Некои луѓе не знаев колку можат да бидат напорни дур не отидоа на одмор..слики, слики, слики...абе во ред е да си ставеш и некоја слика, не викам не..ама да бомбадираш со денови со секое твое кафе со секое твое јадење и пиење?!!..
Ја дочитав книгата и два дена немам што да читам, се заразив со книги. Утре прва работа- патот под нозе и право во библиотека. Залихите да ги наполнам.
Оди Струга. Поефтино ќе поминеш, а Охрид ти е на 15 мин вожња што е 1000 пати подобро отколку да се сместиш Охрид ама негде уџум,
Другари колку е воодушевувачки фактот дека ние сме една група на луѓе одбрани да живееме во денешницава и да делиме работи од нашето време. За разлика од тие пред нас што починале и тие после нас што ќе се родат. Ако го знаеме ова ќе ги цениме повеќе нештата што се околу нас секој ден бидејќи можеме да ги изгубиме. Ама замислете, можевме да се родиме во времето на Александар Велики, во времето на Исус, во црниот век или во времето на Достоевски. Можевме и во 3018 година но ние сме овде и тука , заедно сплотени кој помалку кој повеќе, секој има вредност и секое познанство има причина. Ние делиме нешто. Делиме живот, делиме секојдневие, делиме таков живот што само тие што се живи во јули 2018 го живеат.
Секое утро ги гледам како прават попис на контејнерите. Секое утро гледам како ја пребираат облеката уредно оставена во кеси, пакети. Ја пребираат со дрскост. Ја распалталуваат и фрлаат. Ми иде да ...знаете ... Секое утро се прашувам дали Вам кои ја оставате Ви е толку тешко да ја подадете некому кому навистина му треба. Не е тешко ниту навредливо да се остави пред вратата на комшијата за кој знаете дека нема. Не мора никому ништо да кажете, само оставете ја онаму каде треба.
Искрено кога гледам како се однесуваат со мигрантите ми е жал за тие луѓе бидејќи не заслужуваат да се однесуваат со нив како со криминалци. Не се тие виновни што се приморани поради различни причини да ги напуштаат своите домови и со цели семејства да поминат толкав пат за да бидат угнетувани и ограбувани. Вистина потребна е строга контрола за да се избегне инфилтрирање на криминалци помеѓу овие групи на луѓе, ама врзување на мигранти со пластични ленти и претепување не е начин на кој треба да се однесуваат со нив. Плус пак таа западна политика е виновна за тоа што тие ги напуштаат своите домови.
Најголемиот и најлошиот непријател ти е оној со кој ја делиш крвта. Не верував во ова кога го чув,но сега се уверив дека е така. Навистина треба да бидам повнимателна !
Отварам фејсбук и читам вести: Доктор од Италија: Сите го имате дома лекот против рак Цетински: Оливер бакни ми го Тоше и запејте некоја Куче скитник влечело дел од човечка нога у Бутел Гасам фејсбук.
Не може едно пријателство да започне ако го градите врз лаги. Една лага е доволна да те боцка, да не ти дава мир и да мора да кажеш крај јас вака не можам да продолжам понатаму.
СДК дека секогаш ги земам со доза на резерва оние коишто кога ќе се фатат на оро раката ти ја подаваат како миледи, нежно и лабаво, па ќе испадне малиот прст, па ќе испадне показалецот, па ја бркаш да ја фатиш убаво за рака, па не можам да се концентрирам на оптан-топтан. Исто и оние кои се ракуваат на тој благороднички начин. Или кога при поздравот го местат образот ти да ги бакнеш.
Сакам да кажам Да отидам некаде на планина Со него и со малово Во дрвена колибка Еден викенд Под борјата и елките Под некое базентче со поглед на планина Па и не мора да го има Битно да сме ние 3 јца во една куќарка Околу животинки Да се смееме и да се гушкаме сакам Просто сум запрепастена како едно мало човече од година ипол знае да љуби толку силно животни Се топи на нив Е тоа мало човече ме научи да ги сакам животните и да им се радувам Не можете да ја замислете неговата љубов и милост во едно 1 годишно дете колку љуби животни Поради него ќе купам папагалче и хрчаче можеби ... Да се радува он Среќно да му е дома
Само во Струга и Охрид, танго часови за господа и госпоѓи над 60 години. Слушнав дека ќе било бесплатно ако се дојде во придружба на родител. https://www.facebook.com/ldastruga/...49845657992/10155748739807993/?type=3&theater
A couple of days ago, I came across this tweet кој беше relatable to the max, и кој барем од мое искуство, ме потсети на една навистина засрамувачка случка од скорешнава научна презентација. Honestly, I don't know why, ама досега за повеќето научници кои сум ги запознала или со кои сум соработувала, имаат екцентричен карактер и мислење во поглед на облеката и покрај тоа што верувам дека истата, освен што треба да се остави добар впечаток пред колегите, и нема толку голема релевантност од она што имаш да го претставиш (иако навистина се трудам да изгледам професионално но и скромно за мојава релативно млада возраст во споредба со останатите). Така, на последнава научна презентација во која учествував, беше присутна една професорка која ми прокоментира дека мојата комбинација и изгледа познато, како од некоја серија. Се насмеав, велејќи дека најверојатно ја потсетувам на ликот на Dr. Harleen Quinzel, (and strangely enough, навистина несвесно сум го копирала нејзиниот изглед: црвена кошула, бел мантил, црна сукња, бујна пунџа, nerdy glasses, кармин во борда боја ...) на што професорката ми направи една "what the hell" фаца Бидејќи не знаеше за кого станува збор, обидувајќи се и појаснам и реков: "You know, the Arkham Asylum psychiatrist, which the Joker turned into the super villain psychopath - Harley Quinn..." И очигледно реченицата: "Oh, she's just a fictional character " само ги влоши работите и ме направи да изгледам како да сум nerdy cosplayer at Comic-Con, а не сериозен научник Fortunately, во тој момент дојде менторот (кој претпоставувајќи дека со неа зборуваме за научно поврзано теми), започна да разговара со професорката за резултатите од моето вселенско истражување And in that moment, let's just say дека бев навистина благодарнa што впрочем за кратко време успеав да се извлечам од таа awkward ситуација...
Она кога темана „17 години, а се немам смувано“ на почетна ја читаш „17 години, а се немам силувано“...
За некои жеМски на форумов, и надвор од него, врв на пијанство им е да се иповратат на некој у фаца, да му се јават на бившиот, или па да се измуваат со тројца у иста вечер... Али мене, нали наравно, врв на пијанство ми е коа ќе дојдам дома мртва гладна, да јадам додека седам на шоља у ВЦ, и секако да првам скрин шот на мобилниов, за да и покажам на другарката шо телефон сум си купила...
Многу ми се интересни ликови на форумов што ако во една тема не се согласуваат со нечие мислење, автоматски членот им станува најголем непријател и во сите останати теми е против истиот, па тука следат постови против членот, па боцкање, па навреди и исмејување, па и да му се допаѓа било што од истиот член (било пост, мисла или слика) за инает нема да стисне "ми се допаѓа" Среќна сум што во животов немам такви луѓе околу мене.