благодарам душо, но верувај дека ми падна тешко..премногу ме исклеветија, премногу....и ми го скршија ќеифот....но дојдов повторно поради тебе и уште многу искрени членови на форумов кои никогаш не глумат лудило, кои се достојни на секој збор, кои не потпаѓаат на никакви лажни поздрави и пофалби....идр..ме разбираш нели......форумов има членови кои ги сакам навистина, поради кои и се логирам ....
Јас од една страна Септември дојде. Испити се ближат. Паника на level 100. Вриштам во себе. Јас од друга страна Чек.....,што ти е,ма ? Што се тресеш ? Имаше и други тешки испити,па ги пројде и тоа пресупер. Ај,голтни си Дијазепам и читај упорно и упорно,па гарант ќе успееш. Не знам која страна да ја послушам(ама се храбрам да биде втората).
@nextredstyle , ќе положиш, еве јас верувам во тебе Јас во јуни полагагав 3 испити што мислев уште две сесии барем дека ќе ги врткам, ама ги положив сите, па ти ја предавам среќата тебе СДК: Нормално... За нормално кај народот се смета тоа најчесто што се појавува. Аналогно на тоа, нормално не мора да значи и дека нештото е добро или оправдано , туку само дека се практикува од значително голем број луѓе. Наредно кога ќе ви речат - нормално е, замислете се....
Да достигнеш благосостојба било навистина лесно - само научи да кажеш Не, Не сакам, Не можам, Не знам!! Сепак, секогаш има онакви кои не знаат да прифатат Не за одговор.
И ако некој ти понуди поклон од 1ооооо евра или вила во Охрид и тоа без никаква надокнада ти ќе му речеш НЕ, НЕ МОЖАМ?????? Бубче ма???
Сдк од мај па наваму ретко која недела нема свадба во маало. А мене ми е сосема таман кога ќе ги чујам тапаните. Едино само кога пукаат се нервирам. Се друго си е таман...
Баба Рада, нормално дека ќе кажам Не! Кај има поклон или што било во животов без барање или очекување нешто за возврат?? Ни баба на дедо не му дава за без ништо, нели
Прво , добредојде бабичке, #реално кога те снема видов уствари колку му фали на форумов личност како тебе, така да welkomen back. Друго сарказам,заебанци или не сакам да потенцирам неколку работи во врска со оваа реченица и да го претвориме ова во една убава лекција за нашите мили членки. #Реално не знаеш какви се тие 100 илјади , дали се валкани , може утре у 3 сабајле полиција да ти дојде, да го јадеш стапот , се разбира дека кога некој ќе ти понуди поклон од 100 илјади нема да ги прифатиш без разлика кој човек е тоа. Едиствена ситуација каде што можеш земеш 100 илјади е ако ги најдеш во куфер оставен некаде, така зимај и бегаааајјј и се гледаме на канарските острови. Исто како што кога ќе најдеш 1000 денари и ќе се почастиш нешто храна и пијалок. МОРАЛНАТА обврска е да се почастиш ти и твоите другарчиња кога ќе најдеш пари на улица. Тоа е морална обврска!! Е сега #реално никој нема ни да ти понуди , ниту пак ќе најдеш 100 илјади , од проста причина бидејќи живееш во Македонија и не заслужуваш таква среќа. Вила. #Реално многу тешко се одржува вила , голема , зима време и пари , треба да плаќаш чистачки и чистачи , па проблеми ќе ти крадат чаши , виљушки , разни прибори , ако имаш ќерка ќе и ги крадат гаќичките за да ги остварат нивните дрти фетиши итн итн ... многу работа , многу пари за одржување, па и во Охрид е ... мислам.... мислам пфффф ахахахаххахаха.... не е на Канарските острови ххелоууу , него во Охрид , мислам дека ќе преболам и нема да ме гризе совест ако одбијам вила во Охрид. И така , ништо лично кон тебе , само сакав да потенцирам зашто јас лично би одбил ако се најдам во овие 2 ситуации. Проста причина , колку и да е убаво и бесплатно, секогаш има некоја "цена" што треба да се плати за да го имаш тоа. #Реално Убав ден денес , ви било убаво да се прошета до парк и да се манијачи нешто, би било убаво indeeed..
немаше потреба од толку филозофирање, поентата ми беше на бубалче да и предочам дека БЛАГОСОСТОЈБА не се добива така лесно употребувајќи ги зборовите НЕ и НЕМОЖАМ и НЕСАКАМ....тоа беше.....а јас нејќам да влагам во расправа, се беше добронамерно кажано, без никакав позадина..но кој како му фаќа црпката, така си размислува,.....
Читам по темите во образование како се возбудени за првиот ден средно, за професорите, ми текнува како пред 3 години бев иста и јас, па што да облечам, како да се претставам, тоа стресови. А сега толку ми е гајле шо утре и со пижами би отишла на себе, јер последна година ама ич не ти е гајле за све, не ти се ни појавува дури. Според ова стварно треба да почнам да применувам едно правило што често го среќавам, да не се секирам повеќе од 5минути за нешто што за 5 години воопшто не би ми било битно. Додуша фактички ни 1-2 минути, пошо за година-две забораваш и што било.
Сдк: на мое големо незадоволство, сфатив зошто постоела таа опција "it's complicated", покрај останатите married, single, relationship итн. Порано не верував во реалноста и потребата од неа. Ама ете, имало прв пат за се. Штета само што во животот најчесто ми се докажуваат оние работи за кои јас имам негативно мислење...
сдк кармата не спие никогаш. луѓето само знаат да се во длабок сон.. дур не им тропне на врата. е тогаш. Тогаш почнува забавата.
Се чувтствувам недокажана. Живеам во друга држава, зборувам на друг јазик, ама не е тоа тоа. Имам толку многу да кажам, а не можам. Знам дека имам многу други предности тука, но недокажаноста некогаш ме угушува. Валда со време ќе се промени. Или па нема.
Затоа викаат не суди некој за неговите постапки, или никогаш не викај никогаш. Знам за што збориш, па затоа и се потрчав да коменитрам иако не се однесува на тебе ова, или на твојата ситуација. Само се надворзувам Сум се дрзнувала да коментирам за некои работи и да јадам бурек за тоа како јас нема никогаш така да направам, или јас нема да бидам во таква ситуација. И после поминува време, ми го шлапа тоа во фаца и ми вика: А сега? Е, тогаш магично перспективата ми се менува и сфаќам зошто, или како некој може да направи нешто. После седам како покисната мачка, и си мислам веќе нема да судам никој за неговите избори. Барем можам да си ги признаам грешките без страдам од повредено его. Станувам толерантна