Дали е можно? После неколку месеци упорно обидување да го вратам својот профил на форумов, се одлучив да направам нов, зошто сите обиди да ми се препрати нова лозинка на меилот ми беа безуспешни. Spoiler Би замолила некој од модераторите да ми пише лп дали е возможно повторно да функционирам преку стариот профил Епа, Irrepleceable is back. Фино-лепо си го заборавив пасс и никако неможев да се вратам назад Не е битно, сакам да кажам дека ми се направи меракот конечно што можам повторно да пишувам на овој форум. Во меѓувреме само едно ќе се пофалам - ќе дипломирам месецов Убава вечер од мене до вас
Вечерва сме весело женско друштво. Јас, мајка ми и тетка ми. Еднава свири на расштимована виолина а другава на исто таква мандолина. Кога не си го послушав мм да си земам тампони за во уши оди сега земи стапчето па мафтај. Диригент - Озбилна Жена Хрчат бе, во дует Ај уште малку ќе ги послушам па ќе си земам перничето и на втори спрат. Ај добра ноќ и убави соништа Нема бабарога. Ќе си умрам несфатена
Сдк дека некако неможам да се навикнам на новиот аватар Редно беше да сменам аватар , и тоа со причина но секој пат кога и да го погледнам мислам дека е некоја друга феминка хахаха ама ајде де Жив се човек на све навикне... Нек ми е со среќа утре https://www.youtube.com/watch?v=OyrHIWLK7tI
Помирно е кај тебе? да се смениме мор дојди ти ваму па биди озбилна Утре на волан ќе заспијам.. Ем наспани ем нашетани сакаат госпоѓиве :geek: Добра ти ноќ
Поради тоа што на Фемина сто години не сум се вклучувала, и ми текна старите мислења да си ги превртам. Боже што ти не имам пишувано, пред некаде година, две . Не знам дали да се смеам или да плачам. Некои работи во момент напишани, којзнае што сум мислела . Ме фати некоја носталгија за форумот, не знам зошто. Не ми се верува дека скоро три години поминаа откако сум тука член. Тогаш средно завршив, а сега и факултето ми летна толку брзо. Остаревме на форумот . И ај за да не давам со глупости, поздрав до сите од мене
Сакам да кажам дека ме прави најсреќна! Цел ден сум онака малце ретардирана како резултат на нашите „женски деновии“ И цел ден кажвам колку ми се јади благо, благо, ќе умрам за благо... И во 12 сатот дојде и ми донесе огромен сладолед и киндер чоколатца Ааааааааааааааааааааааа
СДК се претворила во салата од реплицирање... Поминаа оние времиња во кои раатот можев да си го најдам читајќи убаво склопени текстови, омаж на нечиј ден, емоција, бездруго во сопствен стил на сите форумџики кои веќе ги нема... Тажно, а јас на слободен ден се разбудив во 7 и еве, еден час ја барам неправдата. Кафе со лимон и Madredeus, Off Fest на повидок и уште куп нежни нешта на кои срцево ќе ми одмара. Сакав да кажам, дека нема што да се каже, понекогаш.
Не знам дали ја знаете онаа рекламана, од Ајде дома. За плахарите на Акрон мислам беше: - Лелееее. Не ми се влегува дома, кога ќе помислам што се' ме чека. Главава... еден куп помешани чувства. До душа тоа веќе не е глава, али не е битно. Мислам ме сфативте. Фиоките, плахарите - тоа да не зборам. Задник преку глава. Можеби треба прво нив да ги средам, а потоа се' друго. Општи хаос преовладува кај мене. Изгубена сум до бескрај. И да видите сега каква салата сум си направила. Бомба! Четириест минути ја правев. Постојано нешто ново правам. А распустов има цел да го поминам во испробување на нови рецепти.
Ги планирам сите слики со наскоро новиот апарат,се радувам на летото,уживам со другар ми кога ќе отидеме онака до парк со сладолед и ќе збориме на рандом теми. Си се радувам на брат ми, има една горда сестра. Секој ден на тераса гледам спектар од бои при заоѓањето на сонцето. Уживам да садам цвеќиња со мајка ми,иако секој пат им ги заборавам имињата. Се радувам на цветањето на новите ружи во двор, се радувам на џиш розевите цвеќиња кои прават контраст за милина со белата фасада. Планирав одење во театар ама ногава во лонгета дигната на перница ми ги расипува плановите. Го погодив времето за да истегнам лигаменти, десет дена пред полуматура.А имав и натпревар,се спремав толку многу за него и горев од желба да победиме,ама тоа е што е. Имајте убав ден сите
Ех Обама, го немат, па не се ни јавува, ме заборави скроз, а баш сакав да му се пожалам за некои работи, знам дека ќе ме сослушаше... Ех, светов до каде отиде, климата се промени...така да човек не може да очекува нештата да бидат исти, не променливи или ќе ги прифати нештата такви какви што се или ќе си дозволи да си изгуби драгоцено време за нивна промена, иако гарантирано не може да ги промени.Во животот поважно е човека да си го подобрува карактерот, да цели кон подобро, а не да жали за минатото, кое и онака е мртво.Штета ќе биде ако човекот не ги согледува работите подобро, ако не го проширува својот поглед за животот воопшто.Се може да направи човек, само ако сака.
Е ова се бараше да се прочита. Секогаш биди ми среќна, драга ричи. Позитивен и пријателски настроен човек како тебе и те како заслужува секогаш да е среќен. _______________________________________________________________________________________________ Иначе другари мои, како сте ми, арни? Јас, така според слободно време ве дружам. Вчера колку саати врнеше без престан, 154 ? Арно ми дојде, со години се немам изнаспиено толку.
Ако знаете некое место каде што ќе можам да се скријам од самата себе, јавете ми. Ме мачи некое лошо претчувство...
Времево колку ми годи не сте свесни Секогаш велам подобро да ми е ладно отколку да се потам Ама озбилно шо ...несакам лето ,така да максимално ќе си уживам во ваквите денови како денешниов. Си станав денеска порано испланирано ми беше да одам порано на шопинг да земам некои ствари кои ми се потребни.Шетав сама како ненормална едно 3-4 саати ама па најубаво ми е сама бе ,колку сакам ќе си се задржам ќе си разгледам што сакам никој ни ме брза ни ме замара. Се вратив со полни кеси и знаете што не си купив?! -НИШТО ама баш ништо за себе Многу сакам да подарувам и да ги правам другите среќни,подароци за луѓето што ги сакам без никаков повод убаво спакувани абе кејфови. типичен бик Татко ми е прибрилив за гардероба сака квалитет ,па му одбрав денеска една добра блуза на кратки ракави која што сум сигурна дека е полн погодок,едвај чекам да си заминам дома и да видам негова реакција На мајка ми и купив чевлички за на работа,на сестра ми и купив корсет ќе скока од радост кога ќе го види.А најмногу пари поторшив за трите срцки (девојчињата што ви ги споменувам повеќе пати) им купив количка со бебе и алишта за да го преоблекуваат бебчето.Леле која радост ќе биде кога ќе го видат подарокот ааах уште од сега ми се полни душата Љубави ми е на работа јас да го потготвам ручекот па да си го чекам да се врати Бликам од среќа Имајте убав ден и започнете го убаво викендот
Не знам како е кај вас по дома, ама мене спалната соба ми гледа кон спротивната зграда, можам слободно да кажам ВО спротивната зграда. Кога ќе видам низ маало некој комшија што сум го глеала кај што си руча по дома ми доаѓа да го поздравам. Сепак блиски си ги рачунам, па нормално кога пред мене се оптегнале лежерно на тросед да си гледаат тв. Таквата слобода значи блискост, па нели е ред здраво да им кажам? Ај тоа, ама се прашувам колку од комшиите мене ме виделе (полу)гола ... Spoiler Скопје опрај се со градењево згради! Тешко тебе ако ми ги споиш прозориве со некој друг