИКАД ДА РАБОТАМ. ЈА НЕ СУМ ЗАСЛУЖИЛА ДА РАБОТАМ. ЈА СУМ ПРЕФАБУЛОС ЗА ДА РАБОТАМ. Амин. Добро сеа, ќе жртвувам уште неколку години од мојов живот, и после тоа ќе си купам две три гарсоњери, ќе си ги издавам по кирија, и со парите ќе си ја ладам. Ќе бидам паразит, ќе седам дома у двор, па до деците, па ќе си пијам кафиња, ќе готвам по дома, абе ќе џаболебарам. Е сеа има шанса никад да не се деси ова, али никад не речи никад, така? Фмп.
@Someonespecial ете ти сега, не ставаш во спојлер страшни ствари, ќе ме прогонува ноктот вечерва, се формира веќе кошмар во некој дел од мозокот, осеќам -------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Инаку шта речи, убави празници со убави луѓе во секој поглед (со секогаш присутните исклучоци, за среќа во малцинство), never doubted it Би сакал да можев да го продолжам одличното чувство барем месец-два, да се надевам дека ќе трае барем недела-две, а знам дека ќе си отиде за 3-4 дена. Good days
На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
Добро, единствена ли сум што неколку пати кога темана Сакам да пробам (што иначе се однесува за сексуални лудории) ми излегува во нови мислења, сум се залетала да отворам со намера да пишам за некоја храна или нешто општо?
Повеќето луѓе ставиле по една слика од вечерата (а некои како мене и ниедна), ама едно семејство толку многу се потрудило околу настанот за да имаат најлајкувана вечера, што слатко ме изнасмееја па дури и лајк им ставив што се труделе Прва слика од цела маса...Втора како се седнати...Па како наздравуваат...Како кршат лепче...На секој реакција како бара паричка...Реакција и фаца на тој што ја нашол паричката....Како останатите му честитаат...Првиот залак...И сето ова низ различни агли фатено После како мезат и седат пред тв. Права семејна идила. Уште да ги фрлеа телефоните, и НАВИСТИНА да уживаа во празниците. Ајде младите си се сликале, ама повозрасните?
Ми текна дека од лани не сум пишала пост во темава Прво и основно ќе ви посакам добро здравје во Новата година,потоа љубов и среќа,и цело зло да остане заробено во минатата година Примете ја и најрадосната вест:Христос се роди-Навистина се роди Честит и вечен Божиќ!!
Не може секој во исто време да биде во врска. Не може секој во ист временски период да најде работа. Секој си има свој живот и тоа си е индивидуална работа, се си доаѓа во свое време.
Христос се роди!! Среќен божиќ, имајте многу здравје, среќа, љубов, мир во домот и позитивни мисли!! Имајте убав празничен неделен ден со вашите најмили. За многу години нека ни се Божиќните празници
Што и е толку таа финта да стават слики од трпезата што има на масата што нема, не знам ама се се сведело на тоа да стават, па во кого се паднала од вчера на фб само тоа ми излава, во мене се падна, во тој се паднал, во оној се паднал, само слики слики и веќе не го отварам. Што им е толку интересно, не знам, или сакат да се фалат. На никој не сум честитала божик, освен на тие поблиските и на баба ми, на фб ни па на некој друг не честитам. Прав гринч сум станала.
Имам разгледница во главата: Исландска зима, чекање бранови на австралиска плажа, играње на Менхетн, и бакнеж во Париз