СДК дека во светов има многу, многу убави работи, само штета што не доаѓаат толку до израз од ова лошотилуков!
Сакам да кажам дека ги мразам овие моменти кога се покажува колку малку правиме едни за други. Тука сме, а никаде не нема. Љубиме а не покажуваме, другаруваме а пак сме сами, се грижиме за другите а сепак не знаеме да слушаме, сакаме да подадеме рака а сепак повеќе ја држиме до себе. Плашливо ја покажуваме љубовта и грижата за другите, небаре ќе се потроши премногу а не сме свесни дека всушност ја имаме на претек. Отворени срца и светот ќе е поубав
Како можеш некому да кажеш да биде пациент? Му посакуваш болест, а притоа сакаш да си медицинско лице? Со право луѓето немаат доверба во медицински персонал.
Предлагам да направиме анкета кому му се свиѓаат слики од голиве труднички 8мо месечни стомаци на жениве, па да донесеме закон за забрана на такви слики. Што ера ќе бевме со вакви слики што вртат, чунки уметнички дела...
Како растам се повеќе ми сметаат одредени типови на луѓе и се повеќе ги избегавам тие. Се повеќе немам разбирање за оние кои зборуваат дека некого не можат да трпат, а упорно се дружат со него. Мислам, ало, што ви е? Можете комотно да го игнорирате. Зашто, никој нема да се смени. Сите сме некакви и или некој не прифаќа или не не прифаќа. Ама такви какви што сме. И се повеќе бирам да го трошам времето со кого мене ми е убаво. Не ме интересираат ни осуди, ни туѓи мислења, ме интересира само јас да уживам. Можда е себично, ама сите се на некој начин себични. Кога никој не ми угодува мене зошто јас би угодувала некому?
Многу им се радувам на месеците што доаѓаат. Ме очекува возбудлив период, ќе го искористам најдобро што можам, секој ден ќе го наполнам со љубов, само со љубов Не беше лесно, но вредеше, се исплатеше секоја тешкотија! Се изборив за ова со свои раце, со чисти намери и многу верба Продолжуваме да ја пишуваме нашата бескрајна приказна
искрена сум и брутална можеби. Можеби ми е маана. За возврат на тоа имам толеранција еден куп. Ама ако нешто од такт ме вади е правење цвеќе некој, без разлика жив или мртов, ако е лош човек лош ќе е и ако умре. П.С. Не зборам за починатиот пејач. Него не го познавам. Онака ми дојде ..
Понекогаш се плашам. Не знам зошто, но имам страв, необјаснет, нешто што ме надвладува, си заминува и повторно се враќа. Ги гледам луѓето, го живеат секој ден, со полни сили, среќна сум и јас, не дека не сум, но секогаш постои она ама... Тоа мало зборче, кое не ти дава секогаш мир. Почнав да бунтувам, да го будам зверот во мене, нешто што прави да се чувствувам моќно барем за миг пред да се врати стравот, а потоа јас како знам и умеам. Не бев од секогаш таква, ме нервираше оној здодевен тек на настаните, периоди кога не се случуваше ништо и наеднаш преку ноќ се смени се и не знам како да постапам а да не згрешам, а сепак се работи мене а не случаен минувач од улица. Се работи за мојот живот. Се плашам да не повредам некого а највеќе од тоа дали ќе ја изберам правилната страна. Сепак, на крајот се работи за мојата иднина и се надевам дека ќе тргнам по вистинскиот пат, заради себе.
Престанете да ја поврзувате тезата дека некоја жена не се цени, со тоа колку сака секс или како е облечена. Тоа колку една жена не се цени самата себе и женскиот род, најмногу се мери со она колку цени шовинистички и патријархално настроени мажи. Let's learn that once and for all