До сите оние коишто викаат дека сум се променил, и тука и у риал лајф: I'm sorry, the old @Mr. Right can't come to the phone right now. Why? Oh, cause he's dead! Фмп.
Кога ќе научиш да ја применуваш животната филозофија Ништо не форсирај си научил со мудра тактика да му дадеш можност и на невозможното.
@DAngel и @Briar Rose што убава тема сте почнале. Мене исто интересно ми е тоа што порано црвениот кармин во Грција бил носен само од проститутките, како начин на демаркација, како жиг. Во истото тоа време во антички Рим карминот се сметал за симбол на богатство, па само најбогатите жени го носеле. Ете што ти значи различна перцепција на една иста работа. Во Египет Клеопатра го обожавала, нејзините робови го правеле со толчење на бубачки, пчелино саќе, окер, мравки и рибини крлушки во Англија, една од кралиците сметала дека карминот има лековита моќ па ставала еден тон на устата. На смртна постела ја нашле со десетина слоеви кармин. А за суфрагетите, тие се делумно заслужени денес што имаме право на глас и што денес сме слободни да се облекуваме како што сакаме. Едни од најхардкор детерминирани жени, колку само патња виделе по тој трнлив пат. Откако биле апсени дека се вештерки и дека ќе ги "дискриминираат мажите" како што беше лупнато пред некое време овде за дискриминирани хетеро, не се откажувале и почнувале протест со глад. Бидејќи никако не можеле да ги натераат да јадат, а веќе се повеќе жени почнале да се приклучуваат, почнале во затвор да им пикаат насилно црева преку уста во желудник за да ги хранат, така имало повеќе жени кои починале ради прегруба манипулација со тие црева, им пробушувале органи буквално. Вака некако изгледало сето тоа Потоа смислиле план кој бил наречен "план на мачка и глушец" каде жените кои биле максимално истоштени од глад ги пуштале дома, па повторно ги апселе ако малку се накренат. Сакав да кажам жени бидете благодарни што сме се родиле во овие години, затоа што веќе имаме почва на која може слободно да се гази. Ама не треба запирање, уште во голем дел од светот има нееднаквост. Феминизмот е многу убава работа, се дури не преминува во feminazi и секоја жена треба да биде феминист според мене. А не знам дали има тема за вака рандом trivia факти, таму да си дискутираме, да не не караат тука дека се цитираме.
Мажи кои се против абортус и жените што абортирале ги нарекуваат убијци, мажи кои сметаат дека жените жртви на сексуално вознемирување сами си го бараат, мажи кои сметаат дека жената мора да е невина до брак зашто е жена нели...епа ги жалам жените кои би се заљубиле во ваков маж. Понижување за нив како жени е да бидат со маж кој не знае да почитува жена.
Вистината, искреноста, доверувањето - ослободуваат и олеснуваат, но кога се споделени со вистинските личности. Додека кога тоа ќе се направи ради реда, во очај поради тежината и со било кого, за којшто не се ни знае добро колку има разбирање и емпатија - баш напротив, уште толку се станува заложник... на таа личност или поточно дури и на сопствените чувства на сомневање, долг кон истата поради самото сослушување на тие свои проблеми и сл. Затоа, затворените и таинствените не се еднакви на фејк и неискрени луѓе.
Понекогаш не знам што е подобро. Разделбите ми се тешки, далечината уште помалку поднослива. Сакани луѓе кои си ги чувствувам блиски во себе ги гледам два пати или еднаш годишно, а некои и еднаш на повеќе години. Секогаш кога ќе се видиме во очи им ја читам љубовта, поврзаноста, добрината, надежта дека овој пат средбата ќе трае што подолго. Деновите минати со нив си ги чувам во себе како нешто најдрагоцено, за секогаш кога ќе ми недостигаат да се присетам и насмевнам затоа што дури и тогаш знам дека се покрај мене. За било што и за било кога. Луѓе кои ги сакам. А средбите завршуваат толку бргу, како времето да трча во тие моменти. А сакам... толку многу сакам да трае. И ги запирам солзите сe до мигот кога веќе времето не ита, туку оди полека но пак боли. Ги прегрнувам, и сите зборови, чувства, кажани и некажани се во таа прегратка. И солзите сами си наоѓаат пат за да го кажат сето она за кое јас не наоѓам сила да зборувам. Се испраќаме со понекоја насмевка и малку повеќе солзи, а највеќе со надеж за поскора следна средба
Не разбирам како од еден ден имам садови за миење ко да сум имала журка со цела населба. Сама, поголемиот дел од времето надвор, и пак имам за средување. Треба да ѕирнам во темата за магии и бајачки.
А десет години шо правеа? Ај мавнете ми се со патетичниве причи. Се вратив на одмор у поголема вукојебина него ли од шо заминав. Не ми се веруе, еј... И малце ни е.
Баш се радував за денешната полна месечина (26 Август), кога одеднаш темни облаци па од сите страни, молњи, грмотевици... Ок.
Не мора со ВМРО да чистите. Има и други организации. Пред некој ден група волонтери го чистеа просторот под железничката. Луѓето што не сакаат секогаш ќе наоѓаат изговори.
Волонтерите ги организира Ирена Ристич. Вчера ја чистеа Универзална и покрај тоа што многумина во коментари и кажаа дека таму се е чисто и нема потреба од чистење. Дури и ја поминав завчера пред универзална и беше навистина чисто. Се си мислам дека и они само за фејсбук лајкови го прават тоа или за некакви политички агенди, ама ај, да не грешам душа.
Со сласт си го пијам кафево на тераса у планина, и не, не ми треба телефон уствари не ми требаше ото убавината и мирот беа поскапоцени од истиот... Беше толку мирно и спокојно, свежо и студено, чисто како кристал, ерезото светеше од сончевиот зрак, а лебедот се огледуваше во истото. Пред многу години имав глупо чуство за планини, доживував возрасни, доживував животни и секакви звуци, доживував меланхолија и некаква си досада за разлика од сега кога уживам во нив, се рефреширам од се, најмногу со мозокот и свежиот воздух.. спокојот кој владее Се гледа дека созревам и стареам па ми годи бесконечниот мир и свежинава на душата и очите.
Ima likovi koi znaat da lazat. I jas znam deka e fantazija no sepak so dusa cekam nivni postovi I zaplovuvam vo magijata na nivnoto more od lazgi. Ama ima I od onie koj bas mi smeta sto lazat, epten nemaat darba za toa. Ako nekoj se pronajde tuka ke go zamolam da si prodolzi da si laze ama mallku bare po realno da bide da pravi keif koga citas. Eve, historical fiction knigite se izmislica ama imaat sarm pa polovina planeta odvaj ceka necija izmislica da izleze od pecat.
Значи знам дека од вас има многу што живеат во странство , колку што можам да увидам повеќето не сте такви . Ама има една посебна категорија на луѓе што пред две ,три или пет години отишле и готово јазик забораваат , ајде и тоа може се случува ама каде со муабетот" ауу леле и воа сте го имале тука" е не бе заостанати сме ние ,племе шо појма нема од ништо. Последно што чув од една комшика , што тука немаше скршен денар ама ајде отиде во Германија демек за работа се омажи таму за постар од неа 30 год ама богат ( сето ова го кажувам во контекст на муабетов) беа на одмор во Хрватска една недела и после дојдоа и ми вика "убава хрватска ама поскапа , кога нас демек Германциве ни е скапа вие никогаш нема да ја видите". Сериозно?
Колку само животот знае да испише тажни и чудни судбини. Секојдневно сретнуваме еден куп луѓе без да претпоставиме каква е нивната животна приказна. Денеска случајно сретнав една таква. Од глава не ми излегува. На својата секако сум навикната, па дури и не ми се виде толку лоша.
Поради еден другар кој им се пушташе на сите другарки,со една се фати,со друга се смува,со трета се земаа ни се растури цело друштво пред неколку години Јас бев на негова страна и продолжив да се дружам некое време додека не се освестив што направи. Но доцна се освестив. Сега тој не би ми помогнал. Но една од тие другарки сега ми помогна многу иако тогаш не бев на нејзина страна. Другарка доброто го памти,лошото го заборава. Додека другар лошото го памти доброто го заборава. И пак женското испаѓа пофер од машкото. Сега некој другар би ме цитирал да може Брат која другарка беабе смувај ја еј Заеби ти женси другаркити си забегал со паметот Криза за женски е па со другрките мора
Oд само-деструктивни однесувања, омилено ми е кога ќе се напијам 8 кафиња и 10 енергетски за да истерам all-nighter два дена пред испит, и после до 5 да чистам/дремам на интернет/медитирам/вежбам пилатес, место да фатам да учам. Боже ми помози.
Форумот стана нешто слично како огласник. Слободно кој што му треба нека си пише. Пример: Барам кука за Мерцедес Ц 220 ако случајно некој има нека пише во ЛП.