Како либерал во душа и човек кој почитува сечиј избор и начин на живеење, во времето на ВМРО-то се ужаснував од наметнувањето волја и рекламите за среќни семејства ама само на слика, позади насилството и изневерувањето Но гледајќи некоја си порака на Антонио Милошоски, која ја дава со своето бебе во прегратка почуствував потреба тука да му аплаудирам. Наспроти сите овие умислени швалери кои ги среќаваме секој ден, на кои швалерката им е крива за се, а кои молчат како пи.ки пред жените и така од една на друга па на трета, тој пресече дури и со функцијата на министер... И сега ќ стои со тоа бебе во рака за кое знае дека е производ на љубов која знаел дека не минува лесно... Штета што малку има како него, а повеќе се преплашени женкари кои си лечат комплекси и кои никогаш нема да и покажат љубов на некоја, а уште помалку дека се среќни што ја имаат и што го избрала баш него ....
По постот на @Shery сите машки членови кои никогаш не сме пишувале вулгарни,прости,сељачки пораки на членки на форумов сме ставени во исти кош со членот @veren и други слични членови што замараат членки. @Lella додека се замараш јас што сум напишал гледај други што пишуваат. И еве ти уште еден доказ за мојот пост кој не ти беше јасен. Се пожалило некое машко дека го вознемирува женски член на фемина? Не се пожалило. Епа до таму сте загрозени вие девојките,од такви хулигани како во мојот пост,и вакви манијаци на форумов. Но ти ќе реагираш кога ќе осетиш на твоја кожа,и многу како тебе. Ајт со здравје.
Разбирам човек да премолчи било што, да премолчи чувства, да премолчи љубов, да премолчи сомнеж, страв, дури и неправда понекогаш... Но да молчи пред насилство, е тоа не можам да разберам...
А ја кога ја видов сликата баш си помислив дека сликата со бебето е скроз искалкулиран потег и си викам, добро бе, зар за луѓево нема ништо свето, како не му е срам да го искористува, да не речам злоупотребува, сопственото дете за политичка пропаганда? Ама океј, очигледно сликава ги предизвикала и саканите реакции кај некои. П.С. Не сфатив само како слика со сопственото дете те прави да не бидеш швалер? Од слика со дете до заклучок дека истото е плод на неизмерна љубов кон сопругата, љубов која се' уште трае и љубов која никогаш не била изневерена - тоа ми е троа поголем leap of faith.
Насмевката не значи дека си секогаш среќен, туку дека си доволно јак да се насмееш и кога ти е тешко.
Кога веќе сме на муабет родители и деца, да не останам покусо. Да можев нешто да сменам во општеството тоа би било очекувањето да имаш дете. Кога не би се очекувало од сите врвот на достигнувањата во животот да им биде имањето дете, кога тоа би било избор на оние кои навистина сакаат и кои можат да се справат со тоа, би имало многу помалку деца, но она што е поважно, би немало истрауматизирани деца. Не е способен секој да биде родител. In fact, многу ретки се навистина добрите родители. Не е само менување пелени и купување облека. За да одгледаш една личност прво ти треба да бидеш емоционално стабилен, секако да не се однесуваш како факинг дете и да имаш продлабочени педагошки познавања. Таква општествена улога треба да имаат само компетентните, а не буквално секој. Треба да биде комплексна работа, а не абе ајде баба ми седум деца имала, па што им фали.
Демократија секој има право на сопствен избор. Кога сите би оделе со кецелите од некои други времиња како би се воочила индивидуалноста иако независно од изгледот секој има своја sвезда да го осветлува и води по својот животен пат. Сите сме зрнце космичка прав во овој огромен Космос,секој свој свет. Никој никому нема право да суди и наредува. Се е сопствен и личен избор. Се е вечна промена. Panta Rhei.
А на тема родители и деца, многу ги сакам моите. Толку се supportive за се што правам денес, иако додека растев беа најстрогите родители од тие на сите деца што ги знаев. Татко ми денес ми направил ручек. Доаѓам од работа и на маса ме чека домашна пица.
Отворив во тема анализа на членови од форумот....и после некој ќе рече како туѓото мислење не не засега...