Од кај ја "ископа" мудроста? Калифорнија, Шри Ланка, Индија и Малдивите - чекајте да соберам храброст па се гледаме. СДК многу мразам кога жените пишуваат за своите сопрузи и дечковци длабоки постови со смајли што шмрка мрсулче и срце скршено. Небаре два метра под земја се Боже ме опрости, а не на работа во странство. Фмп.
Кога некој член прашува мислење за иста работа или споделува нешто исто на повеќе теми, не е офтопик, а ако сакаш да рашириш информација за помош на мачиња кои сигурно ќе умрат ако веднаш не им се најде мачка доилка, тогаш ова е офтопик и мора да биде избришано! Добри луѓе веќе им помогнаа на мачињата, згрижени се. Не дека ве засекира многу штом толку ви бодеше во очи мојот офтопик!
И тогаш кога мислам да се откажам, кога сум уморна од сè, кога чувствата и мислите ми се испомешани, кога ми опаѓа самодовербата, продолжувам да се борам, зацртаната замислена цел ми е привлечна, ми вели ајде издржи, не може ништо да биде полошо од тоа ако се откажеш, можеш само да добиеш, но не и да изгубиш. Губиме ако се откажеме на пола пат, губиме ако воопшто не почнеме да се бориме. Трпелива сум, иако има моменти кога во мене има бура од различни емоции и мисли, најтешки се оние моменти кога во нас се борат срцето и разумот. Дозволете срцето да ве води, никогаш нема да згрешите. Ќе бидете несреќни и фрустрирани ако му дозволите на разумот да го победи срцето.
Зошто некој би пријавил такво мислење? И кој модератор одлучил да се избрише такво мислење? Страшно...
Очигледно правилата на форумот селективно се почитуваат. Боде во очи скриншот од малецки маченца фрлени на улица, а не пречи убаво спакувано вреѓање, буцкање и препуцавање во куп други теми.
Не пречи латиница, не пречи говор на омраза, не пречат ниту мислења кои се крајно деградирачки за женскиот пол, ама затоа апел за помош пречи.
Денес еден разговор ми го насмеа лицето, ме расположи.А беше разговор од 3 реда со доставувач на пратки. Шефот од вчера ми кажа ќе дојде пакет да го примам и отворам бидејќи не е негов за работата е.Ок му реков. Ѕвони домофонот претискам на отварачо и трчам да отворам една па друга врата и гледам го нема , а тој не може да влезе во првата врата.Трчам пак назад пририскам подолго.Мислев ќе дојде мојот пријател што нон стоп му отварам врата ама не беше тој.Се појави висок симпатичен дечко . -Хало, и го треска пакетот на земја.Тежок. Ми вели Наме(презиме) , какво наме бе човек јас сум од фирмата никој не ми барал до сега.Кажувам и очекувам да ми бара да спелувам нормално огромно странско презиме. А тој титка нешто на тој читачот и ми дава да потпишам и ме прашува: -От Блгарија ли си? -Не од Македонија. - Блиску сум.(Се насмевнувам) -Да. -Ајде имај убав ден. -Исто и ти -му враќам. Останав да го гледам низ вратата и после 10 секунди , а него го немаше одама. Убаво е кога ќе сретнеш нашинец
СДК... Кога не знам од каде да почнам продолжувам од каде што сум застанала. Сијаличката што трепери не згаснува без нечија помош...
Има луѓе што, ако во тек на работно време си отвориш фејсбук, инстаграм, форуми, си читаш портали или нешто трето што не е поврзано со работата, ќе речат дека си, народски кажано "клати врата, земај плата". Мене ми се дешава кога губам енергија и волја за работа да одам да се заклучам во тоалет, да седнам на шоља и едно 10 минути да си решавам судоку на телефон. Што знам, ми помага. Како медитација ми доаѓа, со оглед на тоа што го тргам умот настрана од тоа што го работам. После тоа, можам на работата да и се вратам во регенерирана форма, малку поголема продуктивност и со засукани ракави. Одвреме, навреме ми е потребно лабавење на мозок. На секому му е. Секако со усул. Само не знам кога ќе сфатиме дека континуираното тупење на умот е нефункционално. Не е се во времето потрошено на работа.
Еј убаво ме потсети за судоку Штом веќе емоцииве ми се факд ап, барем да си оттргнам мисли со решавање
Велат моментите низ минатото се паметат долго, па ако не и цел живот но, оние доживеани со енормни емоции со некаков печат што оставил зад себе На пример многу често знам да се присетам на моментите кога бев дете, колку само умеев да играм. Не, на мене не ми требаше огромна куќа за барбики оние кои што сега ги гледаме на јутуб што децава гледаат или честопати ги сретнуваме низ маркетите, јас се задоволував со 2 таборетки што и ден денес ги имаме дома само обложени со друг нов материјал ги ставав една врз друга, земав крпите на мајка ми од кујна и ги ставав од сите страни за да изгледаат како ѕидови, пријателки на мајка ми ми даваа ситни парченца материјал кој што со една мала штипка за коса ги затегав позади и играв .. така играв бесконечно и секојневно со чупави барбики кои ги сакав најмногу на свет.. Летото правев базент во еден леген и ги бањав ги ставав да се сончаат како на плажа И бев многу среќна.. Посебно кога ќе ми дадеа нови материјалчиња или праалчиња за облека... Некогаш дури и не спиев од возбуда за да играм Што ти значи дете И што ти значи скромност на која што секогаш ме учеше мајка
Другар: Брзо кажи ми збор на Ч! Јас: ЦРЕШНА! Другар: (се смее) ... Тоа е на Ц што збориш? Јас: ... Добро де дека има Ч во зборот испомешав... Другар: Другар: .......................???????
Среќа е да бидеш прва смена на работа и да продолжиш во Центар на шетање со другарката до десет. 24 часа во движење. Среќа е да појдиш на шопинг, да си избереш парчиња облека и да си пробуваш (иако знаеш дека треба да почекаш до плата) . Среќа е да се погледнеш во огледало, задоволна, насмеана,чувствувајќи се секси.
Често пати има денови кога навистина чувствувам дека тежината на целата планета е ставена на мојот грб... Од раните утрински часови поминати во предавање и пресметување во научниот институт со професорите, па се до квечерината кога уморна се враќам кон дома и размислувам за чекорите што треба да се превземат понатаму во научното истражување. Така, како што и сега паѓаше ноќта, врз мојата глава веќе се појавуваа ѕвездите кои ме потсетуваа која ми е целта и за што се борам секој ден. Помислив дека со нивното треперење, бесконечното ноќно небо ми се заблагодарува за тоа што го правам во името на вселенските науки. Сепак, длабоко во себе знаев дека нешто ми недостасуваше во тие моменти...Иако ми се чинеше дека секогаш уживав во осамените прошетки навечер, подалеку од луѓето. Влегов дома и го затекнав татко ми како читаше една од неговите стари книги по физика во неговата работна соба. Од моментот кога ме виде таква преморена, почувствував потреба да му раскажам за се што постигнав денес, меѓутоа свесна бев дека секогаш ќе бидам замолчена со истиот одговор од него: "Тоа и го очекувам од тебе... Ти си, сепак, моја ќерка" Поради тоа решив да не зборувам и рамнодушно ја фрлив чантата со сите забелешки во неа и продолжив да се искачувам нагоре по високите спирални скали. Секогаш постоеше едно место каде секогаш одев во вакви мигови...Влегов на малиот таван и го отворив стаклениот прозорец од покривот кој ми го покажуваше целото небо. Уште еднаш бев повторно оставена само со ѕвездите. И планирав така и да продолжам. Одеднаш, слушнав како некој седна зад мене. Се свртев и го видов татко ми - и тој се ѕвереше во ѕвездите. Без да ме погледне, само рече: "Знаеш дека љубовта кон науката си ја наследила од мене. И двајцата се занимаваме со неа, не сме туѓинци" Но не му дадов никаков одговор, продолжувајќи да гледам низ прозорецот. Тогаш и слушав како тој се повлекуваше назад кон неговата работна соба. Знам дека не реков ништо, но немав и никаква потреба од тоа. Бидејќи не претчувствував, туку едноставно знаев дека оваа ноќ тукушто стана помалку осамена за мене...
Има песна ,,Черешна се од корен корнеше'' што сигурно ти е некаде длабоко во потсвеста, па затоа си се збунила.