Имав едно куче. Го крстив Цук. Оти, такво ми беше, ко Цук, Цуки. Татко ми го шеташе и му имаше измислено скроз друго име. Не му било пријатно да им кажува на луѓето дека се вика Цук. Го асоцирало на Џуки, Џукац, Џукела. Еден ден му објаснив дека така го викам оти, прв пат кога го видов ме потсеќаше на шеќер (германски: Zucker).. ко она, карамелизирано петле ми беше. Мало, кафИјаво, слатко и бесно. Ми се налути што не сум му го раскажала тоа. Така ќе им раскажел на другите. За мојот проблем со имињата на животните и туѓите перцепции.
Вечер другарка ми е сама дома,и ме викна да одам да гледаме филм,и ќе пооговараме некој и нешто успат де,шоакоќе направела домашни пуканки и помфрит,и јас и велам:Аааа не ме залажуваш ти со помфрит и пуканки,ќе купам успат некој мазник готов,лиснатици,еклери,колбаси и вино и викам ако сакаш ти не јади,јас убаво ќе се најадам,оти дома не можам рает да јадам(моите внимаваат и се грижат повеќе од мене за моето кутро здравје) а јас кај што сум болна на повеќе телесни полиња,па уште и уво не ми чуепа и овој ПМС ме докусури,деновиве јадам како луда и се нездраво плус. Please некој нека ме сопре Ве лажам бе убаво ми е,не умирам толку лесно јас Ќе дојде и тој ден,кога ќе земам да се грижам за себе,се надевамзнам дека од страна делувам крипи,но тоа е тоа
Сакам да кажам, повеќе се плашам од луѓе кои не кажуваат какви се, дури некогаш си мислам дека ни самите не веруваат во сликата која ја оставаат, наспроти од луѓе кои кажуваат она какви се, да очекуваш најлошото, а да го добиеш најдоброто. Ги преферирам вторите. Побрзо ќе се врчам во човек кој ќе ми речи за себе дека е најлош и да не му верувам, кога ќе го прашам дали да му се доверам да ме предупреди. Нема да му верувам на човек кој ќе ми речи дека е најдобар, најљубезен, чесен, морален, и дека моето доверување ќе биди само со тој човек. Искуството вели дека тие добрите, лажат.
Секој може да каже што сака, тоа се зборови зарем не, Ама некои се врежени во срцето, некои не ти даваат да мрднеш ни чекор подалеку од него. Се случи она што не го посакував, ама можеби е подобро така, за тебе, не за мене.Затоа што јас седам тука и пишувам и ронам солзи како некој од фам. да ми починал. Те знаев многу кратко, или пресметано и искалкулирано ти го знаев името, и супер, ми се допаѓаше тоа. Ама ми се допаѓаа и многу други работи...Ми се допаѓаше како се движиш и како го освојуваш светот, ми се допаѓаше ти.И виде, плачев, за тебе, за нас. За тоа што не можиме да бидиме.И душата ме боли што запознав личност приближна како од соништата каква што сум посакувала.Ама егото тивко ама јасно ми шепоти, не му пишувај, не за тебе не за себе, за него.За да си најде друга, подобра и поубава.За да има душа помека и срце поцврсто.А, знаеш колку пати сум посакала да ти пишам, ама што после тоа, ама кој ќе ме прегрнуваше во солзи облиена? Кој? Ќе се насмевнеше можеби на пораката, можеби не...можеби и во целост немаше да ја прочиташ како и да е...чекам, чекам зрак, чекам цветлина од тунелот. Не те чекам тебе...напротив како што кажа, различни сме.Ти гарантирам ќе најдиш некоја, а јас до тогаш....не знам.И колку често посакуваме нешто за наше добро?Има ли крај за наше добро патем? Да одиш ти по ѓаволите, сакам културно да те опцујам оти така те запознав, културен,висок и во моеите очи- најубав.
Мојот скромен придонес кон кандидатурата на Скопје за летните олимписки игри во 2064 Spoiler: Cercles
Секогаш ми е гадно кога заминувам. И не дека јас заминувам, туку грутка горчина ми е во душава за сите што ги оставам. Со празни раце а преполни желби да ја гушкаат ќерка ми, да ја гледаат како расте, да ја товат чоколадо додека јас викам, да ја причуваат кога мораме да правиме нешто неродителско или да е од аздис. Таа е уште збунета, што е кај е и како е, оди објасни дека ти каснела плата и си заминал. Поминав на координатите кај што беше мојот дом. Единствено место што би го нарекла дом. Јас и тој, од празни ѕидови створивме топлина, бои, љубов, пораснавме, од кауч до шарени перничиња, од просто пржено јајце до кифличиња. На утрешен ден, пред 3 години, си ја земавме дома. Беблак од 5 дена, во ванила обоен скафандер. Излеговме од колата. Снегот крцкаше уште под продорните сончеви зраци. Нашето мало улично Зајче (маче) дојде и ја пречека. Полна душа љубов. Зајче беше уште таму и денес. Не знам дали нè памти. Не знам дали знаеше дека сме ние. Си реков - сепак, работите течат без нас (колку нескромно!). Животот тече. Ама не знам како. Паралелното секојдневие е само на ниво на сон. Течат некако ама Зајче не сака да ми каже како. Никој не сака да ми каже како. Се плашам дека никогаш повеќе нема да ми се вдоми душата како таму.
Постои само едно зајдисонце кое оди околу планетата Земја веќе билиони години ама кога и да го гледам зајдисонцето, сигурна сум дека некој кој се наоѓа на другата страна од планетата го гледа истото изгрејсонце
Никогаш не жали за она што си го сторил...ако било добро...тогаш е прекрасно,a ако било лошо сметај го за искуство !!!
Сакам да кажам дека забот требаше да си одбери време кога да ме боли. Зошто Сабота вечер кога можи да боли Понеделник сабајле?