Колешкава до мене, има 38 години (мажот ѝ е една година во странство) имаат 2 деца и типкава си флертува со скоро секој маж што ќе влезе во дуќанов,без разлика дали е сам или со жената или фамилијата. Им се смешка, демек ги шармирала сите мажи таа. Еднаш, и завршуваше смената, и дојде еден згоден, стварно згоден тип. Чекаше да заврши со купување и го праша дали е за надолу да оделе со лифтот. Не знам што да кажам или таа е будала или јас што не флертувам со секој маж што ќе влезе. Кај е почитта бе?
Луѓе што коментираат и мрчат на секакви банални детали од тоа како некои (како тренд) се сликаат по социјални мрежи, како некој ја наместил устата/рацете/нозете, па колку му била (фејк) спонтана позата, па дали му/ѝ личи ко за машко/женско... I'm silently judging you.
Како е тоа твоја работа? Изгледа си заборавила со кој се' си флертувала и ти. Претпоставувам, и тебе не би ти било убаво, колешките да те оговараат по интернет. Нели?
Не е моја работа,не реков дека е. Сакав само да посочам дека моралот е изгубен, Јас не флертувам каде што не треба,па не поготово на работа. Не би ми било убаво.
Сигурна си? Читам многу теми... и секакви работи пишуваме... убаво е, да не заборавиме што сме напишале..
Не оговарам,посочив личен пример за ЖЕНА или "жена" како сакаш. Ти благодарам што се грижиш. Поздрав. Добра ноќ.
Кажа колешка дека ти е, дека маж и' е во странство, на други теми имаш пишувано каде работиш... Луѓе можат да поврзат 2 и 2 и да дознаат која е. Скопје е ова, не е Њујорк. Оговарање е.
Јас се вработив на друго место. Оваа ми е нова колешка. Ако сака да поврзе некој 2 и 2 нека ми пише ќе му кажам подетлани информации.
Омилена активност на свадби ми е набљудување на безизразни лица фатени на оро. Изразот на лицата не им е во склад со она што им го прави телото. Тие играат, но задлабочени со мислите, исто како кога гледаш низ прозор додека патуваш.
Извини ама не е во ред да кажуваш подетални информации за некоја рандом личност. Не би сакала и тебе некој трет да ти го направи истото. Се размислува два пати пред да се каже вакво нешто
Знаете зашто не ми се живее во Мкд ?Поради луѓето,менталитетот,само да се озборува,да му се наштети,да се потсмева,секој ги гледа туѓите мани,а никој не ги гледа своите,луѓе што многу морализираат продаваат ветер и магла со нивната демагогија,лицемерието стана како добро утро,се лажеме меѓу себе и сме неискрени затоа што така поубаво се чуствуваме,до кога бе така?
сдк кога женската сродна душа ќе си ја најдеш овде... И ќе си ја сакаш за навек. И нема да сакаш да ја изгубиш никад. И кога ќе видиш дека и она пази да не те изгуби. И кога и без да каже дека лажат знаеш дека лажат. И обратно. Ја сакам. Моја си е. Зашто сме исти. И зашто само јас знам дека е таква ко што е.
Да, има рзлика меѓу тебе и мене. Ти не си замина од тоа што мене ме повреди, ме жртвуваше мене - за да го зачуваш бракот. Јас направив обратно. Јас го спасив моето дете иако станав дежурен кривец за се. Тоа е мајчинство. А не дозволата пијандура да изиграва татко. Сите нвреди и сите кои ми згрешиле полека почнуваат да плаќаат... Плаши се од твојот ред