Денес добив порака во деловното ел.сандаче со наслов -I need someone who can love and appreciate me. И јас би, само сакам прво да се научам себеси да се сакам и ценам. Милион и двеста илјади и петсто шеес два пати имам кажано дека ако немаш очекувања, не можеш да се разочараш. Мото ми беше. И тоа е лага. Можеш, секогаш можеш. Затоа што реално да си немал очекувања, одамна ќе си тргнел одредени луѓе од себе. Стварно се прашувам, толку ли наивна бев кога бев помлада, или толку беа поинаку луѓето, кога сите зборуваа за драматичното бодење нож во грб, си свиркав. Како да ми е доцна да се разочарувам во луѓето, или не. Изгледа никогаш не е. И глупав ми е тој збор, се разочарав. Ќе речам, заемно повеќе не сме си потребни. Спогодбено. Разочарување. Ич не ми се допаѓа. Како некој некому нешто да е должен. Кога се повторува, не сте на чисто со односот со таа особа. Зарем не значи тоа дека вас повеќе ви значи, отколку вие на неа? Изморена сум. И филмски пуштив тужна музика у позадина, да се појача на емоции. Утре ќе ми помине. И повторно ќе немам очекувања, и повторно ќе се разочарам после некое време. Ама секој нареден пат се подалечни и поладни, па помалку ќе значи.
Сакам да кажам дека вечерва Тим Б забележа историска победа Голема благодарност до сите кои го прочитаа мојот пост и помогнаа за победата Идам да славам сеа
СДК дека денес немам нешто паметно да кажам. Главата ми прска,а дремам пред компјутер наместо да си се напијам апче и да си легнам. Каков памет имам,еј...........
Многу споменици има тука, огромен број на споменици. Сигурна сум дека пола од спомениците се тотално непознати за поголем дел од луѓето. И на Скендербег видов споменик дури. Ама... сите споменици се во паркови, секој побитен споменик има меморијален парк. 40 бронзени статуи во еден парк, кому му сметаат? Апсолутно никому. Ама трчаат луѓе околу нив, шетаат, седат во ладовинка, во сенка. Си го извадат ручекот на пауза од работа, па од едната страна споменик, погледот према езерце и си уживаат. Вика плоштад, се залетав јас плоштадот да го видам. Плоштадот да ти бил пак парк, само што не е толку изолиран како останатите паркови. Си викам, колку зеленило ќе имаше кај нас да имаше парк за секој споменик. Парк Гоце Делчев, парк Цар Самоил, парк Кирил и Методиј. И чист воздух и место кај што ќе "избегаш" барем на кратко од сивилото на денот. Знаете што е разликата? Што кај нас ако сум уморна психички ќе дремам пред книга дома, овде ќе ја земам книгата и ќе легнам во парк на сред град како што имаат уште 10-20 луѓе околу мене легнато. И после ќе сме биле лексилиум нација... Ами што би сакал да бидеш кога ти убиваат сѐ што е убаво?!
За се во животот имате разбирање, дури и за многу комплицирани работи кои дел од вас ги прифаќаат без проблем. Ама не ми е јасно како немате разбирање за едноставни работи. Нив не се ни трудите да ги разберете. Работи кои на некого би му го промениле животот, доколку вие ги разберете. Но вие имате толкав капацитет што не ве интересираат едноставни работи. Дали некој размислувал за ова некогаш? Искрено се сомневам.
Умот знаел многу да лаже... Глупото е што дур тоа се случува, не сфаќаш дека е така. Барем не свесно. И кога на крај ќе си ги видиш магарешките уши на тебе и сфатиш кој дебил си бил - или уште си, притисокот се крева, нервите играат чочек а во глава ти се превртуваат сите предупредувања од луѓето околу, и ти се чини прв пат ги слушаш, прв пст вистински ги заушуваш. Ама јеби га, касно е. Најчесто е...
Uste da e tocno toa. Koj li bara I kade bara student taze izlezeni od klupa? Ne e tolku idealno nikade.
Сите некогаш сме биле студенти тазе излезени од клупа. И јас, и ти, Ваљда не ти дошло искуството гратис со дипломата...
Кога има сурови нешта во светот всушност тоа е аларм дека живееме во недоволно едуциран свет, или знаењата што ги имаме се малку или погрешни. А заради такви грешки од неедуцираност нечиј живот е упропастен. Фокусирајте се.
Тргнав да пишувам пост за мојот дедо, кој веќе 4 години е на оној свет. Ама сфатив дека нема да најдам соодветни зборови да опишам колку беше посебен за мене тој човек. Среќна сум што знам дека ме гледаш од горе и знам дека ме чуваш. I have a guardian angel in heaven and I call him grandpa.
Велат: ,,Ако нешто силно сакаш, целиот Универзум ќе скова заговор да ти се оствари." Кај мене е: ,,Ако нешто силно сакаш, целиот Универзум ќе скова заговор да НЕ ми се оствари."
Не било културно жена да покаже среден прст. А па кај мажи, легендата вели дека наместо подавање рака си покажувале среден прст во знак на поздрав. Пошто културно.
Сериозно??! Ајмо помош народе!! Е значи стварно.... Готово гасам нет. Бдв,што било убо ко ќе избришеш некои луѓе од животот, милина. Колку само непотребно сум се замарала само. Ехее, кај ми бил паметот. Остатокот од животот планирам да си го поминам убаво, јас како што сакам! Ете така! Позз, убав ден
Она кога по милионити пат си велиш дека нема да се нервираш за работи кои не можеш да ги смениш,а пак упорно се јадеш и гризеш за истите...
Сакам да кажам дека радоста и среќата доаѓаат во различни облици. Јас сакам да подарам радост, крзнена. Имам четири маченца, бушави ќе бидат, со долго крзно и би сакала да подарам некому што ќе го сака мачето, што е љубител на животни, што ќе го опсипе со љубов и за возврат ќе добие многу радост и предење. Само едно е момче. Жолтото. Другите се девојчиња. Spoiler: Убавини
Моментот кога дете чуствува грижа на совест бидејќи му омалеле патики, фармерки и трењерки. Со лесно почеток на школска година... Се прашувам за кого кога и родител и дете со клопче во душата.