тоа сакам да го кажам дека одкако почнаа да експериментираат почнаа да се случуваат секакви работи...Човек сам што ке си направи никој неможе
За тие што не прочитале и не знаат дека имаме вулкан во Охрид. Јас не знаев еве признавам, со дечко ми кога поминувавеме околу таа област наеднаш почна нешто да мириса невообичаено. Потоа ми кажаа што е, лелле срам ме фати зошто не знам. Човек учи додека е жив нели. Ова со вулканот мислам дека може да е и сериозно, зошто се случувало тоа и порано. Можеби во минатото било со некој мал интензитет кој постепено низ годините се ширел. Никогаш не се знае што може и како може да не удри мајка-природа. Самите сме криви луѓе, никој не ни е виновен. Не знеме да ја цениме моќта на природата,а треба да знеме дека кога тогаш можеме да настрадаме заради сопствените постапки и ниската свест. Сигурно утре ке има повеќе детали околу ова. http://vesti.mk/read/news/2060361/67019 ... a-na-ohrid
Понекогаш се замислувам и си велам самата на себе да не се искажувам толку многу пред другите за среќата која што ја имам и чуствувам ,има многу лоши и љубоморни луѓе се ќе направат за да ти наштетат и уништат нешто но фала богу мислам дека во моја близина такви луѓе нема или сеуште добро се кријат На моменти се плашам да не го изгубам сето оваа што го имам...среќата, луѓето што ги сакам, љубовта,здравјтето,добрите и верни пријатели кои се бројат на прсти за жал ... Ама гледам да немислам на такви работи да не си стварам негативна енергија и да не се нервирам за онаа прашање : што ако ... Болното минато прави да бидам себична и внимателно да ги чувам најважните работи,поминав многу лош период но мислам дека вербата во Бога ме прави посилна и Господ ме наградува за се што проживеав и издржав хм... што јас знам можеби ... Веќе 3 години и неколку месеци го имам истото чуство во мене кога се спремам за да заминам кај љубениот Абе пеперути насекаде ми летат не само во стомак Убавини шта да ви причам Треба да се осети таквото нешто затоа што едноставно неможе да се опише таквото убаво чуство. И секогаш велам : нареден пат не носам толку алишта со себе па шо сака нека биде како да не еве куферот пак е полн за 4 дена цел плакар со мене Ама па си велам што ако таму ми текне :ееј оваа сакам да го носам и оп сум го оставила дома ,затоа се со мене и чао пријатно шо си е сигурно сигурно си е . Се радувам бе луѓе како да не се радувам кога навистина е најдобриот човек што сум го сретнала Добро сеа не дека е мој ама навистина е така ,секој нареден пат се чуствувам се позаљубена ,секогаш имаме нова тема за муабет ,никогаш немаме досадни моменти,каде и да одиме најубаво ни е сами (добро сеа не дека не сме дружељубиви) замуабетени расприкажани абее не гледаме шо се случува околу нас ,забораваме кај сме ама АКООО убаво ни е а тоа и е најважно. Муабети и планчиња за во иднина од негова страна хохо нешто што најмногу ми годи во последно време како заедничка темаа за разговор Секогаш си велам : само за арно нека е ,нека ни биде вечна љубовта,да сме живи и здрави па друго се ќе биде
Само касното јас добивам некои идеи и мислења за животот, проблемот е што утре ги заборавам, али не е битно. Вака касното мислам дека ако сакам и математика ќе решавам.. http://www.youtube.com/watch?v=P8KhDiYeN_g Добра ноќ.
СЕ ВРАБОТИВ ЈЕЕЕССССССССССССССС После толку време и напор конечно си ја заслужив оваа среќа ! Нека ми е со среќа мојот нов почеток да си редам многу успеси и со лесно нека ми е работата ! Чувството е преубаво , му посакувам на секого да му се случи не знаете како се лувствувам , едвај дишам од забрзано работење на срцето.... Среќна сум среќна.... Почастете се сите и посакајте ми среќа
Проклета ноќ беше тоа. А не требаше. Требаше да биде посебна, најубава. Ме уби тишината. На секој обид да проговорам, да изустам, ме стегаше кнедлата во грлото и го снемуваше гласот. Молчев, а се кажував. Сакав, а не се покорив. Проклета да е гордоста и инаетот во мене!
A man like that is hard to find but I can't get him off my mind Ain't it sad And if he happens to be free I bet he wouldn't fancy me That's too bad So I must leave, I'll have to go To Las Vegas or Monaco And win a fortune in a game, my life will never be the same...
Колку ја разбрав тоа е поствулканска појава ии „ Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност“ (од википедија) http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0% ... 0%B5%D0%BB Така да за сега сме безбедни од вулкани
Девојки... некогаш стварно можеме да бидеме напорни. Ама онака, ептен! Една ме напна, и' се скршил ноктот, па очекуваше изгледа некоја солза да и' поклонам. Трипати ми раскажа, како го подвиткала ноктот! Значи трипати! Алоооо, Франкфурт, на Мајнааа! Алез гуд? И мене ми е криво кога ќе ми се скрши нокт, али сигурно нема да цмиздрам. Има катаљарда полоши работи што може да не' снајдат. Па уште ме прашува, што мислам, дали ќе и' пораснел брзо? Девојко, те молам олабави ме! Spoiler A што има некои... брбљаат ли брбљаат. Не можеш до збор да дојдеш, еј! Навиени, празни воденици, е*аго. Пошто нели, само они имаат нерешливи проблеми. Не дај Боже да ги прекинеш... у ствари не можеш ни да ги прекинеш. Трета нашла некоја диета, се слабеело 15 кила за 15 дена. И сеа мене ме прашува дали е вистина. - Не! Не е вистина! 25 кила се симнуваат! Ја се дубоко извињавам за мрчаторскиов пост, али ми прекипе више. Аман. Соске нервоза? Дикле романтика. И поздрав со песнава. Ми се уврте ептен у глава. http://www.youtube.com/watch?v=Cjp9Zi7atw8
Кога имам 300 обврски на глава, а ногата ми е повредена и не можам да одам, и не сум јадела три дена, секако ми треба некој да ми се дере.
Толку имам за кажување од каде да почнам само, а ако почнам ќе биде тоа кажување на долго и широко, иако сакам да биде кратко и јасно. Вчера бев дежурна во училиште и не знам дали некој дежурен досега има испиено повеќе топло чоколадо од кафематот во училиште. Па зафрканции, кратење на часови...дефинитивно овие моменти се незаборавни. Остајте на страна тоа што пола дежурство спиев. Велат среќата ги прати храбите, па сега дали сум и јас храбра што и покрај тоа што почетокот на школската година го започнав со 2ки за на крај ќе поминам со сите 5ки. На стара слава живеев оваа година, а од следната реков ќе пробам да учам, па сега ако не што е тоа е, сепак 9то одделение ќе бидам. Колку глупо вака, некој пример ќе ме праша Кое одд си Дрим? И што ќе кажам 9то сум. Бре бре мајката, се знае 8мо што им требаше 9то одделение да воведат. Да можам да спијам и по цел ден, цел ден би спиела, значи што дете сум, доаѓам дома од школо и право во кревет, а во понеделникот, па добро е што не заврна во 21 часот си легнав, а секогаш легнувам после полноќ. И утредента уште ми се спиеше нцц... И еве сега да го напишам постов и ко заклана сум одам да спијам. Ете ти, пак излезе на долго и широко. Леќа ноќ, ова де имајте убав ден.
Образовниот систем во земјава е едно големо ср*ње,и овојпат не се извинувам за изразот. Денеска имав обврски во Ск и специјално отидов, се вратив во Велес само за да полагам колоквиумот и сега пак треба да одам.Ај што си легнав во 5,а станав 7 туку цело сабајле трчав и едвај стигнав на факултетот. Е тука пак,си почекав фино лепо 3 саати професорицата да ме удостои со своето присуство,а кога конечно дојде ми рече дека колоквиумот бил одложен за другата недела или за Јунска сесија. Јакото е што само јас имав право да полагам на колоквиум од цела генерација и висев таму како една голема глупача. А госпоѓа професорка само ми рече недоразбирање било,да дојдам другата недела да полагам. Не е недоразбирање тетке златна,туку оние од студентски прашања не знаат да напишат едно соопштение,туку преферираат да дискутираат каков секс паднал меѓу Махир и Фериде отколку да си ја работат нивната работа. А една друга професорка пак ќе ни пратела дополнителен материјал за време на викендот,а во понеделник полагаме.И кога сака да го научам,хм? Тотално несериозни и непрофесионални луѓе,па после нас ќе на научат да бидеме академски граѓани. Ќе преминам чекање и недолично однесување,ама јас денеска изгубив 1000 денари што нелесно се заработуваат,за тие да се ладат,башка мора и другата недела да останам до крај,а дома немам си отидено Така да вие што сте помали од мене,ако сакате чисти и конкретни докази за скапаното општество во кое живееме и нелуѓето кои го формираат,запишете се на факултет,тука се ќе видите. Богами најмногу научив како да си го контролирам бесот,оти не дај боже да им речеш нешто погрешно на господата,ќе те земат на пик и ќе си останеш недипломиран. Работава поарно крави да пасам по ридовите,отколку да барам знаење по установите
Добρо бе до κаде ќе одите со затајување на дела....Уште што се нема да ви истеκне за да напρавите да се забоρави убиството на матуρантот.Ајде поплави κажувате во Сκ и Велес во ρед ама состојбата не е алаρмантна па и постојано да најавувате невρемнсκи непогоди.Нз само κаκо ви теκна да напρавите узбуна со најавата за вулκанот во Охρидсκо може стваρно е стρашно и се ама не затсκρивајте и затајувајте ги пρедходните ρаб.Сега гледате само фа го свρтите вниманиет о на наρодот κон невρеменсκи непогоди а тоа што еден млад живот згасна тоа не е битно и не тρеба да се κазни.Сρам да вие!!!
Мое сочуство И јас ја делам истата „љубов“ кон начинот на функционирање на образованието во Македонија, ама ете во наше време паралелките во основно беа од 30-35 души, во средно пак околу 30, сега во основно иако е задолжително се едвај по 15 деца ако се околу 20 ако се тоа е голема среќа, зборувам за во внатрешноста во Скопје не знам како е ама сигурно се повеќе кога цел држава скоро е таму преселена, ама кога ќе дојдат тие деца за да се запишат на факултет, ќе мора да го направат студирањето задолжително, за да не пропаднат, или да ги затворат сите други иниверзитети и секој која има пари и сака да студира ќе мора да дојди во Скопје, ако не, нека се снаоѓа. А не е далеку ако тие деца во основно имаат сега 10тина години за 8-9 девет години ќе се случи тоа што се очекува, ако не и побрзо односно на есен кога ќе дојдат првите рати од кредитите.
Понекогаш кога гледам некои теми овде, се што не се постира и објавува, се прашувам како Фемина (во тој дел) се разликува од Фејсбук.
Повеќе никогаш нема да ставам слика од моите нокти во Темата-Вашите нокти. На зарек ми фатија Вчера ми се скрши ноктето на најмалиот прст
Одамна го немаше ова чувство на возбуда и среќа во мене... Кога се радувате за нешто постојано сте насмена , дури без причина се смешкате и лицето ви сјае... Изгледате по убаво, зрачите со енергијаа... Но најубаво од сето тоа е што и луѓето ја препознаваат таа енергија во вас и на некој начин им ја преннесувате. Се радувам се радувам , се смеам , среќна сум....Детска радост песнната ми е некако ептен така расположлива https://www.youtube.com/watch?v=6XwdUodj1A0