што и да се случило ниту детето треба така да вика по таткото ниту таткото така да вика по своето дете.
И најтмурниот ден сега не може да го засени сонцето во мене И најсилното кафе не може да се мери со еланот и енергијата што ги чувствувам. И најголемото материјално богатство не е рамно на ова највредно чувство. Имајте прекрасен понеделник
Не, не го оправдувам детето зашто не знам што се случило, ама пак којзнае што се случило за да детето биде толку изнервирано. Можеби е разгаленост, можеби има перфектно добра причина за која родителот не заслужува почит. Можеби преовеличувам ама ете криво ми падна кога прочитав дека некој пишува како се изразило непознато дете во едната секунда во кое го виделе.
Нема што да ти е криво, тоа дете се испонашало невоспитано без разлика тој збор каде е научен. За татко не треба така да се вика ни за дете не треба. Друго е за комшијата да речеш друго е за свое сопствено..
До кога веќе национализам,мислев дека конечно дојде време да се мрдне малку од нулта точка ама сум се излажал...
Невоспитано и просто е тоа да го кажеш за било која личност. Татко му не го знаеш, а ни јас, за да збориме колку двајцата си се "свои". Тоа ми беше поентата.
Сакам да кажам, бев толку немотивирана викендов шо сега не можам да си простам дека два дена ги потрошив без учење, непродуктивно. Кој знаел дека црно кафе, без млеко ќе ме раскока и материјалот ќе ми оди како подмачкан. Јас 1:0 Времето Ништо не ми мојш са. Желудник седи мирен да не ми зафркниш плано против времето.
Денес врни бидејќи небото плачи дека Симона учи за колоквиум и жал му паѓа шо вака умствено се мачам,па затоа преку облаците ја искажува својата тага исфрлајќи капки вода што е општо познато како појава наречена дожд. Ете така
Денов е само за чистење плакар. Ментална хигиена, башка. И речено - сторено. По предавањата денес, си купив бадем нелупен (ме спопаѓаат киселини, мамицата нивна), тон крекери со семиња, кисела вода, чај од нане, маслинки и сите нешта кои помагаат демек за да си го смириш пожарот во грло. На час имав само две дечиња. Срцки. Ми кажуваа како правеле супа. Не знаат точно кој зеленчук што е. Ама се храбри сонца. Со една од мајките договорив да дојдат на готвење во петок. Ќе им годи друштво. Но, да се вратиме на чистењето плакар. Две полни големи ќеси ќе отпатуваат до некој што му требаат. Маички, џемперчиња меѓу M и L што надежно ме собирале и сум ги чувала и пред бременоста, знам дека НИКОГАШ нема да ги облечам. И стојат така, ко грдо фенг шуи. Давај бре тоа! А врвот на женско лудило: чистиш и преуредуваш низ алиштата, здогледуваш морскосин фустан што не те собира нит ќе те собере, го ставаш во ходник кај фиоката за крпи за бришење и те фаќа чемер и тага. Откини се бре од себеси старата, си викам! И си ги собрав, спакував и сега дишам полесно. Отворив ширум прозорци и слушам како си капе дожд. Тотално замислена клише трудница што прередува плакари. И уживам во сопствената прикаска, во сопствената соба, со мев што се шири како ластик на кој си игравме како девојчиња. Го чекам да дојде од работа и да го гушнам.
Кога излегоа прв пат балетанките, ги исмевав дека се како опинци, а сега сите ги носиме. Што ако после неколку години...што ако сите носиме од оние проѕирни чевли?
Дека не го послушал него и купил нешто половно. Можеби самар купил,за да го јава,ама дека половен Негова работа како го вика но не е убаво Коњ или погрдни зборови да користиш за своите родители,но и за било кој човек. Еее баш тоа беше наменет мојот пост. Стави ми една 5ка на рака
Знаеш ли што посакувам... Посакувам секој ден да ми е поразличен ама исто секој ден да ми е убав. Сакам да водам разговор доцна навечер додека не се успијам, и ти да ме покријаш... Затоа што јас сум таква, сакам да спијам, ама ако си доволно интересен ќе издржам, ќе си ставам чепкалки кај очите како што правеа во том и џери и така ќе издржам плус, плус 5 мин, хаха И ми недостасуваат другарки, онакви со кои можеш во секое време се да му кажеш...
Да работевте на себе толку колку што губите време и се трудите да го докажете вашиот "надпросечен" IQ по социјални мрежи, досега ќе беше нешто од вас. За сега сте само обични исфрустрирани мрчатори.
Сакам да кажам дека сега од еден градоначалник слушнав дека постои политичка вероисповед. Зими земјо голтни ме.
Велат не очекувај ништо од никого и така нема да се разочараш. Ама,во пракса не мислам дека е можно да не очекуваш ништо од никого,и на крај на краиштата,без разлика дали и колку си очекувал нешто,неизбежно е разочарувањето. Така си оди тоа,некогаш ќе разочараш а некогаш ќе те разочараат,само се би било многу подобро кога сите би можеле да разберат дека и тие грешат,повредуваат и разочаруваат...
Направив колач, како за прв пат убаво ми испадна. Рано насабајле ќе и однесам на една стара комшика. Ќе видам како ќе изреагира додека си го пие кафето во двор
Моментот кога и речеш на најдобрата другарка: „Толку ли сум безвредна во твоите очи, па ми посакуваш да бидам со некој кој ме третирал како последа?“ ооооо колку менува се, колку те освестува за својата вредност, за своите соништа, за грешките и за работите кои веќе никогаш нема да ги дозволиш