Леле за личен простор и за каси во супермаркет можам есеј да напишам Мислам дека треба да има некое книгиче за бон-тон култура во супермаркети, сериозно. Еве сега бев на каса во Кам - пред мене типка со полна корпа, и чекаше додека не и' ја кажаа сметката за да извади новчаник од ташна. И сега она бара, бара, бара низ ташната, каде ли е новчаникот, ние позади како дебили стоиме. Епа сесре де бре, можеше барем да го држиш во рака, не дека изненадно ти кажаа дека ќе плаќаш. Вчера на каса, еден тип кенкаше 10 минути дека имало многу гужва, дека не може да чека, за во истиот момент кога дојде на ред да рече - ЛЕЛЕ чекај, заборавив пакет со вода да земам! И пак се направи колона заради него. И не знам дали знаете за најновата мода - се оставаат корпите да чекаат ред на каса, а они се шетаат низ рафтови. Се преслушувате ли дома бре, пред да испаднете меѓу народ? А за личниот простор, гррррррррр. И на каса, и во банка и секаде каде што има народ се пикаат. Мислам дека не е ни од љубопитство туку тоа некој внатрешен нагон да се пикнат за да бидат поблиску до финишот. Сите ќе стасаме дечки, у реду е. Сега па бегам да не се допрам случајно до некој и да ми збуца лакт во слабина и пак и пак и пак се пикаат во мене. Навистина не им чука во главата дека можеби некој е болен, трудна жена, повредени, итн и пак ќе се испикаат. Иначе @ceca-1 не им е работа на касиерките да пакуваат, никаде на друго место не пакуваат. Во Рамстор пакуваат ама таму пошо така им е нагласено. Ама скроз знам за кој тип на касиерки мислиш, иако верувај, какви отров купувачи им идат, нормални им се реакциите. Јас ако имам многу производи, ги замолувам да ми ги вратат во корпата како ги куцаат и да ми ја дадат ќесата, па откако ќе платам, се тргам настрана, на раат да се спакувам. Нит некој да кочам, нит некој да ме брза. Фала на пажња, одма ми е полесно сега да се вратам пак во првите борбени редови низ македонските супермаркети.
Барам низ народните песни некоја за пеење на музичко (don't ask) и не можам да верувам што сѐ не прочитав во коментари. Не знам дали е за смеење. „SAMO MAKEDONEC MOZE DA NAPISE I ODPEE VAKVA UBAVA PESNA , A EDNI BUGARSKI VESTACKI PLEMINA KOI GI EBAT PO EVROPA KAKO STOKA I SVIJNI SAMO MOZAT DA GI KOPIRAAT I SKVERNAVAT MAKEDONSKITE PESNI. MAKEDONIJA VECNA MAKEDONSKIOT NAROD BESMRTEN I NEUNISTLIV“ „TATAR USI-KUR DA PUSI! “ „МИЗИЯ, ТРАКИЯ, МАКЕДОНИЯ !!!“ „ВМРО !!! МАКЕДОНИЈА“ „<3 <3 <3“ „NEMOJ DA SI ME OTVORIL HITLER KJE IZGUBISH SVE.TI SE KOLNAM!“ (Секако, најголемиот дел се толку експлицитни, што се против правилата на форумот за екстремна ксенофобија, па не ги ставив.) И после зошто мислам дека патриотизмот е болест која ни се продава како најголема вредност уште пред да знаеме за себе. Не се ова индивидуи кои пишуваат во коментари на јутјуб, туку едно јасно олицетворение на долгогодишна индоктринација. Патем, ако се прашувате, Послушајте патриоти ќе ја пеам, да биде иронијата уште поголема. Жими крст и кандило.
Колку и да се сметам себе за преемотивна, сепак нема поубаво нешто од тоа човек да е способен да чувствува, силно, најсилно. Посебно кога станува збор за љубов. Тоа му дава боја и вкус на животот. Без тие чувства, човек не би живеел, само би постоел. Чувствата ми се најскапоценото нешто, никогаш не би сакала да бидам човек со камена душа, сакам да сакам, сакам да го живеам животов со полно срце
СДК вчера имав момент на тежина/двоумење, но пријателка ми даде совет и ми помогна премногу. Понекогаш ни блиските неможе да дадат објективно совет би рекол.. во тие моменти ми текнува на изреката The road to hell is paved with good intentions.. Немора да значи дека од добри намери може да си наштетиш/наштетат. Мора да размислуваш критично, и да погледаш двете страни на паричката.
Лани ова време се спремав за работа во Грциja. Нешто ново барем за мене и моите. Што, како и зошто. Друга година, исто време. Пак се спремам за Грциja. Ама сее подруго. Знам што сакам, што можам. Едно е сигурно, државата не ни ja бидува.
Чекам ред во маалска продавничка, пред мене беа постара баба со внуците. Имаше во рака само 10 денари и им напоменуваше на децава дека немаат пари и можат да купат само лижавчиња од 5 денари. Секое можно лижавче го фатија во рака и прашуваат а ова колку е? А ова? Ми падна жал што не може да им купи таман да изустам земете си што сакате, поголемата со ташничка во рака зема едно киднер јајце и го стави во ташна. Ај реков мали се, ќе го платат на каса. Зема уште едно и уште едно. И си ќути, мртва ладна. Баба им им вика ај не земајте лижавчиња смоки ќе земеме по пола ќе ги делите. Во тој момент му кажав на продавачот дека малата му зема 4 киндер јајца во ташна. Се запрепасти човеков. Купив што купив и продавачот во знак на благодарност не сакаше да ми наплати. Инсистирав да си го платам купеното, од тоа живеат и гледаат фамилии. Си отидов, не сакав да останам да гледам што ќе се случува понатака. Си одам дома и си размислувам.. какво време дојде да деца од 5-7 години крадат?! Што ќе биде од нив за 15-20 години? Страшно и жално. Бев спремна да им купам што сакаат, деца се не знаат дека не може се да им се купи ама без трошка срам и страв си ставаат работи во ташна, епа не може така нека си сносат последици.
https://skopjeinfo.mk/detali-za-tragedijata-kaj-katlanovo-zagina-mlado-momche-dve-lica-povredeni ахххх бе другар,зашто заштооо заштоооооооооо,толку млад и полн со животт,оффф почивај во мир другар,никогаш заборавен....
Скршена сум Уште во шок и не ми е верно... Почина тетка ми Многу ми е жал.Ја сакав многу.Не сум дома,не ми кажаа ништо заташто бев болна.Сега беше шок.Во саботата била кај нас,бев на семинар,и ме поздравуваше.Сега гледам тоа било последен поздрав Да знаев дека повеќе нема да ја видам А толку сакав да ја видам кога ќе си дојдам дома...Ведар дух,секогаш расположена за муабет,весела,и многу позитивна.А јас си мислев за неколку години на свадба ќе ми игра...Ќе ми фалиш тето,секогаш.И твојот лик ќе го памтам секогаш насмеан,и муабетите кои беа банални ама интересни,и твојата леснотија.Ќе ме гледаш негде од небо и за сите моменти во кои нема да бидеш тука,ќе те чувстувам од некаде,знам
Она кога ќе посегнеш по мобилниот за да провериш колку е саат, кој датум е или временска прогноза, го земаш, ги пролистуваш сите можни апликации и на крај уствари не си ни видела или забораваш на саатот/датумот/предвиденото време надвор...
Не знам од каде идејата дека касиерите во маркетите се должни да ви ги пакуваат стварите у ќеса - да не им го знаете описот на работното место или сте им го прочитале договорот за вработување? Или едноставно, вие си сметате дека така треба? Тешко е да се работи со луѓе (и купувачи и продавачи), ама кога би ги ставил на кантар, идиотизмот и невоспитувањето дефинитивно би натежнале на страната на муштериите. Жални ми се оние луѓе полни со фрустрации, кои трпат и ќутат пред претпоставени, сопружници, свекрви, комшии, деца, за на крај да се решат да покажат „кој е газда“ пред некој, ни крив ни должен, кој ете, случајно работи на каса у маркетот у кој пазари. Сетете се (или запрашајте се, ако не знаете) за колкава плата работат луѓето по маркетите и помислете дека никој од мал не сонувал да работи у Веро на каса, нити па завршувал факултет со таква амбиција. Ама ете, работи таму и ете, мора и вас да ве трпи како бонус. Малце љубезност, разбирање и трпение никогаш не е на одмет, без разлика од која страна на касата се наоѓате.
Пред некој ден кога врнеше морав да излезам нешто и да фатам автобус. На автобуската стоевме десетина души, стуткани на едно место криејќи се од дождот. И во тој момент се наоѓа некој без осет што му текнува цигара да запали, додека околу него се насобрани луѓе. Кој му пречи нека си се тргне, нека си кисне на дождон нели... Никогаш не сфатив кое е задоволството во цигарите и нема да сфатам.
Сакам да зборувам за нешто кое што го приметив кога се преселив во Скопје. Скоро секогаш кога седам во некој ресторан, паб, кафе бар доаѓаат деца со кутии и продаваат паломи, влажни марамчиња, освежувачи... Децата се најчесто многу мали и продаваат многу доцна навечер. Во очи можеш да им видиш колку се несреќни. Секако јас сум многу против тоа децата да се воспитуваат како паразити но, сликата која ја гледам е навистина тажна. 7 годишно дете, во 12 часот навечер танко облечено на ниски температури. Тоа дете треба да спие во тоа време а во остокот да оди во училиште, игра, чита песнички. Ме интересира чии се тие деца и зошто никој не превзема ниту зборува нешто околу ова. Сите знаеме дека има закони против ова но не гледам никој да го почитува. Се извинувам ако има ваква тема. Не можев да најдам.
@Doozy види стварно, и ја забележав дека нов тренд е корпите да чекаат ред. Или одат маж и жена, мажот чека ред на каса а жената додава производи. Пред некој ден, мажот вади производи од корпата а жената како на некој наптревар трча навака, натака и додава производи - заборавив паштетки, упс и шампон, аааа и домати немаме.
Не ми е јасно како @Someonespecial не те корегира за тоа "в" у првиот збор. Или љубовта е слепа ? RUN
Имам мигови кога чудесно мирно дишам и покрај се, ете сама си се чудам... Имам мигови кога се радувам што малиот град е толку голем за да те сокрие од оние кои будат лоши спомени... Имам мигови што сум радосна што некако заврши ерата на луѓето кои се плашат луѓето да не ги користат, а самите користат луѓе за лична полза, на луѓето кои обвинуваат за лицемерие, а еднаш искрени во животот не биле, на луѓето кои се исмеваат, а еднаш ризик не превзеле, на луѓето кои сееја страв ннаоколу...од луѓе, од сништа, од промени, од емоции.... Имам мигови кога знам дека пораснав, не заам кога, нити знам како, ама знам дека од тој нивни страв јас пораснав....
Dear non-gender specific Reader, I'm not writing this from an easy place, emotion wise. I had bad grades in Macedonian, excellent in English. I hope this doesn't come out as being a form of humble-brag, but i really am getting used to Cyrillic and Macedonian language in general. Good day sir! . einz plus einz ist zwei, love is blind, so am i. @Someonespecial pardon me, my emotions took over. СДК 21 век е а неможам да се навикнам на џендерфлуид луѓе, pronouns..pronouns..pro...nuns.. now i'm thinking about nuns.. darn it not again.. -_-