Ах, колку само ги обожавам овие денови. Можеби со сестра ми немаме некој си разговор, но не можев да се нарадувам денес.. Станувам од кревет, одам долу, мама и тато заедно прават пица. Кои радости. Пуштено радио, тие двајцата во кујна тивко разговараат, демек ќе разбудат некој ако бидат погласни. Потивки и од муви беа. Седнавме, јадевме... ммм. Прекрасна пица. Потоа, коментиравме со тато за времето низ свет.. Хахах, жими светот. Оно да ти било САД. Ај нема везе. Ама многу ми беа срцкасти со мама. Или до мене е било.. Ама не ќе да е до мене, откако излегоа тие ужас ми беше денот, ама нема везе и тоа. Сестра ми си беше на брдеј, брат ми на улица, па уживав во неделното бањање. Потоа, Профилаж. Ме потресе епизодата, дефинитивно, ама тоа е, СЕРИЈА. Како завршеток на денот, јас даунлоаднав Темпл Ран 2 и си поставив аларм за во 5 наутро. Ќе учела дамата. Епа така ми е кога цел ден си уживкав.
Една недела, па и повеќе ми се собра да ви кажам право, никако не можам да вежбам од глупиве колена. Ме болат, ми крцкаат погласно и појезиво од кога било, а треба да одам спремна, фул, во топ форма, Господе Господеее, каде со овие колена јас ќе стојам по 12 и кусур саата. Си седам и сама си се пцујам, што вика братучетка ми, си правиш бајрам на паметот пред тргање, до операции ли сакаш да стасаш. Налет тоа, него толку ми се изнасобра негативна енергија во мене, што не можам да опишам колку. Си се навикнав да правам нешто, да вртам, да пцујам додека вртам, да скокам, да рипам... Сега наеднаш чмаам, јадам, осеќам дека се дујам како балон, ме мава на психа, се нервирам и повторно во круг. Ни вода не можам да се натерам да пијам колку што треба, одвратна ми станува, не знам зошто. Откако престанав со вежбање, ме дрма една таква намќоретост, абе одам и убивам со поглед, сите ме нервираат и се' ми смета. Никој не сакам да гледам, остај тоа, него не ни можам да ги гледам, немам веќе живци за никој и за никого. Смачено ми е од фолирање, преправање, глумење на види-ме-кој-сум, види-ме-кај-сум, дрн дрн јариња, од толку многу напнатост и нервози и дрскост и безобразност. Па и како сум почната да плескам во фаца и да брецам, ле-ле, бегајте деца е работава. Не можам да ги поднесам веќе автобусите, и гужвите, и таксињата, а баш ми беа една од омилените активности, уште малце и да се мавнам од Скопје... како иде времево за тргање сум нестрплива и чекам да се мавнам од тука. Едноставно, го надраснав, го проживеав, го прекопав, не ме инспирира и не ме привлекува, ме влече нештото надвор, тоа непознатото. Страв ми е како еден ден, ќе треба да се стационирам само на едно место, со еден човек, со едни луѓе, за цел живот. На крај парталите со мене и ќе чекам на аеродром да летнам, е до толку е дојдена работава. И ме гледате за месец дена, мамооооооооо, сакам дома. Како јаготка на шлагот, ми касни ден-два, одамна не се случило тоа, впрочем никогаш, па сум и во фул ек на некој ПМС што трае очигледно предолго месецов, кој ме тера да јадам јагоди и да пијам нес во огромни количини, а добивам и некои фикс идеи за фризури. Тука пак ми викаат не се глупирај, ќе ти треба врзана коса, ама страв ми е дека другарка ми ми спомна нешто она како забегала во тој поглед, и стравувам дека ќе се фатам некој ден како си ја сечам пола коса пред огледало. Не е убаво, кога ќе те фати тоа шишалото, значи се насобрало бааги будалеење во тебе. Ама до крајот на неделава сигурно ќе отидам, да ми се мавне и коса и омбре и се' од список на работи за правење. Да фанам да се опијам, не ми се ни пие, ни па ми се прави каков и да е напор да организирам и да договорам нешто такво. Да фанам да се изнајадам, и да сакам, не можам повеќе. Да фанам да пцујам, пцујам секој ден, по сите и по секого.Да фанам да учам, ќе треба да ја запалам куќава од нервоза. Да си фанам дечко, па Боже ме сачувај, сама себе не можам да се поднесам, тек па друг да трпам во моментов, ми е психички, а богами и физички, неизводливо. И што да правиш во вакви денови? Па, освен да се избањаш, нашлакаш со триста чуда, да си ја чешлаш омбрестата коса и да се затвориш дома со чинија јагоди и еден мини-маратон на Хари Потер, како за пред тргање, мислам дека друго и не ми преостанува.
И јас цел ден се осеќам убаво . Ваква не сум била од лани кога однесовме алишта во домот за деца без родители. Осеќам некое олеснување, некаква исполнетост, како да ми паднал камен од срцево. Поклонивме околу 12 пара обувки од кои 6 пара беа за деца - влечки, сандалки и патичиња за мали дечиња, еден куп бенкички, пижамчиња, чорапчиња, хеланчиња, маички... јас едниот капут го дадов, две блузи... од другиве дома неколку пара панталони, маици, блузи, кошули, едно ново бебешко јорганче што го немаме користено за малава дома... Кеси, кеси еден куп и плус еден голем пакет наполнивме. Сите се покажавме колку сме хумани. Браво
Во септември ќе имам прваче од блиска фамилија. Не знаете колку возбудено се осеќам јас уште од сега,а цело лето е пред нас. Прееска разговарав со неа и ме прашуваше што и како е на школо и дали ќе и направам плетенки за прв школски ден. Срце убаво. Ме потсети на времето кога јас требаше да тргнам на школо. Затоа што бев опкружена од еден куп поголеми деца,што веќе одеа на школо,јас секоја година сакав да дојде времето кога и јас ќе одам на школо. Така со текот на времето омилени ми станаа првите денови од септември и тоа оној период кога кажуваат кои книги треба да се купат и каков прибор. Мислам бев спремна од се` да се откажам,ама од секогаш ми било важно да имам квалитетни тетратки и моливи/пенкала. До ден денес така имам омилени пенкала,точно знам какви треба да ми се тетратките за да ми се допаднат и какви треба да бидат острилките. Не во смисла на изглед или цена,туку махер сум да ги познаам кои се квалитетни. Не познавам друго дете што би одбрало купување на убави тетратки преку купување на чоколади или облека/играчки. Тоа ми е останато до ден денес. И се надевам малово ќе ме викне да бираме заедно моливчиња и гумички,дада нема поима од плетенки правење.
Рачунај дека сум ти напишал нешто по кое ми го избришале мислењето, ме банирале од форумот и ме депортирале на друг континент. Се надевам дека оној шо ти намигнал, бил внук на некој хорор експеримент на Џек Мевосек и Мерлин Менсон и ќе ти дојде вечер како Дедо Мраз за да ти ја исполни желбата што ја дрвиш по други теми кои завршуваат на „биство“. Нааааа темата... Сакам да кажам... апел до Тони Манџа да ја додаде Биле на списокот за подарок. Оние што не знаат кој е Тони Манџа, имам само да кажам, Тони Манџа не е Дедо Мраз.
Оди оди, обавезно да одиш на гости, па ќе читаме после во весницине, силувана малолетничка или девојка исецкана на парчиња и фрлена во канал! Па така де, треба и некој мањак да се усреќи не само да си патат од невозвратени намигнувања!
1. на форумов врие од пациенти.. (en el nombre del Padre, del Hijo y del Espiritu Santo) 2. Ajдееее.. ти драга од што си сакала да кажеш нешто си се изгубила во преводот. Прво, кај бараш хуманост и донации пред да има потреба? Да не требаше да им праќаме пакети од црвен крст из чиста мира? И ДА, сега ќе се докажуваме. Кога ако не сега? Што е до мене не дај боже да има потреба да се биде хуман, камо среќа се да е под конец, ама ете, ситуацијата е таква и многу нормално дека секој Човек ќе се јави кога ќе ѕвони алармот. Второ, они се криви? Природни катастрофи се резултат на природни процеси на Земјата и не се дело на еколошката (не)свесност, така што: не, не се криви. 3. (Father, forgive them for they do not know what they are doing..)
Тогаш кoj e крив што немаат современа инфраструктура и систем за заштита; кој е крив што навреме не го евакуирале населението во 21 век кога временската прогноза се знае со денови однапред; кој е крив што земјоделците ги трупале одводните канали со ѓубре како да немале каде да го фрлaат на друго место? Греота за луѓето, никому да не му се случи вакво нешто... не сме ни ние тука подобри ни подобро ќе се справевме но малку да бидеме реални.... и да не беше Србија во прашање тешко дека толку хумани ќе беа сите кај нас туку така е тоа овде...
Колку е овој народ лесен за манипулација едно чудо. Се лажеме како мали деца. Ми фатија око сликите на Карлеуша во врска со поплавите па и прочепкав малку на профил. Пред 3 дена селфи слики во авион, најави за настапи, па коментари подолу -краво една, народот ти пати и умира ти се сликаш и уживаш, и слични на овој. После 2 дена Јелена се слика со кутии намирници и веднаш е прогласена за херој. Жена лавица, големо срце, огромен хуманитарец, сама кревала кутии замисли и растоварала. Пофалби, солзи на очи. Ама така и за себе сме изгледа, две три парчиња стара облека и некоја конзерва дадени еднаш или двапати во животот, ни се доволни да си ставиме ореол над глава и да се прогласиме за светци.
СДК ама ми е безвеза периодот се надевам дека ќе помине поскоро. И сдк многу бев изненадена од вчерашната акција на плоштад, колку народ дојде таму, колку луѓе донираа значи браво за сите. Искрено не го очекував ова од народот наш кој што стално се жали колку е напатен, сега конечно се виде дека сме и силни дека и ние можеме да придонесеме за некого.
Имам многу работи кој сакам да ги кажам: -Животните не треба да бидат измачувани, доколку сакаме ние тие на нас на ни враќаат со убаво!!! :geek: -Треба да се почисуваат и атеистите, исто така и тие треба да ги почитуваат оние кој веруваат со бога!!! -Да не злоуторебуваме разни ситуации во кој луѓето се во опасност!!! -Машките не се секогаш во право...Има и стортски девојчиња т.е. тие што сакаат спорт и тренираат! И девојчињата можат да играат кошарка или фудбал сеедно...Но тоа за жал машките не го сваќаат!!! Имам уште многу други работи што сакам да кажам, но моето мислење нема ништо да смени, за жал!
Убав ми беше викендов и тоа премногу. Абе се е поубаво кога си со луѓе кои ги сакаш и со кои секоја помината секунда вреди. Туку сабајлево сакав за друго да пишам. Вчерашната акција на плоштад беше најпрекрасното нешто шо го имам видено досега. Ептен ме исполни и усреќи тоа што премногу луѓе дојдоа да ја пружат својата помош. Јас како бивш волонтер во Црвен Крст многу го ценам тоа. Народот покажа дека е хуман и дека знае да пружи помош кога е најпотребно. Вакви природни катастрофи најмногу ме погодуваат мене. Најмногу. Ние тука можеме се да кажуваме, вака било, така било, ама само тие знаат како им е. Јас знам како е кога преку ноќ ќе изгубиш се што си поседувал и кога ќе останеш скоро без ништо, па затоа уште повеќе го ценам тоа што нашиот народ прави се што може за да помогни.
Нешто што ме вади од чевли... Па ми иде со истиот тој чевел да му ја расцепам тиквата недозреана. Инаку по природа сум така мирна и не се мешам во туѓите животи. Но кога ти го сервираат... Добар час ми кука, ме носи преку брда и долини... Не и стигале пари Од кај сакаш да ти стигнат, од Франкфурт? Значи, таа по две пакла цигари дневно као предозирана наркоманка... да прсметаш која е тоа пара. Мажот исто така, за кладилница и за по пет пива дневно ако не и повеќе им стигаат. Па, не можела без цигара, па секој маж игра, па навикнат е да стега. Што ми онда жено божја кукаш. И јас сакам да сум во Париз сега.... така е зборот де, еве дремам на фемина Да го испијам кафево и бркам работа. Кокошката се налути што и кажав да си ги пушти нозете колку и е чергата. Дури и мм се изненади од мојата реакција Бегај Миро лошо ти се пише Ма носите се и ти и Мира до ѓавола. Ја згрешив темата не ја згешив, поучна е. Кукавица.
А чеекај малце, кој е крив ова што се случува? Ние сами сме криви! И искрено многу негативна енергија во последно време носиш на форумов, барем така јас имам забележено!
Луѓеее среќнаа сум ,убаво ми е, радости каде и да се свртам ... Исполнетост,задоволство,љубов,насмевки,бакнежи,гушкање,добра музика ТОЈ до мене ... аххх посовршено неможе да биде Да денеска е денот , денеска ми е роденден Еве ќе ве почастам со денешна химна http://www.youtube.com/watch?v=XxaR7Ybpmpg A има и тортаа Повелетее
Нема ништо послатко (и поје*озовно ) на светов од сонлив и збунет машки глас. Во истиот момент додека го слушам, ми доаѓа слика на мала панда која се тегави, сонливо си ги трие окцата и од петни жили се обидува да се разбуди. Нејсе, денов ми е чуден ко за мутав понеделник - пријатен како средно турско со малку млеко на кое вкусот му го чувствуваш само додека ти лизга низ грло, но сепак потоа не добиваш некој наплив на горчлив вкус, туку едноставно, убаво ти е. Многу работи имам на ум; во мисла ми е една лелеава сукња со цветови, некаков си (очигледно замислен или измислен) виолетов кармин, па доаѓа на ред таа „трчи, трчи, сопни се и оп - колоквиум“, ама глумам дека не ја приметувам иако веќе почна да вришти и да треска по прозорите на умов мој. Не ми се црта, не ми се учи, не ми се прави ништо, а не можам, едноставно не знам да бидам таква и во овие моменти им завидувам на луѓето со широка душа кои не си ги ставаат обврските толку многу при срце и буквално си се ладат. Ама сепак, потајно сум убедена дека и покрај ужасното посакување на ова горе, никогаш не би сакала да бидам таква индиферентна зашто убаво ми е вака, инаку во спротивно не би била тоа јас ЈАС. ... бројам денови до нашето роденденско летување на планина и официјалното пуштање на мозокот на пасење низ падините. Мајка ми ми рече дека сум билa среќница штом сум си нашла посилна половина со сличен роденденски тајминг. Абе ... што знае мајка ми.
Сакам да си го облечам белото фустанче, да си ја пуштам косата, и да отидам со него, било каде, на овој сончев мајски ден, да се шетаме, да играме, да се глупираме...Неговиот глас, сините очи, мирисот, за да ми го одземе здивот уште еднаш. I keep dreaming, don't ever go. www.youtube.com/watch?v=xGp9RXFA6KI