Имав стресна вечер...Собрсни бевме во стан,едно од девојчињата се онесвести одеднаш.10 години животот ми се скрати.Полусвесна,еден дел од друштво заедно со брза помош ја одведоа во болница.Сеуште немам информации како е.Се надевам само дека ќе биде добро,Господ нека и помогни Ужасно ми е,сликата ми е цело време пред очи.
Има книги со кои сме се запознале рано во училишните клупи, на наивен начин прикладен на таа доста мала возраст... па кога на некои од нив се навраќаме многу години и искуство после тоа, ги гледаме со тотално поинакви очи. Така е и со некои луѓе и ситуации во животот...
Го дочекав и тој момент на болен човек да му се рече:Се онесвестуваш за да привлечеш внимание. Да,само мисли си така твој проблем!!!
Времево надвор се совпаѓа со моменталниве чувства во мене Не ми се верува дека успеав да стигнам до тука. Дека успеавМЕ И бескрајно сум среќна за тоа. И благодарна.
Мразам коментари за изглед на некоја личност ама општа хигиена да не се одржува е стварно срамота. Миризба на здивот од 500километри, па и уште пола саат ти се објаснува нешто, а тебе ти иде да умреш од миризбата. Нудиш мастика, на културен начин пошо нели да не повредиш нечии чувства со толкава директност “еј брат ти труе здивот“ и истиот одбива мастика. За роденден на ваквите најдобро да им се однесе 10 пакетчиња орбит, паста за заби и четка, па може конечно ќе им текне дека се штетни за се што е во нивна околина кога отвараат уста.
Се трудам да сменам перцепција,да гледам попизитивно,иако тешко ми оди,почна и кај мене да подработува по малку. Кревам енергија,ќе ви пишам пак на 50% кога ќе стигнам
Е тоа е многу добра тактика, со наградите да компензираат за вкусот. Ако ништо друго, барем имам дома 6 шолји за кафе и неколку лажички. Цел сервис бе.
Најпрво здраво, нова сум тука, само што се регистрирав. Се надевам дека ќе ме прифатите... Не сакам да започнувам со типот" ве читав ама сега е времето да се уклучам " Имам проблем, голем и психички и сакам да избегам од него или тој од мене, како и да е... секој ден ќе се трудам да пишувам, се надевам и дека ќе запознаам некој што ќе ми помогне
се чуствувам бескорисно, безвредно како се што сум правела до сега е лага..упорно се преиспитувам себе си за се и сешто, чуствувам голема анксиозност и полека мислам дека паѓам во депресија како да сум во тунел на кој не му се гледа крајот.. 4 год бевме во врска се беше прекрасно и бевме среќни но последната година заради неговото однесување(сака цело време да сме дома секогаш треба да се молиме за да одиме негде, не беа важни моите желби и сл. секогаш он беше супериорен) почнав да се чуствувам глупаво, безвредно се ми стана монотоно не можев да го поднесам тоа, почнав несвесно да се однесувам ладно и одбивно и на крај одлучив дека е најдобро да се разделиме и покрај тоа што знам дека многу ме сака и јас имав секако чувства за него во моментот можеби само не толку силни..се разделивме не почуствував нешто голема тага или промена ваљда толку го посакував тоа што можеби ми олесни тогаш во моментот..и така се до една вечер кога како бумеранг ми се врати се што сме си ветиле еден на друг, на се што сме се смееле и плачеле заедно..и решив да не дозволам егото да победи и да не дозволам да изгубам нешто што толку ми е вредно во животот и да му се јавам барем да разговараме уште еднаш и еве повторно сме заедно, разговаравме за се и сите работи кои ми пречат и прават да се чуствувам така и демек ми вети дека ке даде се од себе да ги смени бидејќи ме сака..но еве сме после 4 мес од тој разговор јас пак така се чуствувам ..како да си помогнам себеси да се спасам од ова веќе еднаш.. не сакам повторно да поминувам низ фазите на разделба немам сила за тоа а знам дека многу ке го повреди пак ова а вака молчејќи себе се повредувам секој ден се повеќе психички како да пропаѓам.. не знам каде грешам можеби не си дадов доволно време да ја почуствувам разделбата не знаев што да очекувам и се исплашив од помислата дека засекогаш се разделивме и дека се пропадна.. премногу правев компромиси и попуштав на некои работи затоа што го сакам и за тоа дојде до сето ова.. знам дека морам да се соочам со себе си и да си одговорам дали го сакам него или ја сакам врската што ја имавме и тежнеам да одржам во живот еден период кој е поминат веќе или сето ова ми станало навика од која се плашам да се одвикнам од страв како ке биде се без него.. морам да одлучам но сето ова така проклето боли..
Ме запозна другарка со најпаметниот човек што го знаела. My oh, my... Ако мислевте дека сум јака само пред монитор... I have some bad news for you... Ја знаете изреката "кад се сељак покондури?". Е, јас, провинцијалката, го викам ова за друг провинцијалец. Цепа скопски типчето, стилот и држењето како да го поседува цело Скопје. Јас брат ваму идам, таму идам, журчиња, диџеи ова она. Типчето е моја генерација, прво што не се ни поздрави како човек, второ што уста не затвори со разговори за женски, оговарање како да е на пазар, шовенизам, расизам и сексизам и за тоа како било порано, а како е сега (како да ја слушав онаа темата, новава на форумот). Не сакам ни да кажувам кој се не успеа да навреди дечкото во тој час-час и нешто ситно што седевме заедно. Од пол, до религија, до брачен статус, до раса. После продолжи со муабети дека било модерно жената да биде постара, како е во ред да имаш 17 години помлада жена, ама не е во ред да биде 17 години постара... и веќе ми беше скиснато да ги слушам муабетите, го прашав зошто, што е разликата, и онака едниот ќе биде 17 години постар од другиот. Така била традицијата, машкото да биде постаро. И ми скисна... му реков така било затоа што машките потешко созревале, на што тој одговори дека тогаш тој и другар му не биле зрели. Не ми требаше повеќе, фино му кажав дека човек што е шовенист и рацист не може да биде зрел. Се насмеа, се направи дека ништо не разбра (или навистина ништо не разбра) и си го продолжи муабетот. Тоа ако е интелигенција
Ми стига на маил... weekly јоbs oд поима немам кој сајт, и дали некогаш сум го отворила. Ама, цел куп огласи во кои се бараат пилоти. Прашањето ми е, из дис а сајн фром гад, да мењам професија ор ват? Кога мислиш дека се' си наредил, ти иде нешто вакво и скроз те вади од шуз-от. #ИдентитиКрајзис
Знам дека за ништо се нервирам, Знам дека не вреди да мислам на тоа Но посилно е од мене. Сакам само да отидам некаде да се извикам. Згора на тоа па што сон сонив урнебес, од плачки на смеење, не можев да спијам. Легнав си нервозна, разбудив се нервозна. Глава ме боле. Доста ми е за денес, поплаки.
Мирисот и вкусот на првото кафе наутро Уште кога е комбинирано со омилениот појадок, сонце надвор и многу љубов, знаеш дека постои нешто барем блиску до совршенството Имајте убава недела
Се фаќам себе сѝ како ја читам категоријата Семејство. Премногу трогателни породилни приказни, совети за нега на бебиња, морална поддршка за трудниците, и се повеќе сфаќам дека супер ми е вака без обврски до 100 и назад. Уште сум многу млада за такви предизвици, и веројатно така ќе се чувствувам уште дваесет наредни години додека не ми отчука биолошкиот часовник, и сфатам дека ми е гајле што не сум се остварила како родител. Во исчекување сум повторно, имам добро внатрешно чувство за исходот на оваа ситуација која се надевам нема да заврши како сите претходни. Доста вложив надеж..повеќе надеж отколку труд искрено, ама сепак..ќе видиме. Поминав прекрасна вечер вчера со оној кој го сакам. После долго време, си требавме еден на друг. Денес се надевам ќе ја повоториме филмската вечер, а потоа ќе лежиме под отворено небо. Бар да искористиме тоа што преостана од викендот, па после секој повторно на своја страна како и секогаш.