Се молат тие на кои им е тешко да ѝ дадат на продавачката (или да му дадат на продавачот) пари во раце да не се однесуваат како луѓе кои го поминале цел живот во пештера и изолација од останатиот свет туку да разберат конечно дека и тие се луѓе и дека фрлањето пари на полицата каде се ставаат продуктите е исто како да ги третираш овие луѓе како кучиња кои чекаат коски. Навредливо е. Ова важи исто така и за несовесните продавачи и продавачки кои наместо да дадат во рака пари ги фрлаат. Фатиме Фетаи вели дека жените биле жртви на предрасуди и сл. и ден денес, а тоа го заклучила кога била во некоја дискотетка. Добро утро. Кога ќе побара работа преку оглас и кога ќе ѝ се јават секакви манијаци тогаш што, ќе препорача на државата да субвенционира егзорцисти?!
Кога сакаш да викнеш лифт, стискаш дугме во правецот во којшто сакаш да одиш. Значи, ако сакаш да одиш надоле, стискаш на стрелката што го покажува тој правец и обратно. А не, госпоѓата од 4-ти треба да оди надоле, ама ги стиска двете стрелки и мене од втори ме качува нагоре, а сум стиснала надоле да одам. И уште се смее, не и се чекало. Толкаво упатство е залепено во лифтот, ама џабе, не е за секого.
Да се надоврзам на колумнистката. Нас ни требаат мажи што на интервју нема да те рапрашуваат дали си во врска или брак и кои се твоите планови за семејството? Нас ни требаат мажи кои подеднаков ќе го вреднуваат и плаќаат трудот на жената како и на мажот работник. Нас ни требаат мажи кои нема да не мотивираат да се прават акции сега кажувам. Нас ни треба реална еднаквост а не еднаквост на парче хартија и само спомната на 8ми 3ти секоја год.
Сакам да кажам дека првпат во осум годишно работно искуство почувствував дека некој навистина ја цени мојата стручност,залагање и посветеност!
Не значи дека човек ако е богат треба други да му ја вршат работата. Или пак било срамота,сам некои работи да ги извршува на толкава пара. На овие луѓе им се восхитувам,затоа што овие луѓе и да паднат на дното секогаш ќе се снајдат. Со еден збор тие се "Вредни,,
Колку сме слични со маж ми левел седиме и мислиме што би пиело кучето ако било човек седнат у кафиќ..
Лани запознав една жена, која сосема случајно, несвесно, ми стана инспирација во животот. И не, не затоа што е неверојатно успешна на професионален план. Не затоа што изгледа прекрасно физички и не затоа што има пари. Не е ни заради нејзиното беспрекорно однесување, добра дикција и одлични социјални способности. А ги има сите овие работи. Секој би ја забележал во толпата. Туку, еден ден бев тажна. Многу. Можеби и гневна на светот. Имав насобрано многу работи. Се знаевме можеби два месеци, можеби и помалку и требаше да се видиме заради нешто сосема неповрзано со мене. И забележа дека не сум добро. Ме ислуша. Ми даде совет. Не се плашеше да ми открие работи за себе и да зборува од лично искуство. А не ме ни познаваше. Ми рече дека ја потсеќам на неа кога била колку мене. Со неа можев да зборувам, и вистински да ме ислуша. И од тој ден, па до денес, ако дознае дека имам проблем, веднаш пробува да го реши. Не ветува работи, туку буквално презема акција во истиот момент. Не сум запознала попрекрасен човек. Имам неколку пријатели, вредат цело богатство. Не се многу ама ете, се прашувам со што сум ги заслужила.
Не значи дека си во право ако го имаш последниот збор во муабет или дискусија. Понекогаш може и едноставно да не заслужуваш понатамошно објаснување и одговор...
A tulip doesn’t strive to impress anyone. It doesn’t struggle to be different than a rose. It doesn’t have to. It is different.
Сакам да кажам дека ако кажам крај и крај ќе биде, ќе простам еден пат, ќе простам два пати ќе простам и три пати а може и десет пати ќе простам ама кога ќе ми пукне филмот, богами и пукнат ќе биде. .................. Не знам за што зборевме и ми вика колешката а сакаш ли да те молам,ја и викам ааа не ја некам кога некој ме моле, оти тој што ме е молил зажалил е, и една друга колешка се доврза, па ти многу лоша си ма била, е лоша сум лоша.
Дефинитивно се восхитувам на странците, нивниот менталитет и култура, а особено онаа необична убавина која ја поседуваат повеќето. Просто те пленат кога ќе поминат покрај тебе.
Моментот кога сите едвај дочекаа да огрее сонце за да ги наполнат кафичите... Да излезат во парк, да уживаат со друштвото. А јас денов сакам да си го поминам во друштво сама на себе. И не се плашам од самотијата ниту пак се чувствувам како да пропуштам нешто. Доволна ми е терасата што ја грее сонце цел ден, голема чаша силно и благо кафе, листови хартија и пенкало. Сакам да пишувам, а денеска имам инспирација. Не се плашам од самотијата, се плашам само од осаменоста. А денеска во друштво сама на себе не се чувствувам ни најмалку осамено. Доаѓаат подобри денови.
Преувеличувањето на личните потреби и преценувањето на туѓите можности.се основната причина за разочарување и обвинување на другите. Секој би бил посреќен кога од другиот би побарал онолку колку што може да даде, што би рекол Малиот принц. Ништо не значи мора, освен треба. Треба да бидеме среќни, но не мора по секоја цена.
Незнам каква е потребата да бебето не дојдено дома мајката чупнала 20 слики на инстаграм, па уште не измиено бело со крв. Социјалните мрежи земаа голем замав.