Значи колку и да се трудам да размислувам позитивно,тоа е,никогаш нема да сум среќна,никогаш нема да ми биде убаво,се што ми се десило во животов било со мака,цел живот сум малтертирана,во основно ми љубомореа бидејќи бев мирна и учев,не ме поднеуваа шмизлите,во средно бев малтертирана бидејќи бев многу мирна и сиромашна а тие деца на доктори,незнаев да се одбранам,за факултет моите немаа пари да ме пратат,на работа крвта ми ја цицеа од страв бавно учев,работев повеќе од што треба,прекувремено,ме понижуваа дека сум од село,као ако не работеше кај нас,ќе работеше на нивата,сега работите се стабилизираа но последиците не се забораваат. Во врската бев манипулирана,како да вредам помалкунод другите а бев и верна и кој и да беше на негово место ќе беше среќен,не знаеше да цени,не ме почитуваше,,можеби и ме изневеруваше,беше болно љубоморен,и ред лоши работи и особини. Моиве дома конзервативни,мајка ми прислушкувач,на секој што ќе ме бендиса и што ќе и кажам наоѓаше маани,и затоа на крај ја украсив, работата,совет никаков не добивав,никаква поддршка од никој,не ме ни гушнала како мајка,ниту ме утешила нешо,цел живот ме споредува со другите како се снашле а јас не,цел живот јас не чинам,другите знаат да се снајдат,брат ми е посебна приказна,не сум ни разговарала на тема дечковци со него,и он е искомплексиран од родителите,никаков совет,ништо позитивно,и да знае нешто не би ми кажал,само знае да ме критикува и јас да се мислам зашто ме критикува. И затоа си го мразам животов,не сакам да постојам,сакам да ме нема,да не се разбудам никогаш повеќе,не гледам ништо позитивно во мојов никаков живот,секое утро едвај станувам,немам желба за ништо,ништо позитивно ми се нема десено,и да се случи излегува дека е негативно на крај,не верувам и дека ќе се мажам,немам јас среќа да сретнам некој што ќе ме цени и сака,барам да најдам нешто позитивно во животов ама нема,за џабе живеам,нејќам да живеам,извинете за негативноста ама морав да се испразнам некаде,нема кој да ме сослуша.
Разбираш дека менталитетот е во бездна кога ќе забележиш како некој човек шири гласини, оговара и животна опсесија му е животот на некој лик. Овие луѓе ме потсеќаат на тетките во народните приказни кога ќе се соберат покрај некоја селска чешма за да наполнат вода и ќе почнат да го оговараат Станко од Миравци... дури и тие биле подобри. А ги има кај секој во комшии и знаат ваквите работи да бидат заразни. Вината сепак лежи во тој кој не пробува да се изолира од овие работи.
Зошто вакво размислување од една млада личност? Уживај во младоста Пресели се Најди работаг, плаќај си кирија и не фермај никој,.
Само да знаеш оти ваков или сличен проблем имаат 80% од луѓето, и може не им се живее знам ама животот е борба. Место да разислуваш дека не ти се живее размисли да смениш начин на живот.
16 недели нов живот во моето меше. Секој ден стрепнувам, се замислувам, а знам дека се' ќе биде океј. Нарачав речна пастрмка на скара за ручек и денес ќе работам на распоредот за децата што ќе ги учам. Ќе бидам координатор на една мала програма за ученици во средно за справување со отпад од храна и како да го намалиме истиот. Темата е опсежна, бара многу, ама и јас сакам да дадам многу. Пионерски и со многу желба, се надевам дека ова се првите чекори кон нова едукација. Избегав од чувството на беспомошност. Ако сам не си дадеш волја и пат, никој нема! Се плашам и истовремено се себепредизвикувам. Тој со шината нога не знае што попрво да побара, но и да понуди некаква помош. Само се смешкам и со спокојност си го терам денот и правам се' што можам. Знам дека можам, знам дека останувам верна на себеси и тоа нема никогаш да го изгубам, и покрај притисокот, проширеното меше, набрекнатите гради и постојаниот сомнеж дека нема да бидам добар родител. Ништо не е совршено. Си правам потег со рачето како По во Кунг Фу панда и давам од енергијата „чи“. И се смеам зошто има топче прашина под елката. Ме мрзи да ја откитам.
Ти си борец,но според размислувањето сакаш сама да се поразиш,верувај дека еден ден и на тебе коцките ќе ти се спојат. Живеј за тој ден,и главата горе,само храбро.
Дал/дала подарок и после кога те гледа дека си го користиш како што ти чини си зема за право да те советува што и како да го користиш. Простотилук,примитивизам.
Во последното деноноќие рапиден број на самоубиства кај нас. Братучетка ми со другарките упорно алармираат дека како деца се под голем стрес и дека за да го намалат стресот од училиште не е нормално да се молат да се случи природна катастрофа или да ги снајде тешка болест за да не мора да одат и да се соочат со реалноста. Алармираат дека не е нормален стресот со кој се справуваат и дека не е до нив како генерација дека се мрзливи, туку дека е начин на кој што се справуваат со стресот и стануваат хронични прокрастинатори. Децата се во право. Во затвор се оди за пари и финансиски криминали кои се ситниш во однос на нечии милионски суми, а силувачи, убијци и секакви предатори слободно шетаат, само затоа што тој има грб, а некој друг нема. Правдата велат била слепа. Е слепа е, ама не е глува. Очигледно. Утро со уште еден куп популистички мерки кои ни го перат умот. Балкан полн национализам. И се уште мислиме дека ова е светот во кој сакаме да живееме? Заглавени во рептилски мозоци, водени од инстинкт само да се преживее, а не да се живее, и при тоа ако дојде ред да се живее, да бидат само неколкумина за да ги држат останатите во шака.
Колку и да сме навистина по карактер индивидуалци кои се трудат да не зависат од ничие мислење, истото да не ги интересира и да не влијае на нив - сепак мислам дека не постои човек што нема посакано барем еднаш во животот да може да се види преку очите на личност која на некој начин му значи...
И ќе се прашаме зошто сме имале одлив на мозоци рамен на геноцит... И ќе се прашаме како нашите интелектуалци веднаш пуштаак корен во Европа... А сем да гледаме колку плата земаат таму некаде сме го погледнале ли задоволството со кое сретнуваат секојдневно нови лица, со кои дознаваат приказни, со кое без срам зборуваат со непознати за љубов, страст и соништа... сме го погледнале ли мирот кога никој не ги прашал кој им се родители на оглас за работа,, и тоа на високо ценети позиции, нити кој имаат партиски да ги препорача... сме го погледнале ли мирот со кој црпат енергија од тоа евроспко сонце кое навистина сите ги грее подеднакво, а не како кај нас...зависи под кое знаме партиско си... Нека си трепка Македонија со медиокритетите кои се лесни за манипулација, пушти им песна играат, тепај ги плачат ама никогаш, баш никогаш не мислат да се изборат за себе, за својата љубов,за своите соништа ...
На луѓето не само што не може да им се земе од капацитетот што го имаат/немаат, туку и не сакаат да примат за да имаат некои основни културни познавања надвор од домашниот праг. Колку за информација, жолтата линија на подот во институциите не е поставена за декор. Дискреционото право се однесува на секој граѓанин, клиент и треба да се почитува. Наместо да се погледне пред себе и да се разбере значењето, полесно е некој да се припие до претходникот во редот и да му дише во врат небаре побрзо ќе дојде на ред Каде е таа култура? Кој ја изгубил, па некој да ја најде. А и што би правел со неа кога си има своја некултура и се вклопува во толпата. Нема простор за загриженост, освен за струење на туѓиот здив.
Четири колешки секој ден без исклучок зборат за цел останат персонал во фирмата дека нечини, дека никој ништо не работи, дека сите џаболебарат и дека не ја заслужиле платата и работата, дека они биле највредни, најстручни и дека целата работа од сите неработници они ја работеле а зимале најниска плата. Лечење фрустрации, проблеми и незадоволство од дома, патење од висока вредност и преценување. Не, ич не е добро таквото размислување и однесување.
Имам една дума и сеуште немам најдено решение ... Станува збор за следново. Кога отворам да разгледам некоја тема која ја немам видено предходно и сега во неа има 50+ страни напишани и преку 1000 коментари. Првиот коментар е од 2009та а последниот е од 2017. Од каде да почнам со читање ? Како е повеќе исплатливо ? А сепак да не ги читам сите 1000 за да дојдам до поентата. П,С. Ако некој има решение за овој проблем нека ми пише ЛП за да не замараме со реплики. Фала однапред ПозЗ3³ ®
На оние "јаките" зад тастатурата, обично им е врзан јазикот кога треба да се соочат face to face. Е стварно ми се јаки значи! На социјални мрежи растураат, а во живо "а" не знаат да изустат. Оти бе вака?!? Страв ли е, срам ли е ...
Пресмешно ми е кога си одиш по улица и одеднаш а wild човек appears и сега да не се судрите во истата секунда се обидуваш да го заобиколиш од лево и тој трга лево, па пробуваш десно и тој десно и така засекогаш... У такви моменти ми доаѓа филм а што ако заиграме валцер онака рандом, па после да бркаме работа.