Чиста вистина зборувам без претерувања. Кога ќе имаш време чекаме еден пост да ни напишеш за животниот стил и како се тоа постигнуваш фантастично да изгледаш. Имаш потенцијал да бидеш ИНФЛУЕНСЕРКА повеќе него ли од овие квази усилени кокошки кои ги гледаме по инстаграм. Иако знам дека човек ко тебе тоа не сака, само споредба правам што е уствари инфлуенсер во права смисла. Ју гоу грл!
Ти доаѓа дома на гости и без да те праша си вади цигари да пуши. А од општа култура да прашаш прво дали се пуши дома? Иако ти е незгодно (ќе излезе како да го бркаш човекот) му викаш дека во дневна не пушиме цигари, и му кажуваш да излезе на тераса, а тој ти вика: - Хехе го почитувате законот за во затворен простор? Ај и така ја запалив цигарата тука да ја испушам, па за следната ќе излезам надвор. Не, не го почитувам законот туку имам астма и ме гушат цигарите...Не можам да дишам, ама кој не осетил на своја кожа како ќе те разбере. Кога сум излезена на свој ризик одам и пазам каде се пуши, ама и дома ли да не можам на раат да седам заради отровот што излегува од цигарите? Би му рекла вака: Ама ќе излезам лоша ако почнам да бркам гости, па фино лепо јас си станав да одам на воздух, додека тој во мојот дом пуши. Логика.
Родители, со кој мозок се сликате селфи во болница со бебе/дете со инфузија на рака? Лајкови собирате?
Од кога обични кладионичари се величат и се зборува за нив по вести за нивните животни ,,достигнувања"?
Кога трчаш во последните минути пред да затвори аптеката не знаејќи што точно бараш, и кога на фармацевтот само му прошепотиш:„ама за човек на хемо ми е лекот...“ знае ли тој колку страв, немоќ, љубов, болка и беспомошност има во тој тивок шепот, во тоа објаснување...
Кај било за мене нешто ново. Абе ново електрично ѓезве, а јас млеко најдов да топлам, а убаво си помислив немој, ама идиотот во себе ми вели ''за што даваше пари, за пак на рингла да седиш?!'' . И ене го загоре па ела ичисти го да те видам, бар работи, ајј до толку да не ми е криво ). Офф мори Мартино, денес најдее да се послушаш себе си??? ...... Шта речи.
Моментот кога по грешка ќе ти кажат колегите нешто што било наменето за оговарање на твојот лик и твоето дело. Не се изнервирав, дури и се насмеав и се заблагодарив.
Љубовта значи меѓусебно почитување и разбирање. Не дозволувајте другата половина да се почувствува занемарено. Ниеден парфем или предмет не може да ја замени потребата од внимание.
Човекот е како свеќа која постојано гори. Секоја бура носи ветрови кои само за миг можат да го изгасат пламенот во нас, предизвикот е никогаш да не го дозволиме тоа без разлика колку е моќна таа бура. Секој нов ден е нов почеток, нова шанса, нова борба, нов предизвик.
Се повеќе се разочарувам од „блиски“ луѓе... Немам веќе коментар... Тие важно сакаат да дознаат сѐ за тебе и тоа што ќе го дознаат за тебе да го раскажат на сите, а од нив ништо не можеш да дознаеш за нив или за некој друг нивни близок. А важно тие нивни блиски ќе дознаат сѐ за тебе. И кога ќе дознаеш некои работи на друг начин, не може а да не се разочараш, поради тоа што некои работи кога е во прашање некој друг ги скриле и премолчиле, иако ги знаеле. А кога си ти во прашање, не им е ни малку гајле и сѐ што ќе дознаат ќе го пренесат на сите. Од сега на таквите ни збор нема да им кажам за мене, па уште и нека им текне да ме прашаат нешто, таквите си заслужуваат да им го исечам јазикот.
Сакам да кажам дека сношти бев на една изложба, каде што прилепските уметници ги претставија своите дела. Еве неколку од нив. Воодушевена сум од целиот настан.
Сакам да кажам дека сум премногу восхитена од новелите на Џејн Остин, која се досега ја избегнував колку што можам. Колку сум била во заблуда! Поздрав Феминки
Spoiler Кога трчаш во последните минути пред да затвори аптеката не знаејќи што точно бараш, и кога на фармацевтот само му прошепотиш:„ама за човек на хемо ми е лекот...“ знае ли тој колку страв, немоќ, љубов, болка и беспомошност има во тој тивок шепот, во тоа објаснување... Mnogu ne ima...sto sme gorele ,gorime...sto sme kradele na Bog den po den,casovi,minuti... Na kraj ,koga se ke zavrsi,ne veruvas vo silata i hrabrosta sto si ja imal celo vreme...a nadezta posledna umira...ama sepak i ona umira @kolumnistot