Сдк дека кога има сонце, одма денот е поубав. Познавајќи се себеси дека мразам снег, чудно не ми сметаше снегот минатата недела, веројатно дека кратко траеше. Исто и за дождот, ме нервираше кога врне, знаејќи дека ќе бидам жива бода кога ќе се вратам. Дали тоа ние самите се менуваме со текот на времето, па така и работите кои ги сакаме или не? П.С сеуште сакам 360 дена сонце, не се секирајте
Ќе дојде и тој ден кога сонцево ќе грее со најјаки зраци и за нас . Битно имаме се што сакавме , се имаме еден со друг. Се друго ќе дојде. И тогаш уште повеќе ќе се радуваме на сонцето. .
СДК дека пред некого да примат на работа треба да го пратат да си извади лекарско, чисто да се види дали е психички здрав, нормален и дали знае да комуницира нормално со луѓето. А не и со странки на телефон а и со колеги да комуницира како со стока, да се дере како нецивилизирано суштество и да рика како да е на планина.
Сите знаат дека не е пристојно на некого да велат Ама си дебел/а, но затоа без око да им трепне кажуваат Што си се исушил/а толку, како анорексичен/на си, костур и што уште не. Осет да се немало... Никој не сака да слуша невкусни коментари за својот изглед, а директните напади подеднакво лоши се за секого.
Утре нa сите феминки oд фoрумoт дa ни пoдaриш пo еднa ружa вo спрoтивнo следи бaн Немoј пoсле дa речеш не сум знaел
Што се однесува до нашава ни Фемина, осмомартовска желба ми е утре @Yipman2 да нѐ изненади, да се сети на форумов и традиционално да нѐ почести со неговите честитки во ЛП. Фалиш бе друже!
Светот е полн со емотивни инвалиди... Едните од раст и развој во кој не спознале поим: безусловна љубов, другите од искуствен страв и познавање на сопствената немоќ да возвратат емоции...
Со самото учење на јазикот на било кој народ ти ја отвораш портата позади која ќе ги видиш сите богатства на тој народ и ќе станеш исто така дел од тој народ чиј јазик ти го изучуваш..
Утре во градинка внук ми има приредба,ќе кажува песничка и за мајката,и мене ми вели ти нема да идиш,учителката кажа приредбата е само за мајки и баби. Ок немајка сум знам,ионака не го есапам ич празников,ама се осетив малку дискриминирано
Зоки многу тешка рака имам, тие што сум ги удрила си знаат како си поминале Ќе прескокнам заушка за твое добро. За возврат ќе ти купам една лептир машна