Ме стави на место, браво! Процесот почнува од рана возраст, дома. Мислиш дека дете кое што не е воспитано од родителите ќе биде воспитано од учителките? Секако дека девојчето во случајот погоре не треба да се казни, никој не ја осудува неа. Во ваквите ситуации треба да ѝ се укаже дека не е правилно да се зима без да се плати и да ѝ се посочи правилен пример.
Значи на девојчето не и било прв пат.. И кога доаѓала со родителите си ставала во ташна по нешто, ја виделе на камери многу пати.. Од после дознав од продавачот, често им кажувал на родителите дека си зема без да плати а ништо не превземале. Воопшто не планирам да укажувам и покажувам како треба, нит сум и мајка, нит сум и нешто блиска. Си има луѓе кои си се одговорни за нејзиното однесување.
Искрено жал ми е за бабата што цел маркет ја дознал дека имала само 10денари што најверојатно им укажувала на дечињата, многу ми е жал и за дечињата што освен по едно лижавче се немало можност да им се купи по едно чоколадо, а најмногу ми е жал за вакви "душегрижници" што пишуваат колку излегле херои и ја изложиле бабата на јавен потсмев за нејзините внучиња. Верувам дека бабата баш и поради тоа цел маркет ја дознал дека има само 10денари,баш заради тоа што сакала да делува воспитно на децата од 5год и 7години.
Не сум знаел дека ако дете украде киндер-јајце од продавница, не е виновно ни тоа, ни родителот, туку Фереро, кои ги смислиле, и маркетот, кој ги ставил до касата. Ама ете, човек учи додека е жив. Плус, цела држава ја искрадоа, а ние за едно киндер-јајце сме се фатиле овде. Тоа се тие аргументи, кога сите се виновни освен тебе (или личноста со чија приказна си се поистоветил). 
Ужасно се нервирам кога некој ќе ми рече абе ова биологија само бубаш, на памет се учи тоа, што има да разбереш. Набубај и тоа е. И тоа некој што едвај знае клетка што е... Не. Ниедна наука не се учи на памет само со зборови без истото да го видиш како изгледа.
Драма. Никако не ви е жал за продавачот? Зашто на крајот од денот ни туѓиот срам, ни дете е не знае, ни трговците, ни капитализмот, ни Ким Јонг Ун ќе го платат тоа, туку продавачот. На крајот од денот разликата ја плаќа работникот од својот џеб, ни крив ни дужен.
Не ми е јасно како мајки бранат деца што украле Дете се учи од кога ќе почне да разбира, што е правилно, а што не... Она што денес изгледа како ,,невина" кражба на чоколадо, утре ќе биде нечиј телефон, паричник, чанта...
Читам и си мислам...Добро а не мислите дека можеби бабата намерно ги држи тие 10 денари во рака за да изгледа како да нема и да се сожали продавачот за кога детето ќе украде?!? Чим таа мајка знае, информирана е за тоа, зашто воопшто оди детето во продавница? ? Јас не би кажала на продавачот за во случај бабата да не е свесна. Но неа би и кажала. Не потпаѓајте одма. Може и родителите тоа го дозволуваат. Не знаеме
Не знам зошто ама дур читав скроз исто мислев како @LiliBoz Па штом објасна членката понатаму уште повеќе верувам во приказната. Дете не смее да кради, нормално е да мисли дека треба во одреден период од животот, и не треба да се кара туку да му се укажи, да нема нахнадни трауми туку да му се укажи дека згреши, да се научи како треба. За секое грешно однесување детето не треба да се кара туку да се разговара со него, да му се објаснува, да му се даваат примери, да се играат улоги. Ама ако однесувањето е повторливо, тука има проблем кој не смеј да биди игнориран. Не треба да бидам родител за да знам дека има проблем во повторливо неприфатливо однесување, така? Можам да се замислам некоја година од сега како работам како психолог во училиште и ми иди внатре девијантно дете ама родителот се противи дека уствари не знам јас какви мерки да покренам зошто не сум родител. Колку и да играм мајтап, страшно е што ова можи да биди реална ситуација.
Мене пак ми е најјако она „ееее ќе научиш кога ќе станеш мајка“ за секоја критика кон игнорантност и неправилно однесување од возрасни (мајки, баби, што год)... Значи да резимираме, кога ќе родиме сите ќе станеме расисти (ќе сфатиме каква катастрофа би било дете да ти се заљуби во црнец/некој од друга вера), ќе ги разбереме и ќе им се придружиме на оние од Женски домаќински муабети што сликаат валкани памперси и даваат совети да се бања бебе во менструација... а најново - и ќе ги сфатиме родителите/роднините што не си ги воспитале децата да не крадат. Прекрасно. Добро, знаете ли вие колку деца се запознале навистина со сиромаштија, ограничени средства а со тоа и скратена безгрижност од најмали нозе - а никогаш не посегнале по нешто туѓо и неплатено? Spoiler И стварно треба да се ограничи работава со цитирањето во темава. Не се должни луѓе што сакале да се искажат со нешто во што нема ама баш ништо спорно и контроверзно, да се развива дискусија од нивен пост ради некои што си бараат рчка или пак и тотални падобранци. ФМП
Еве јас сум мајка. D) Да е мое би умрела од срам и ако се повтори после лекции дека не треба така онда нема да го носам со мене извесен период во маркет.
Од приказнава со децата, бабата и Киндер јајцето, не ми е јасно зошто никој не рекол Во ред е, нека земат, јас ќе платам.
Не е срамота да имаш 10 денари, ама срамота е да крадеш. Јас еднаш земав по грешка седум денари повеќе кусур од продавница ко мала, грижа на совест ќе ме убиеше, еве на 25 години уште ја памтам случката. Се знае, кога ќе каже постар не може, не може. А не земаш и пикаш во ташна. Посебно за дете што оди во школо.
@Bella Mare да крадеш - е срамота за тебе. Да дозволиш внуците да ти крадат е срамота и за тебе а богами и за родителите на тие деца... родителот е одговорен за тие деца иако до помлад малолетник не можат да завршат во казнено-поправна установа.. Да немаш повеќе од 10 денари е срамота за оваа скапана држава што не уништи до корен. Да дозволиш цел дуќан да те разбере дека имаш само 10 денари - е срамота за самата тебе, не те научиле на бон тон.. Да дозволиш да се зачлениш на форум само за да се истуриш на некоја членка е немање на основна култура.... ...или чекај... твоите деца крадат па ти ги оправдуваш сите останати? Ако крадат, подобро научи ги дека е лошо, во спротивно еден ден ќе завршат во затвор
Децата се истренирани крадци од мали, бабата (знак прашалник дали им е вистинска баба) е една од членовите на тимот, продавачот соработува со нив и се прави дека не гледа (на попис нема да ги преброи киндер јајцата правилно и ќе е ок) а не знам и колку вреди и полиција да се вмеша оти и таму имаат луѓе.
Како да не , у затвор ќе и завршат децата...Си знае она шо занат ги учи, политичари ќе бидат...И она гледам по дипломатијата е... Ај некое од улица дете леб да украде, да го жалиме, па и да не е од улица, али да краде мо*ано благце... И плус бабава намерно си праела филмои да ја жалат, као демек не можела дома да им каже дека само 10 денари има, или уопште да не влагала у дуќан СО ДЕЦА, БЕЗ ПАРИ...Него им давала знак на децава да крадат...Дај не ме је*и, не бидете наивни... Бабата за уши, не децата. Ако и е...Таа да имала срам, немало вакви глупости да прави, па уште и ќе ја жалиме. Туф, туф...
Јас заборавив пиштол играчка во џебот кога си игравме со едно комшиско дете кај него дома, уште имам трауми од случката.
Сестра ми долги години работеше во маркет. Секој ден им доаѓала бабичка за да си купи леб и млеко, и секогаш со себе носела платнена торба. Еден ден ја виделе бабичката како во торба си става локум и други производи, а на каса во корпата ги однела само лебот и млекото да ги плати. Одвај ја убедиле да ја отвори торбата и да ги даде работите кои немала намера да ги плати. Секогаш на попис им излегуваше огромен минус кој за жал самите си го плаќаа од свој џеб. Жалосно е што има луѓе кои не си ги учат децата на основните работи, на основна култура, манири, добро однесување, бон тон. Децата на тие основни работи се учат уште во предшколска возраст. А,ако не се научат од мали, на старост ќе прават глупости без осет, тронка совест и срам. Плус, жалосно е што некои луѓе се толку свилени и патат од големина, па очекуваат касиерките да им се поклонат, насмеат, спакуваат производите па може и до врата да ги испратат зошто "на нив тоа им е работа".