Ова Бертево Додевско колку и да е некакво, ова емисииве кога и ги гледаш, секогаш имаат некој дашак на луксузност. Особено ако се погоди дестинација на која си бил, одма се осеќаш евентуално, као да живееш на друг левл, мајке ми.
^Прочитав последните страни од чиста љубопитност, зошто се заклучила темата, и останав со подзината уста за многу работи напишани. Сувишно е пишаново, ама запрепастена сум па еве пишам. Какво мислење има женскиот род за себе, и за светот околу себе...
СДК мислев никогаш нема да речам дека ми фали одењето во средно школо, ама само поради дружбите. Брзај, брзај прваче кон школскиот двор......немој утре вака да ве влечат за во школо.
Секој ден се повеќе сум иритирана. Насекаде околу мене слушам осудувања за физички изглед на друг човек. Отсекогаш таквите осуди ми биле претерано ниски и од крајно неинтелигентна природа, но најчесто и доаѓале од луѓе за кои сум немала високо мислење па поради тоа и не сум била претерано зачудена. Но кога ќе слушнеш ваква осуда од блиска личност која дури и си ја земала како позитивен пример некогаш затоа што си ја сметала дека отсекогаш била емоционално интелигентна, тоа делува претерано иритирачки и разочарувачки. Како да се објасни дека арогантните коментари за физички изглед секогаш имаат влијание врз поединецот?! Како да ви се објасни дека никој не си ги посакува сопствените недостатоци, но треба да се цени начинот на кој избира да се прифати себеси онаков каков што е во моментот?! Имал/а клемпави уши, крив нос, бил/а висок/а или низок/ниска, дебел/а или слаб/а.. Па што?! Што ве засега тоа вас?! Не сте ни 1% подобри од него/неа со ваквите бедни коментари. Всушност за мене лично со секоја осуда одите по неколку скали надолу за почитта која сум ја имала, се поуспешни во целта да го достигнете дното. Ако веќе сакате некому да помогнете да ослабе или да се здебели, поуспешно да се справи со некој недостаток (или нешто што го/ја прави посебен/на, нели, кој како гледа на работите), тогаш тоа кажете го онака како што би сакале на вас да ви го кажат ако вие сте биле на другата страна. Не со ароганција и не како вие да сте Зевсови или Афродити. И не. Немам клемпави уши и немам крив нос, ако тоа се прашувавте Фмп
100 пати кажана лага ,велат дека преминува во вистина. Ама лошото е кога тој што ја кажува лагата самиот верува во неа
Седам и си мислам како можам да бидам креативен и ... Се осеќам лошо затоа што немам со кого да играм граница, жмурка и не мора пошо ипак физички поголеми ла нема места мн за криење, немам со кого да се бркам .. у лревод немам со кого да си играм и смеам . Сите вака што ги знам се незаинтересирани за тоа. Кој од помислата што ќе кажат другите демек тоа е за мали деца а кој од начинот на social conditioning демек машкиве сериозни се сеа, слика (кола, одело,пура,виски,фотелја, im the boss). За мене сите се умрени у себе. Ок 25год ќе иам уше малце па што. Не е проблем што ќе се бркаме .. ние се бркаме и во видео игрици кога гејмаме а демек не можеме на трчаме ? Треба посериозно да се третира физичката осакатеност на популацијата. Џизс. Не знам шо да кажам. Ако мислите дека тоа е too childish.. е од тука треба да почнеме за оправање на проблемот.
Многу сум... не сум на чисто со себе. Си направив еден куп модринки на газот, ама гајле ми е, ми истрошија негативна енергија. Практикував јога Знаете она мотивациските сликички од типот ју кен ду ит, ако сакаш ќе се оствари? Е така јас сакав ногата преку глава да си ја протнам. Не ми е прв пат де, ама practice makes perfect, еден ден ќе биде. Ќе видам што има од другата страна на ногата. Можеби ќе ми помогне тој поглед и за подобра депилациија Сфатив дека уствари мене не ми е проблем газот, или стомакот, или нозете. Мене главата ми е проблем. Ете ногата совршено добро ја дигнав, ама главата не можев да ја свиткам да се протне. И за мост добро го кревам остатокот од телото, ама главата не можам да си ја кренам. Па дојдов да ви кажам дека и главата од многу мисли може стварно многу да тежи, па да ви прави потешкотии при вежбање Затоа... не мислете многу. Зашто ете, од многу мислење, што глупости смислив јас Во меѓувреме, следна поза
Ако ви кажам дека купив златна рипка пред девојчето што го изгреба милионот... Животе имаш ли душу?! Не удира гром во коприва. Мамичето!
СДК само што завршив со репризирање на Charmed (по n-ти пат). Aaand it still gets me. Forever Charmed!
Седам и мислам дали понекогаш е потребен болен енормен труд за нешто во животот или е сепак потребно и склопување на коцки Ќе да е второто Не знам која виша сила доаѓа за некои работи ама дефинитивно ако се сака нешто да успее ќе успее и по само од себе и по една мала пуштена искра која ја дува ветерот не сакајки а таа разгорува!
@x.Daisy.x. , same story here... Сега се помислувам пред да исхејтам нечија постапка или избор. Чудесен свет... Никогаш не останува покусо
Се прашувам како станав преголема страшливка, песимиста, да ми нема цел животот. А на луѓето им делувам смирена, мислат "мува не ме лази", а толку деструктивни мисли, анксиозност, секоја постапка и кажан збор се преанализирани. Приметувам до кое дереџе сум стигнала кога и во Тинекс на ред на каса ме облева пот, доаѓа паничнипт напад... расте полека стравот и паниката во мене и полека пробувам да се исконтролирам. Доаѓам дома преморорена како да сум трчала маратон, легнувам во кревет и немам желба за ништо повеќе. И секој ден избегнувам такви стуации, не ми се работи повеќе, постепено губам и пријатели.. Се трујам со цигари и не излегувам надор од комфорната зона. И така секој ден на рипит. Мора да се сменам, не се познавам повеќе, а бев најавантуристичното човече. Го сакав животот.. А сега се плашам од него.
Јас сакам драми,комедии и акциони филмови. Не сакам романтични филмови. Луѓе ми велат,е,женско си,како може да не сакаш романтични филмови ? Е,па така,не ги сакам затоа што се премногу фиктивни,преполни со фантазија. Во реалноста не постои господин совршен и принц на бел коњ. И оној правиот,вистинскиот тип има маани. Ама,за да успее врската,мааните треба да се подносливи. И момчето и девојката треба да си го прифатат нивното карактерно несовршенство за да постигнат нешто што ќе наликува на совршенство. Ама,не треба да се брза.Волкот често се крие во јагнешка кожа.
Сдк: Мило ми е што ќе залади во скоро време.Јесен стиже дуњо моја. Обожавам лето ама не го обожавам делот каде што МОРАМ да се возам со автобус кој смрди на мишки ама онака удара во синуси..40минути.Нит клима нит прозори отворени на господата пензионери им дувало..они изгледа не ја осеќаат реата од нивните кромиди и празови?Значи ми немаше спас немав парфем целата реа околу мене ме гушеше дури и нотите на мојот парфем изумреа.А ја отворам прозор тој ќе затвори аман човеку па да се угушам?На крај ја ставив раката на прозор и не можеше да затвори. Нити клима имаше нити прозор отворено освен тој до мене а фул хаус беше и петок беше..Од утре ала-ала ќе е со средношколците и пензионерите. *ноу офенс немам ништо против нив ама забегуваат понекогаш