Животна лекција -- Никој не те ебава два посто. Тука си кога им требаш, тука си, кога сакаат нешто од тебе, тука си, да те ебаваат како што сакаат, тука си,кога сакаат да ти се пофалат.Тука си, да ти се прават најпаметни итн итн итн. Колку луѓево знаат за тебе, знаат нешто за тебе, толку полошо ќе си поминеш. Не се знае кога нешто некој ќе ти забие нож во грб. Не ја сфаќам поентата, само своето да се гледа. Толку површни луѓе и плитки луѓе неможе да има. Не се зафатени кога им требаш, али ако ќе ти извртаат муабети, како они немаат време, како они неможат сега, како они.демек чекале ти да се јавиш. Па понекогаш добро е кога некој ќе ти се јави, ќе те праша како си, и ајде на кафе нешто да се видиме, без да се има задна позадина. Ама нееее, немало време............... Подобро е да се не знае ништо за тебе, ама буквално ништо. Така на луѓево нема да им се даде знаеше ништо за твојот живот што правиш, па да ти готват нешто од зад грб или да го искористат твоето против тебе. Барем нека си ги вадат фантазиите од нивниот грб, па нека живеат со тоа. Ама, живи ќе се изедат ако не дознаат нешто за тебе.
сакам да кажам : дека животот има падови и успони...но некогаш си скршен што незнаеш што да правиш...незнаеш што да мислиш ни чуствуваш...е тој момент е најзаебан...
Понекогаш, погледнувам нагоре..се насмевнувам и си зборувам: "Знам дека, тоа беше ти, Господе! Фала!"
Многу подобро ќе беше, ако не глумевте лудило. Застанете позади она што сте рекле, што сте направиле, она што сте. Не лижете кај што плукате... Ви се смеат.
Ништо не ни е дадено така,ради реда....секое мало невнимание ,покажува голема неодговорност - кон себе и кон најблиските
После цели 3 месеци на пекол и сахари и обледени природи конечно ја доживеав магијата на дождот, на облаците и тмурноста. На чуството да ти е ладно и да посакаш ќебе и врело какао. Нека трае миров.. Колку мир и спокој донесе времево, убавини Позитивност на денов ..
Сакам да пршам , абе луѓе каде толку дотерани одите? Па го испраќате детето прваче не на свадба во школо.Што сакате да кажете со таа ваша облека колку имотни ли сте или колку комплекси имате Јас ли се научив на скромно облечени луѓе или кај нас претеруваат малку Секако во толку мал град сите ве знаат кој сте не мора да се пренагласувата Со среќа на првачињата и научете ги на скромност
Сите газди бараат работници со искуство, ама како да го стекнам тоа глупаво искуство? Кај? Од оние првите уште нема абер. Дремат. Оваа другата барем ми кажа сум немала искуство, не може да ме прима. Ама не се разочарувам. Ако не биде на струка, ќе бараме друго
СДК денес се вселив во хостел (немаше каде да престојувам три дена па морав) , и сега дојде еден тип од Канада и зборевме што зборевме, супер фин дечко е , заминал од Канада во Јануари и оттогаш патува по европските земји, автостопира, си ужива во животот. Моментално седиме во иста соба и типот си чита Џон Гришам. Сакам вакви паметни луѓе, ама за жал ретки се.
Не сме тие што мислиме дека сме Или што се преправаме дека сме Па... кои сме всушност? Добар петочен муабет кравче, хај фајв.
Булинг не е кога од зад тастатура ќе истапиш без трошка знаење, култура и осет за туѓите чувства, и со омраза кон групи луѓе - па како резултат на тоа некој ќе ти враќа со сарказам и ќе те нарече трол/игнорантен/шовинист (што е целосна вистина). Како што ни депресија не е кога на еден рандом облачен и дождлив ден си расположен/а само за слушање бавни и меланхолични песни. И биполарност не е само обична променливост и импулсивни реакции, и ОЦД не е само висока уредност и посветеност на хигиена. Не минимизирајте значење на зборови кои означуваат вистински проблеми што на многу други луѓе реално им се случуваат.
Замисли да си бебе/мало дете во денешно време. Приватност во минус. Другарките на мајка ти ти ставаат лајкови на голото газе, а ти појма немаш. Си спиеш мирно во креветче, или седиш на нокширче, или јадеш, или се бањаш, а мајка ти застанала до тебе со телефонот те слика и директно те остава по социјалните мрежи за да може секој да те гледа. Навистина некои родители веќе ја преминуваат границата само за лајкови и реакции со срциња. Иако се мали човечиња од неполна година, сепак треба да им се почитува и нивната приватност. Само сетете се дека и тие бебиња утре ќе пораснат и лесно самите ќе се пронајдат на интернет по некој форум или група на фб, како какаат на нокширче или како голи се бањаат во детски базен. Друго е да гледаш како позира дотерано детенце или намерно прави смешни фаци, а друго е како занесено си игра/јаде/се кака. Уште полошо е па кога разбира дека го сликаат и почнува да плаче, не сака да се слика ама сепак сликата магично се нашла на интернет со солзите на детето. (Гледаш слика со расплакано и луто дете, а под неа пишува Hehe Stefan4e ne saka da se slika) Па стварно осет да се немало. Како во реално шоу да се децава, па секое залаче мора да се сподели со јавноста. Зачувајте нешто и за домашниот албум, аман. п.с. Да не правиме муабет каква приватност имаат децата на јутјуберите што прават дневни влогови
Сватив едно нешто во животот Колку и да си надарен и да те бива во се, колку и да си харизматичен и позитивен, колку и да си борбен и да се трудиш ако среќа немаш во себе се е џабе.. Таа мала искра е можеби клучниот поим за многу работи во животот. Ем те поткренува психички ем успеваш физички низ животот.
Гледав една емисија на National Geographic каде ги истражуваат причините поради кои се случиле одредени авионски несреќи. Причината за првата беше по мој заклучок себичност на пилотот, кој поради долгови решава да изврши самоубиство, но притоа да повлече со себе уште 107 други животи. Зошто? Зарем имаш право злото кое си го избираш за себе да го избереш и за друг? Себичност и нечовечност. Уште повеќе внимание ми привлече вториот случај. Пилотот излегува на кратко од кабината. Копилотот останува сам во неа и свесно ја намалува височината на летање на авионот додека минуваат покрај Алпите. Пилотот чука и бара да му ја отвори вратата, свесен дека авионот ќе се сруши. И се случува токму тоа. Самоубиство на копилотот, а со него и на сите 149 патници и екипажот на авионот. Со истрагата за причината поради која копилотот решава да го направи тоа се открива дека страдал од депресија која му била дијагностицирана од психијатар. Некое време поради тоа бил и исклучен од работата, но потоа се враќа со белешка дека е потполно излечен. Сепак прашањето е дали воопшто може да му се довери таква одговорност на човек кој веќе страдал од депресија? Сепак се работи за човечки животи кои се во негови раце и во случајов на негова милост и немилост. После тоа исто така откриваат дека човекот непосредно пред несреќата имал повторно посетувано замислете дури 40-тина психијатри и му било препорачано да не се враќа на должност. Сепак вината не е во него, бидејќи е психолошки нестабилен. Но, се прашувам каде е тука одговорноста на психијатрите?! Поради заштитата на лични информации не ја известиле авио компанијата за неговата состојба, но сигурно никој не би побарал од нив да ги раскажуваат неговите лични проблеми. Доволно ќе било само да известеле за неговата состојба и ќе спаселе 149 животи. Колкава одговорност носиме понекогаш не сме ни свесни. И да, можеме да придонесеме за подобрување на себеси и опкружувањето единствено ако знаеме да понесеме одговорност за сопствените постапки.
Кога некој гледа во мене не знам дали ме препознава или ме гледа оти му личам на идиот го прочитав некаде и си се пронајдов комплетно
Лиценцирана фирма од Македонија бара лице за работа: Работна позиција: Гатач. Плата: 2000е Број за гатање: *** *** *** Сам си барам да ми досаѓаат по телефон
Се ежам од луѓе на кои ништо не им е погодено и кукаат од се. Баш од се. Тргни по тоа што еднаш сонцето им е раат, после пак гледаш дождот им го прави животот поубав.
Вака утрински, дека ја сакам најмногу ..Следуваат подобри денови, во есента...а едвај чекаме, да дојде зима. Сами на снегот.
Неверојатно е важно да ги потсетите луѓето околу себе дека добро се држат, дека што било поминало и не вреди глава во ѕид да се мава за тоа. Не сме безгрешни, не живееме во минатото. Во овој свет каде секој се бори со толку многу видливи и невидливи проблеми, стварно е важно некој да ви стави рака на рамо и да ви каже, добро ти оди, успеа до овде, што и да се случи, you've done well so far.