Денес е Светски ден на книгата Читањето е отворен прозорец кон нови хоризонти. Читајте и работете на себе. Книгата е само процес на редење зборови се додека не создадете лично мислење. Во потрагата по ново парче уметност, не заборавајте да ги изненадите и другите со примерок лојален пријател...
Да живееш значи да се мачиш.. тоа е и вистинската смисла за нашето постоење, едно сватив .. да не се плашам да пробам да го променам она што не ми се допаѓа и не ме исполнува, да ризикувам и се стремам кон подобро ..бидејки оној кој пробал и се потрудил во многумина случаи и успеал во нешто, а оној кој се плаши да проба за нешто подобро нема и никогаш да знае дали би успеал или не, дали би нашол нешто подобро или не. И самиот наш сон е ризик, ризик на денешницава дали ке станеме од вечерното спиење за утре или нема.. Повеќе ништо не ме плаши ...
Сега ми е јасно уствари кај се собрала смеата во Скопје додека главната населба е празна за време на ручек. Уште ми е појасно зашто е изгубена магијава во градов. Луѓето ќе се соберат во дел од градов за да наидат на ефтина добра храна,а оние со подлабок џеб ќе сликаат храна на Инстаграм. Е после е најинтересното. Минуваш низ турска чаршија низ кафиќите,кафаните и нема никаде место. Ќе чекаш ред и додека чекаш ќе се запрашаш зошто го нема овој ред во Центар,рестораните покрај кеј на пример. И ќе видиш група туристи повеќе се заинтересирани за овој дел од градот,за старите куќи и стариот звук на музиката. И додека тече Вардар и му го слушаш звукот недалеку од тебе оп некој ти го фатил местото. И ќе почнат да се редат низа муабети а најчести се за немањето работа. Ете одвоил 100 денари да изеде сендвич/да пие 2 кафиња тука каде што е смеата. Одамна не сакам да ми зборат за работа од многу причини, ама најсмешно ми е кога ќе слушнам има многу работа ама нема многу млади. Епа нема многу млади кога се загуби Скопје во земјава, не се знае што живее во него, и она малку што живее не е ни најмалку среќно. Затоа не ми збори за работа затоа што се пуштаат огласи за мачкање очи. Не ми збори пиле за работа затоа што си ги испратив сите другарки во странство. Не ми збори за работа кога сечие Cv дреме во едни фиоки и фаќа прашина. Не ми збори за работа кога се откажува некој настан само затоа што си Македонец да беше некое светско име кое прави 100.000 промет во една вечер немаше да биде откажан. Не ми збори за работа кога бројот на бездомници расте, кога бројот на болни деца расте. Не ми збори за работа кога не те исполнува ни тоа што го работиш. Не ми збори за работа кога не знаеш дали ќе се вратиш цел или ќе се вратиш во ковчег. Не ми збори за работа жити се, кога одамна изумре и она малку што го имавме и некој да те подбутне, да те изгура и да ти помогне. Не ми збори за добри луѓе затоа што ги нема веќе. Добри луѓе чија смеа го красеше Скопје. Скопје "смрди" на злоба, лицемерие и секој за себе си гледа упс...секој на секого му копа гроб. "Смрди" на трула душа. "Смрди" на она џерење од прозор затоа што поминала некоја убава девојка. "Смрди" на оние лажни насмевки. "Смрди" на нечовечност. Ако може да речам некаде со тешко срце да го спакувам куферот, повеќе ме боли она што го оставам тука, пошто го оставам у Земја пред умирање, земја која што слабее. Па морам да се свртам и да мафтам со вештачка насмевка, па од таму да ги галам на екран ко демек се е у реду,а не е. Е не е, ама касно е за освестување.
Толку многу ранети луѓе околу мене. Секој човек си ја носи својата мака, стиска заби и се бори да преживее. А ние што правиме? Не само што не им помагаме да ги излечат раните, туку им создаваме нови. Потребно е да се грижиме едни за други. Потребно е да се сакаме едни со други. Да сакаш друг повеќе од себе и да си спремен за него на се, тоа не е наивност, тоа е најголемото нешто што можеш да го направиш како човечко битие. Ќе ме сфатат тие што знаат за таква љубов.
Деновиве се потсетив на една навика која ја издава интелегенцијата на луѓето преку фејсбук. Лајкнување на објава каде се соопштува дека Авичи починал. Истово важи секако за смртта на било кој човек. Според мене со лајкнувањето на таква објава всушност си се деградираш себеси. Како може да ти се допаѓа тоа што некој починал? Некој ќе рече дека не му се допаѓа веста туку му се допаѓа всушност тоа што страницата ја објавила навремено информацијата. Тоа пак, ми е уште поглупаво. Ти веќе ја имаш лајкнато страницата и со тоа покажуваш дека ти се допаѓа начинот на кој функционира, а реакциите се наменети конкретно за објавената информација. И кога ќе соберам од сите пријатели на профилот можеби само 10 проценти имаат емоционална интелегенција која ги тера најпрвин кон секој човек да имаат чувствителен однос, а за секоја информација да ја бараат суштината. И таквите луѓе се премалку
Или молење за некои жртви/немил настан, со провокативна слика би рекол? Собирање лајкови за его/нарцисоидност преку сочувство не е баш хумано. Сеуште се привикнуваме на социјалните медиуми, интернетот.. Сакам да кажам дека понекогаш, помалку е подобро од повеќе, во смисол на информации, емпатија..
@Scott Weiland Да бидам целосно искрена мислам дека никогаш нема да се навикнам на нечовечноста и неемпатичноста искажана било во живо било преку социјални медиуми
За сите феминисти кои не поддржуваат транс жени, you can take your feminism and shove it up your ass.
Преубав почеток на неделата. Си добив нов велосипед како предвремен роденденски подарок. Левел на happiness: 10000000000000...
Teshko e denes da najdesh t.e sretnesh osobi koi se dobri kako lugje i fini kako osobi. Ama so eden zbor mozhesh da greshish i izgubish vistinski prijatel.
Внука ми го научила зборот молим те,го слушнала од некој повозрасен и сега само го употребува,ама ептен со нажален глас кога ќе ми рече-тета молим те дај ова,или молим те да одиме да шетаме,ептен ме растажува,и велам да не ме моли така... Душиче мало,на две години таа знае да каже те молам,те сакам,фала...а на добар дел од возрасните се потешко им е да ги кажат овие зборови...
Хелоу фемина Ноќеска сонував како се пакувам за некаде. Не знам каде, не знам со кого, ама проверував куферот за сигурност да видам дали сум го ставила ќесето со грав. Да, таму беше, 2кг може имаше, спремно за пат. Се прашувам каде требаше да го носам, со оглед на тоа што не го јадам Има некој соновник да ми протолкува? Ми вика внука ми, тета ај да си кажуваме тајни. Е ајде, мисли мисли, немам тајна да и кажам. Велам кажи ми ти, не ти прво кажи ми. И еве уште мислам, каква тајна имам што можам да ја споделам со мало дете. Да измислам? Па ужасно не ми оди да лажам, како лош актер во нискобуџетен филм се осеќам. Толку ли сум заглавена во тој вртлог од мрачни мисли, што не можам да смислам една мала невина глупава лага како тајна? Видов на една емисија, во еден дом чуваа најралични чаеви во големи тегли, цели полици полни. Ги посакувам. Гледам многу емисии, развивам многу идеи. Може треба да станам продуцент. Тој беше за таа област? Отсекогаш нешто ме влечело повеќе кон таа индустрија. Во Македонија да направиш нешто... Всушност, сум малку посмирена и посреќна. Само се прашувам каде ќе бевме сега да не се случеше сето ова срање... Дневникот се уште ми стои со една страница испишана. Ако не треба да се нервираш за нешто што веќе се случило и не можеш да го промениш, ако не треба да се нервираш за нешто што може нема да се случи, кога уствари треба да се нервираш? Или тоа некоја филозофија на ненервирање? Како да сум почнала да ја практикувам.
Повеќето од лугето ми се чудат за работите кои не ги знам отколку за работите кои ги знам. А јас чудам зошто е тоа така. RUN
СДК Чудна работа, чудни луѓе, повеќе ми се чудат на тие што ги знам, отколку на таблица за множење што не помнам туку напамет. Very logic, such sense. БЕГАЈ ДА БЕГАМЕ! Како беше она, што повеќе учам повеќе има за учење фазонот а? СДК супер ми е на форумов, не ме боли глава од редит, и по-можеш со наши луѓе да се сватиш и разбереш, понекад помала популација боље за муабет.