Според мене најдобро решение ќе биде да се викаме Идиократија. И онака веќе кога ќе се менува барем да се погоди суштината на власта во Македонија.
Немој да го правиш на другите, она што не сакаш да ти го направат и тебе.Прави го на другите она што тебе сакаш да ти го прават.
Не констатирав, прашав, оти ја читам оваа реченица често деновиве со продолжение од еден куп погрешни заклучоци и навреди упатени на тотално погрешно место, па ме занима дали истото го мислеше или само желба за селење е.
Дали сериозно како девојче го прашуваш ова?Машкото е посилно од женското, убаво би ти било да те опердаши некој?Колку делиш правда по форумов и се правиш паметна просто не ми се верува дека од тебе ова го прочитав.Женско дури и да заслужило не треба да е удрено, па ни машко.Говедата ги тепаат ако не разбираат а ние сме двоножни суштества.
@Bridget пардон, недоразбирање Иако не сум многу активна на социјалниве мрежи, знам на што мислиш и не, не сум по тој спорт. Ниту иселениците ми се проблем, ниту решение за проблемите па да навлегувам во конфликти и навреди.
Кога веќе постои удирање, и пред тоа сме еднакви. Нема зошто да е полошо да маниш женскo, наспроти машко и обратно да е полошо да маниш машко наспроти женско. А идеално е никој да не биди удрен. Ама пак, кога е се идеално? @Feminka22 Сакам да кажам, скоро се ми здосади, дали е до времето или прегорев па ми требаат неколку дена да се вратам во форма. Секој ден си правам многу работи сама, во друштво, а сега некако како без волја, дур правам нешто, што во глобала го сакам, почна да ми е мачно, да ми смета, да сакам одмор, и сакам побрзо да заврши. А пак, кога „одмарам“, пукам од досада. Многу ретко прегорувам вака, чувството е навистина многу, многу чудно.
Сакав да плачам,а солза не ми истече...очигледно сум пресушила после толку плачење сакав да се дерам на цел глас,а глас не испуштив... Ама,што убаво ми дојде да стојам на дожд,сама,околу мене ни човек ни животно,само јас,дрвјата и небото...стоев неколку минути гледајќи се нагоре во небото,и почувствував олеснување големо,фала ти Господе!
Не ги разбирам оние родители кои ги тераат своите деца да им купуваат на наставниците, па и професорите ѓердани, ташни и разни тракатанци за 8-ми Март. Тоа може да биде многу погрешно протолкувано од страна на наставникот/професорот без разлика што е празник, плус според закон, вредноста на одреден подарок не смее да изнесува повеќе од 1000 денари, во спротивно се смета за поткупување. Според мене материјалното никогаш нема да биде на исто ниво со она што е направено од срце и во кое е вложено труд. Ама тоа е, за жал Македончето не го занима за закони.
Денес, на тема месечни трошкови, една пријателка ми спомнува, па еве и 500 евра за операција на маж ми, (операција на окото се правеше човекот)..и викам како бе 500 па нели е многу, на приватно ли беше? Не бе..ми вели..во државна ама докторката мито ни бараше.. И ајде мењаме тема, ми вели ја фатил некој закон за исполнет стаж и ќе зимала месечно 7 илјадарки и од ќејф што се средила работата однела да почасти таму виски, чококада, кафе.. значи никој не и направил услуга, неа тоа ја следува со закон ама ете она си се осеќа како ,,должна,, на тие што и средувале документи. Па се мислам денес, државата е таа што не ни чини или ние луѓето во неа сме тие што ја прават таква?
Сакам да кажам дека ме нервира зборот „прокрастинација“. Односно, немам ништо против самиот збор - не е некоја новотарија, измислена за да опише нова, бесцелна активност (како „селфи“ , или „вејпинг“ на пример) - латински е и постои побајаги одамна. Она што ме нервира се лингвистички трендови, кога некој збор се форсира, се мрцвари и се силува безмилосно - иако за истиот постојат многу други синоними кои можат да ја опишат истата ствар. Безделничам, џаболебарам, дремам, чмаам, тепам време, ебавам сојки... Зашто мора да биде „прокрастинирам“? Ја би рекол - „Прокрастинирам“ велат луѓе кои сакаат да звучат паметно додека не прават ништо паметно. П.С. Google Trends покажува дека иако зборов е на „all time high“ во историјата на постоењето на Гугл, у моментов, бројот на пребарувања бележи опаѓање.
Ебавам сојки ми е... нај тамански. Од типичните за фамилијата. Нештата кои максимално се трудиш да не ти излетаат секаде и пред секој
Оф, ич не сакав да коментирам на темата дијаспора ама ми тежи и ми боде очи она со ВАШИОТ воздух, ВАШИТЕ плати, ВАШЕТО школство, ВАШЕТО здравство и НАШЕТО ИМЕ!
СДК ги обожавам рекламите за попусти за 8ми март. Целосно ја одразуваат поентата за денот на жените. Јеп. Фантастични сте. Sigh...
Бендер, ко прво сите зумбули си ги купил од Меркур и за мене немаше ни еден. Сега сме во лоши форумски односи. Ко второ, спореди ги значењата на такозвано procrastination и безделничење, мене ми се различни. Едново ми е избегнување на некоја задача, одолговлекување (со акцент на задачата). А да безделничиш можеш и без да имаш задача што треба да ја извршиш. Не знам баш дали објаснив убаво. Сакам да кажам, друг збор треба за да биде еднакво значењето со procrastinating. п.с. Ако знае некој од кај да купам зумбули нека ми пише лп.