Тактички се прави тоа. Зготви добар ручек и објави во “Фемина инстаграм”. Дотерај се и стави една слика во модните критики и една во “мојата шминка”. Дотерај дете и прво нека направи така некоја cute поза за кај “клинците и клинцезите”, а после некоја откачена поза за во “интетесни фотографии од нашето дете”. Ако континуирано ги повторуваш овие 5 кратки чекори, за кратко време и до титулата “Форумски идол” ќе стигнеш
Неам толку алишта за толку слики, ниту сум фенси, ниту се шминкам, ниту дете ќе постирам, ниту знам да готвам кузнај шо! Осудена сум на пропаст!! Пропаст!!!
Тогаш, останува само напишеш некој ептен хејт пост кај снаите и свекрвите ( на пример дека си и залепила шамар на свекрва ти и си и покажала кај и е местото). Ако немаш свекрва- излажи малце
Абе за секс, да... ама нема таму интерес. Најчесто се мали попалени мажиња, овие жениве на форумов, посебно оние кои имаат деца, појма немаат од теми за секс Нема доволно акција! Да ги запукаме малите, со искуства од големите .... имаше вилиците да им паднат до земја ... ама не... стЛашно е тоа. Брутално!!!
Сакам да кажам дека страшно добро готвам, најдобро од сите што ги знам, на рамниште со добри ресторани. Не готвам строго по рецепти и грамови. Во главата си комбинирам состојки и зачини, што со што оди или не оди, пробувајќи проценувам што треба да додадам, и така. Тајната на моето готвење е што секогаш готвам со многу љубов, со ќеф и мерак.
@LollySky сакам да ти станам другарка,и да јадам и да ме учиш финти. Обожавам да си јадам со ќеиф особено ако е со мерак и со усул зготвено Инаку ме подзамисли за готвење. Не сум пресамоуверена дека сум најдобра,секојдневно напредувам,се надоградувам и имам многу напреднато. Фокусирана сум на разноликост и покомплицирани рецепти а и да нучам поубаво нешто благце да спремам се сум на купечко за тоа.
Мислам, читам коментари на фб и не знам што да кажам. Навистина не разбирам. Фамилии цели, деца горат во Грција, а некој тука е задоволен од сето тоа. Можно ли е???? Има човекот уште многу да еволуира.....страшно!!!
Абе кој, кооој ме тераше вчера да пијам како да не постои утре Многу ми е бед, како ќе се изгура овој ден не знам. Уште па на работа со такси дојдов, а внатре корне на пот и буреци, ми дојде 2 3 пати да му речам да застане, па отворив прозор и главата низ него, ме разби ветер.. Тешкото..
Ќе трујат кучиња. Ги напаѓаат луѓето и луѓето се бесни оти кучешкото беснило навечер е турбо,па од бес ќе ги труеле. Значи колку негрижа водат во градот,макар и куче да е. Абе шинтерска служба постои ко да не постои,барем некој заштитен дом да изградат да не шетаат кучињата така низ улици да ги плашат луѓето.Мислам и тие се живи суштества и срцето ми се кини коќе некој речи абе не мом поќе вака ќе им фрлам отров.Значи куче да убијат...то веќе ме боли,стварно па греота се. Алооооу разбудете се. Се треба да се средва во градо,не само да се згрижат кученцава. Море кој град,цела држава не ни е средена...
"Родени сме сами, живееме сами, умираме сами. Само преку нашата љубов и пријателство можеме да ја создадеме илузијата за момент дека не сме сами. " -Orson Welles
СДК дека ние луѓето сме најгадна форма на живот на планетава. На некогашна најдобра пријателка на мајка ми `и починал едниот брат.Само после неколку часа од неговата смрт,таа госпоѓа и другиот нејзин брат разговарале колкав дел од неговиот имот треба оние двајца да побараат,а немаат право бидејќи не се назначени како наследници,а починатиот има две деца. Која алчност,бре,а тие двајца се богати.
Ме отепа летово, у спиење ми помина. Нема базен, нема лето. Идеме директива на лето 2019, а до тогаш .
МИ СЕ ПИЕ ЛИМОНАДА. МНОГУ. Ама не сакам да станам да си направам зашто секогаш ја утнувам и ја правам или премногу воденеста, премногу кисела ама никогаш тамн. Проблеми.