Човек може да заборави некој и нешто што го повредило,ама никогаш не смее да заборави кој е,од каде доаѓа,од каде потекнува. Ценете ги вашите корени,какви и да се,бидете благодарни,не срамете се да кажете каде сте пораснале,кој ве родил и кој ве израснал....
#ThatAwkwardMoment кога кивнуваш еднаш и ти викаат - Наздравје, викаш - Фала, се е у реду и никој не може да предвиди дека во следните моменти ќе се искивкаш барем уште трилион пати. Spoiler: ? и сеа шо, треба пак да викаат Наздравје?#Communicationissues #Lowsocialization
Сакам да кажам дека .. Аиих леле мори колку сум пресреќен само да знаеш, еве овде во градите го осеќам. Срцето силно ми бие ќе ми пукне, а кафе немам пиено. Чекај да седнам .. до каде стигна работава, а до каде ли пустата ќе оди .. Дами и господа, членки и членови, страи и помлади, вработени и невработени, Македонци и Илиндејци, момци и девојки, средношкоци и студенти, зрели и несозреани, чујте и почујте !! царот нареди Сакам да го споделам моето последно достигнување во мојата фирумска кариера .. овој златен трофеј Значи не е до твофејот, тоа е само предмет, на форумов не е ни предмет ок .. значи еве како што пишува абе Лудуваат по мене!! Абе доживувањето нели, патувањето низ овие години, споделените мислења на темите .. расправиите .. слогата, љубовта, омразата и на крај зачинето со Лудуваат по тебе. !!! Еј стварно, свака му част на тој што ја измислил причината за доделување на твофејов. Лудуваат по тебе. Кога ќе го прочиташ мислиш којзнае што правиш у животот, задоволство извира во тебе, а у моментот кога ќе го изгасиш егранот .. сфаќаш дека никој не лудува. Си играме топло ладно .. секој ден yeeeey Ајде вие лудувајте .. As always, RUN
Штотуку ФБ ме потсети на слика од пред 7 години од мојата апсолвентска забава... Не потсетува за да се споредиме себе сега и пред милион години или за што...??? И да рече човек да изгледа сега поубаво е успех ќе згреши, и да рече не сум остарел многу пак ќе згреши зошто сега си ја сакам мудроста во погледот, раните од преживеаните порази и солзите кои истекле околу очите, држењето на телото кое победувало и кога било се изгубено, кожата останала бела и кога предолго не ја љубел некој... И да речам повеќе се сакам сега, ете тоа можеби е само вистина, со брчки, со старост, со мудрост, со сисгурност во себе.....
Сакам да кажам дека ми прпа. Нормално е, а истовремено ме фаќаат секакви емоции пропратени со лудило, теснотија во сопственото тело и кожа и очекувања затоа што нови универзуми ми играат пред очи. Не ми се ни верува дека сум овде и сега и ваква каква што сум, а времето е тоа. Желбите се тие. Отворени како карти со добар редослед. Само здравје. Животов е пребрз за нашите спори стравови.
СДК... Никогаш не сум слушнала некој да рече дека финансиите му се силна страна и нема потреба од повеќе. Пријател на татко ми се изјасни дека има капитал и не му требаат пари. Научил да ја применува животната филозофија и да ги живее годините. Имало и такви што поставиле граница на потребите и среќата ја пронашле во тоа што го создале без да и подлегнат на алчноста. Spoiler: . На тема Пари, не сум тип на личност што јавно ја коментира личната состојба, дали имам доволно, колку ми требаат, кога ми се неопходни... Молчењето има поголема вредност од непотребно споделени зборови.Прекрасно е чувството кога знаеш дека другите научиле да не ти поставуваат несакани прашања, зашто во спротивно одговорот повторно би бил во игнорантна форма.
Она priceless чувство кога ќе стаиш јака слика на инста и бившиот ќе те лајкне. Епа нек пукну душмане.
Кога ќе го погледнам како загрижено размислува, сакам да си го посветам целиот живот само на тоа да биде среќен. Не сум запознала подобар човек, не верувам и дека ќе запознаам. Буквално, човек каков што не мислев дека постои.
Сакам да кажам дека бинџнав серија спроти сите обврски и сега ми се плачи. И место то, ќе си легнам. #worthit