Како може една жена да каже за друга дека е ЈАЛОВА ако не може да има деца. Јалова... колку морбиден збор! Сочувство, емпатија, нешто...?! Јок!
Не ми е јасно зошто лугево се толку големи демотиватори.Не знам колку пати се имам изнаслушано фрази од типот:,,Што имаш ти талент да постигнеш нешто'', ''Каде живееш ти''?,Не се глупирај,џабе сиот труд'' и тоа дури и од роднини и пријатели.Луге ако вие мислите така подобро чувајте си го тоа за себе.Да,тој што се труди окулу нешто и има љубов кон него,ќе добие резултати,можеби за неколку години,па мека бидат и децении,но не е ваша работа да обесхрабрувате некој да вложува во тоа што го сака.Да учи тоа што го сака.Да ги оствари своите соништа
И да ти е најголем душман,непријател,не треба да се радуваш за неговата несреќа. Умри човечки,не како бездушник,кој се храни со туѓа мака.
Како бе ги пуштате вашите остарени родители/дедовци и баби, изнемоштени и болни сами низ град? Или одете вие наместо нив, или одете со нив ако сакаат да бидат на воздух, не ги оставајте без придружба, не размислувате дека сешто може да им се случи?!? Мене срцево ми се кине, грижа на совест чувствувам штом видам стар човек како движејќи се премногу бавно, со помагала, излегува од аптека, маркет, едвај доодува... на некој на кого му е крв се однесува лежерно... сто посто седи дома на Интернет и ждере нешто.
Месецов, се изнабркавме со еден куп погрешно испратени и пристигнати писма, пораки, маилови...дури и разговори, еј, еејјјј(!) што, после денешново, страв ми е дека и мене ќе ми стават поштенска маркица (дур спијам) и ќе ме пратат у... Гаддем.
Имам многу маани како човек, една од најголемите ми е што никако не можам да престанам да се нервирам за глувци од луѓе. Порано трпев ептен и се нервирав, не покажував отпор, не се расправав, го почитував основното правило на кое мајка ми ме воспитуваше а тоа е дека наведната глава сабја не ја сече. Единствена добра работа е што со тек на годините созреав и научив како безобразни и злобни луѓе да ги праќам у пичку матер. Не можам, немам уште ни 30 години, а истенчени ми се нервите, не можам ама ич да толерирам некој да си игра курот со мене, посебно затоа што за чувства и емоции сум човек кој секогаш си кажува јасно и гласно што е проблемот. Најмногу од се што мразам е играње на игри и да се пробувам да дешифрирам што некој човек мисли. Свесна сум дека со моево однесување инфаркт ќе ме акне до 40, секој ден го живеам стресно и напорно, наместо кога ќе си дојдам дома да се опуштам, јас уште толку ќе се напнам ради фиромијада и античките што живеат тука. Ме гуши околинава, ме гуши простотилукот на народот, ме гуши оговарањето на работа, во продавница, дома кај мене на гости кога ќе ми дојдат, ме гуши ВМРО vs СДСМ секојдневието, ме гушат прашања акогаќетемажиме хехехеххе, ајде ајде уште дечко ти фали, штонесиродишдуринесипрестарена, не те личи толку да работиш, девојче си учи домаќински работи и вакви слични говна. Единствено нешто што сакам е да си одам на работа, да си дојдам дома, да одморам глава и да си излегувам јас каде што сакам, да си читам литература што мене ме интересира, да не се замарам со глупаци кои ми ја нарушуваат најбезобразно и најинвазивно приватноста и да си го терам животот така. Гајле ми е што ќе растурам пола пријателства и ќе фрлам во канта многу познанства, ама не можам да ги трпам веќе, како што мене не ме боли кур за нивните животи, така не сакам ни нив да ги боли за мојот. И ќе се карам и ќе се расправам. Е сега уште да најдам начин да еволуирам во поsupreme битие и да не се замарам за такви партали ќе биде супер. И пак ќе кажам, дури и да заработувам овде како што треба, пак ќе гледам начин да си заминам и онака ќе ме акне нешто дури не сум престарена, барем да сум во земја кајшто нема да те остават како куче да умреш. И ќе го плукам нашиов менталитет дури носам душа во мене.
Ми треба убав живот. Ми требаат правилни одлуки. Ми требаат вистински луѓе. Ми треба мудрост. И најмногу, ми треба храброст. Сакам многу повеќе. Способна сум за да доживеам успех и гордост. Зошто ова упорно си го правам? Да имаше психотерапии со подостапни цени и блиску, добро ќе ми дојдеше еден третман...
Сакам да кажам дека не ми е битно дали е некој бел, црн, стрејт, геј, религиозен, атеист... Се е илузија, на крај на денот сите се будиме од сон.
Треба да престанам со мојата надеж и моите очекувања од секого.Навистина треба да се сакам себе си повеќе. Барем доволно за да не продолжувам да давам дозвола на луѓето да ме третираат на овој начин
Доколку не видат односно не разберат колку навистина вредите како личност тоа е нивен пропуст не ваш. Важно е да не се разочарувате поради тоа што вие не сте згрешиле ништо.
Дали сум изрод? Дали сум едниствена што не успева да приспива некаде на друго место одвен дома со мојата перница мојот чаршав мојот кревет? Измчување ми е кога треба да заминам да спијам некаде на гости Ич не сакам и не можам Не сакам да си избегам од конфорот изгледа.. Не сакам да поминам време прилагодувајки се на тугите навики Сакам да сум слободна Сакам да го раскренам креветот кога сакам јас Сакам да шетам по гаки Сакам да можеби не ги мијам садовите Или да си купам или намачкам нешто за јадење Може сакам цел ден да лежам пред тв и да грицкам нешто ко сноб Може некогаш дел од алиштата се ми на столот расфрлани и чекаат подобар момент за диплење Единствена ли сум што сака максимлна слобода без луѓе наоколу? Не можам да си замислам да живеам со 4 5 а не па 10 луѓе крај себе Изрод
Криј ја, извртувај ја, разубавувај ја, прави што сакаш - вистината порано или подоцна ќе исплива на виделина... Во целата своја величенственост.