Ете нз како, пополека почнав некако потсвесно да се вљубувам во менаџерот (моја генерација, сингл, симпатичен). Инаку,е некако ладен, дигнат. Не знам што толку ме привлече најверојатно мистериозноста што ја покажува, што ли крие за таа ладнина? Секогаш кога зборуваме е, сериозен,, не се насмевнува, заприметив со секого е таков. Нз зошто но од едната страна ми е занесен. Секогаш е фино дотеран кошула, пантолони, со брада. Го имам заприметено дека, секогаш кога поминува кај нас, се загледува.... Хмм. Кога беше дојдена сестра ми со мажот и' , ми рече дека тој гледал накај нас, постојано Не сакам да си признаам но ете морам .... Не, не можам да поднесам вакви момци... Но ете паднав на ладниот шарм.
Морам да те цитирам, за да ти кажам, дека точно знам како се чувствуваш Знам и што те привлече кај него, а и ти сама знаеш, кажа... во самиот пост: 'мистериозноста' Ама, само да знаеш, таквите можат да те воодушеват на едно место, а на друго, скроз да те разочараат. Немај премногу очекувања... ради твое добро
Зошто баш нежна? Тој е груб. А, можеби си во право му треба нежност,чувства. Ќе видиме...не можам да стапам во контакт, ретко е тука..
Колку и да дадеш , колку и да направиш за блиските (ако може така да се наречат) пак ќе те направат идиот и ќе бидат неблагодарни , згора на се ќе ти кажат дека ништо не си направил ... Здружени се сите да те уништат , ама нема , Господ е со мене верувам во него повеќе одколку на нив , знам дека има подобри денови и за нас , само да сме живи и здрави
Дали и колку се мувите паметни? Го набљудувам нивното однесува и ми изгледа како да знаат повеќе отколку што мислиме. Треба да побарам некое истражување на темава. Треба да побарам и некое истражување зошто ни требаат муви на планетава
Некогаш си се чудам сама на себе, многу пати кога ќе помислам/кажам нешто истото се исполнува за многу кратко време. Така вчера си кукав баба ми да ни дојде на гости, сега мајка ми ми кажува дека за саат-два ќе стигне.
Уште нерасонет отварам фрижидер да се напијам млеко,како ја отварам вратата и оп што да видам.... Spoiler: . Некој ме цитиралми го испил млекото
Кога учеш факултет ти викаат за тој факултет нема работа, тешко се наога. Кога завршеш факултет - ајде што чекаш сите се вработија? Логика нема ама ајде
Ми се смачи на муабетот:Ех колку ми недостасува и колку фалеше денес ХХХ особата која вчера замина(на поубаво),а два месеци не слушнав дека ти недостасува твојата пријателка која замина од кај што нема враќање. Уф каде оди светов ,каде???
Чуден народ сме ние, па и тука на форумов го забележувам тоа. Има цела една тема со 800+ страници испишани за проблеми меѓу снаите и свекрвите. И океј е сето тоа, разбирам дека навистина многу сопруги си имаат проблеми со свекрвите (најчесто бидејќи тие се уште синот си го гледаат како малечко момче кое не може да се грижи само за себе, па тие се должни да го бранат за се па дури и тоа да е пред неговата сопствена сопруга). Туку ме чуди тоа што мислам дека секоја снаа или свекрва не се чувствува како таква, ако нема проблем со „спротивната“ страна. Некако ми се чини дека дури и да нема проблем, бидејќи е популарно помеѓу снаите и свекрвите да има проблем, почнуваат и двете страни да фаќаат маани и таму каде што ги нема или каде што би можело да се постигне компромис во врска со проблемот. А штом во врска со проблемот може да се постигне компромис, тогаш автоматски веќе и проблемот не постои. Популарно е да си искаран со комшиите, популарно е сите да бидеме политичари, популарно е да поддржуваш некоја партија и да постираш за неа 24/7 на сите социјални мрежи, популарно е туѓиот живот за еден ден да го анализираш повеќе отколку што себеси се анализираш за цел живот, популарно е да имаш мислење и коментар за се (не дај боже на нешто да прескокнеш да коментираш, затоа што едноставно не те интересирала темата или не си имал доволно информации за истата) and so on, and so on.. Секој тренд да се испочитува, така треба! #трендимакедонци #хехенце
Сакам да кажам дека имам чувство ако се смеам или кога се сликувам со насмевка како да ми е последен ден ........
Сакам да се сретнам со некој од порано после ХХ години, да видам какви се тие рејунион средби со некој шо не си го видел пола животот. А и сакам да имам почесто денови како вчера. Сакам вчера да ми се повторува почесто. Сакам да ми е убаво и да ми се исплатат трудовите, да се докажам дека можам. Знам дека многу сакам.