Зошто сите ги имаме баш истиве проблеми ? Од збор до збор.. Од таа работа веќе, уморен и физички и психички еве сум на боледување. И никогаш од никого ниту зрнце поддршка и разбирање, мислат дека се фолирам. Колку само би сакал да ја променам работата, мислам дека ќе ми се смени животот начисто.
ШТО ПИЕ ЦЕЛА КАФАНА? Се роди нашата среќа, станав тетка!! ❤ Нека ми е жив и здрав внукот! Не постои поголема среќа од тоа брат ти да стане татко на еден мал и прекрасен принц! Те сакам бато, честитам од срце!
Боже, кога си веќе семоќен, и кога веќе многумина те замислуваат како старец со бел чаршав и бела брада, дојди на земјата таков, ако, нека биде толку бедно. Кога веќе луѓето не сфаќаат дека си одамна присутен и не ги препознаваат твоите безброј величествени облици на земјата, дојди таков, и натерај ги да ти поверуваат. Потоа дојди кај овие луѓе, кажи им дека нема потреба да прават било што за да ти се допаднат, кажи им дека сето тоа во твоите очи не е ни најмалку важно, дека твојата љубов за нив нема да се промени што и да прават, дека се трудат без потреба, дека тебе не ти гајле кој што прави, ти пак ќе ги сакаш. Па појди кај оние луѓе, кажи им дека беспотребно ти се плашат, дека ги сакаш подеднакво исто колку и овие првите, дека сите ќе одат во рајот зашто пеколот никогаш не ни постоел, зашто од луѓето е измислен зборот грев, а ти си го предвидел само зборот искуство. Дај му на светот до знаење дека егото владее со земјата, дека затоа страдаат, дека егото ги заслепело, па почнале да го гледаат дури и во тебе. Каква иронија! Нивното его зборува за Бог! Нивната религија е најдобра, нивните книги, нивните обичаи, па дури и нивниот Бог. Кажи им дека од егото произлегува твојата злоба, одмаздољубивост, лутина, желбата за контрола. И дека не си таков. Кажи им да го замолчат егото. Не. Кога ќе размислам подобро, не доаѓај. И онака ќе те прогласат за лажго. Луѓето не веруваат во чуда. Чудото, богатството, решението им е пред очи, ама тие ќе изнајдат начин да не поверуваат. Ако веруваа, ќе те најдеа многу одамна и ќе немаше потреба да доаѓаш таков. Џабе ќе доаѓаш. Освен тоа, сигурно веќе ти паднала на памет оваа идеа...
Прво честитки за банот , да се множат што би рекле луѓето. Друго беше прашање на време кога ќе успеат да те вовлечат во нивната шема. Сакав да ти пишам , ама викам најубаво е кога човек сам ќе види со што си има работа. Викам шема , бидејќи ако приметиш како што примети сега на потешкиот начин , шемата им е да спамираат едно исто линкови , патешествија , како биле загрижени , за Македонија се плашеле нешо таму , 500 евра плата и остало и така 3 пати на ден додека не се појави некој ( во овој случај ти ) да почне да се објаснува, или да види што е проблемот ,знаеш од каде толку сеа се загрижиле а ги немало никаде 12 год. И така ти почна (Грешка број 1) и тука иде фаза два , "дебатирање" односно верглање едно исто ,игнорирање на прашања и користење некои глупи примери и слично, индиректни навреди и слично , така се страници и страници додека не ти пукне филмот и ги опцуеш или не знам што. Тогаш доаѓа фаза 3 одкако односно почнување со абе ме навредија ајде бан ајде ова , ја невината бла бла... И така сега се надевам ја научи оваа важна лекција ,и во иднина ќе се држиш подалеку од тој змијарник таму што се прави абе невино загрижено детенцее сум јас и ОП ќе те касне и цела недела бан ајт поздрав....(Ја ги знам што сорта се , и јас се заебав така пред 4 год кога беа бомбите на Заев и така да све ова од искуство.) И сеа неќам цитирање , абе ќе се потрудам абе ова она објаснувања , не ... во Август сакам да ги отворам политичките теми и твоето име да не го гледам како се расправа и објаснува со нив. Сакам да го видам твоето име таму како им вика небитни сте , шо ме гајле или нешто од тие реченици , сакам на креативен начин да им кажеш фак оф ама да не те банираат. Не се грижи за другите што ќе прочитаат , никој не им верува во глупостите, да им веруваа што пишуваа до сега ќе беше Грујо на власт и остало така да уживкај си ( Или ако сакаш ко мене со врски да бидеш ослободена од бан ама за тоа треба парички, не е све бесплатно) Така да очекувам од тебе силен карактер , да ја победиш групата краде ама гради и гордо да чекориш низ фемина форумот. Spoiler
СДК ММЕ кој ги измисли внатрешните етикети на блузите. Посебно оние кај слабината. А најпосебно оние по 16 наредени!
За таа што сакаше да знај каков ми е животов Епа вака Помешај 1л. шекер со 1л. сол и пробај Ете таков ми е животов поз
Почивај во мир драга Езана.. Последен пат зборевме пред околу 2 недели,се сеќавам надвор истураше дожд, кога жива вода дојде кај мене на работа,и ми носеше чадор од мајка и да не сум наврнала јас пешки до дома. Ми раскажуваше како со братучеди на иста возраст со неа, 10 годишни дечиња, не ги пуштиле на кумановскиот градски базен. Ме праша зошто. Како да и кажев дека живееме во искварено доба,со уште по искварени луѓе, кои на мало дете гледаат како на нешто подолу од себе и закана. Премногу е тоа за мало дете, со чисто срце и невиност.Премногу е и за нас возрасните. Преќутав и и реков дека ваљда било полно внатре, и и ветив дека штом се разубави времето,дека јас ќе ја водам, ќе одиме заедно. Ме гушна и рече дека кога ќе порасне сакала да биде како мене, да ја прави косата како мене и исто да се облекуваме. Јас слатко се изнасмејав и и реков да побрза накај дома додека не заврнало уште повеќе.. Преѓес се дамлосав кога дознав зошто те нема цели две недели. До наредниот пат, душиче малечко..
Знам дека тука не ок да се цитира но морав, сакам да искажам сочуство. Жално многу прерано згаснат живот,нека почива во мир
Свесно терав, иако знаев дека ќе добијам бан. Немам проблем со тоа воопшто, напротив. Дека 'ќе научам' да не се мешам во 'тој змијарник', нема шанси. Намерно одам во змијарници, затоа што така не е досадно. Ако сите викаме: Да, да.- тоа нема да е форум, туку црква. Впрочем, затоа и сум на 'форум', заради различни 'мислења' од моето. Не се прави дебата со истомисленици. Во секој случај, ти благодарам на грижата
СДК дека многу се плашам од усно полагање испити.Секогаш се кочам,тотално се блокирам. Секогаш се посрамотувам. Ама,и покрај тоа имам положено некои усни испити,па се надевам дека и во следната сесија ќе положам. Она мечка страв,мене не страв,си го велам....
Јас си го сакам Скопје,роден град ми е,иако е скоро цела година токсичен. Ама,ако сите се потрудиме,ќе го исчистиме. Ама,ај,оди исчисти ги луѓето од нивниот внатрешен токсицитет,да те видам ? Изгледа,некои личности се непоправливи !