СДК не ми е јасно зашто во Зегин ми наплатија ханзапласт од 40 денари кога побарав најобичен + не лепи. Ко едвај да чекале да го пикнат на некој да не им остане... Убаво не им влегував во аптека сега ич нема после ова, безобразлуци...
Ништо толку не ме растажува и не ме плаши, како помислата дека ќе станам грда на некој што некогаш мислел дека сите ѕвезди се во моите очи оваа вистина боли
Можда ја... луфтирале? Туку... јас сдк, го трчам последниот круг. Знам, ме чекаат и други, многу други маратони, и потешки и подолги, ама и овој беше апла исцрпувачки. И тежок, со сопки на 50 метра. Ама му го гледам крајот. Можда сум крајно уморна... ама па и бескрајно исполнета и среќна. Имајте убава вечер.
И покрај изминативе 7 години откако те нема се уште ми недостигаш како првиот ден. Никогаш нема да се надополни празнината која ја остави. Беше дедо за пример, дедо како секое дете би посакало да има. Дедо кој ја превзема одговорноста за чување на внуците кога најмногу им требаше, дедо кој беше пример за тоа како треба да изгледа родител, дедо кој бил секогаш тука за мене без разлика на се. Секогаш ќе се сеќавам на тебе. Ти благодарам за сите убави моменти кои ми ги пружи додека бев дете, ти благодарам што беше татко кој ми беше и повеќе од потребен. Жал ми е што не успеав да ти се заблагодарам за сето ова додека беше жив, жал ми е дека тогаш бев дете и многу работи не ги разбирав. Би сакала да имавме повеќе време заедно, да видиш каква личност станав денес. Се надевам дека ме гледаш од горе и си горд на мене. Еден ден може ќе се сретнеме до тогаш знај дека те сакам најмногу на целиот свет и дека многу ми недостигаш.
При куќа да сакаш да ја срушиш,да отидеш под кирија. Затоа што таму условите биле добри. Си можел и твојата да ја направиш со добри услови за живеење,ако не си ги трошел парите што ти ги давале од дома за да ја уредиш. Си ги трошел за своја корист, додека дома трпеле за леб. Доаѓа комшијата и ти вика: продај си ја твојата мајка јас ќе ти дадам убави услови за живот. Само утре јас ќе кажувам како ти да живееш во таа луксузна куќа. Така е и со твојата татковина, таа е твојата мајка.
Е што ми требаше сега ова?? Чекаш порака од една личност, добиваш од друга која мислиш останала во минатото, ама не... И сега што треба да значи ова?? Најпаметно да преспијам за да знам што е паметно, а што не...
Нашите мајки го пиеле кафето на раат и дремнувале после работа – па, ништо не ни фали Нашите мајки не се плашеле толку за нас. Не се мудрувало толку околу родителството. Татко ми не морал да се нацрта секоја вечер во 20:00 за да и помогне на мајка ми да ме избања. Не така одамна и јас детето си го бањав сама. Со обичен Бекутан сапун за бебе. Со едната рака го држев детето, со другата тушот, сапунот, пешкирот... Не се плашев дека ќе ми падне во када. Реално, ниту една мајка не го испушта своето дете туку-така. Мојата мајка не се плашела од бременоста, ниту од враќањето на работа, ниту од јасли групата. Од одвојувањето. Немала кога да мисли за тоа дали престојот во групата во градинка ќе остави трајни последици врз мене. Не се занимавала со сите социјални аспекти од мојот живот. Не трчала на лекар за секоја ситница. Не доаѓала во училиште секој понеделник и секогаш кога ќе ѝ паднело на памет дека треба да ме „штити“ од наставничката. Не игравме на картата „професорот ме мрази“. Мојата мајка никогаш не била мој приватен детектив, ниту пак некој на кого му е должност да ме забавува и да го прави мојот престој на планетата попријатен и посмешен. Денес ете, ништо не е доволно за детството да биде пријатно. Не, денес детството мора да биде незаборавно! Незаборавно, дами и господа! Секој ден е повод за мала прослава, за никогаш да не им е досадно. Од моментот кога ќе ги отворат очите, до моментот пред да легнат во кревет, децата е потребно да ги анимирате, да им угодувате на сите можни начини, да ги поместите своите граници, да бидете благи, попустливи, да не го повишите тонот, да не го загрозите нивниот мал интегритет на било кој начин и сè на сè – да создадете едно големо, огромно, агресивно и деструктивно его. Нашите мајки не се плашеле од нас. Од нашиот плач. Со трескањето, фрлањето и дрскоста некако полесно излегувале на крај. Нашите мајки си го пиеле кафето раат и си дремнувале после работа. Ние за тоа време игравме надвор, пред зграда, со другите деца. Со други деца, дами и господа! Се знаеше што смее, а што не смее. Што е добро, а што не. Вади го тој прст од уста, не чепкај нос, не зборувај со непознати, не зимај бонбони од непознати на улица, тргни се од телевизорот, ќе си ги расипеш очите, кажи добар ден, благодарам, молам, стани за бабата да седне, биди добар другар, не седи на ладен бетон, изеди сè што имаш во чинијата и до 8 биди дома. Ете, на кратко, така некако бевме воспитувани. Двоумењата се решаваа без Google, без совети од други, поискусни мајки. Не постоеја сите тие книги, форуми, Фејсбук групи, а пак – сè некако се знаело. На крајот од краиштата, и не излеговме така лоши. Денешното растење личи на трка. Дури и пред да се роди – клукај се со фолна киселина, пиј витамини, прави милион тестови. Потоа – породи се безболно, без трауми, биди со бебето, дои го до трето одделение, величај му го карактерот, темпераментот, генетските предиспозиции, не дозволувај да плаче, носи го како да е штафета на младоста, не го оставај само, не гаси светло, направи место во твојот кревет, премести го сопругот во дневна, бдеј му, не дозволувај било што да зафали, да се почувствува загрозено, запоставено, почитувај го неговото мало ЈАС, преиспитувај се, преземи ја целата одговорност, на заслугите заборави, заштити го од сонце, зрачење, загаден воздух, кучиња скитници, вода од чешма, очи кои може да го урочат, ретроградниот Меркур, заситените масти и слободни радикали. Чисти околу зграда, собирај го ѓубрето, рециклирај ја пластиката, купувај само органско, сади дрвја, бидејќи – нашите деца заслужуваат подобра планета. Ок, а што ако нашата планета заслужува подобри деца? Мислам, за другарка прашувам... Преземено од Crnobelo.com ( https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...i-dremnuvale-posle-rabota-pa-nisto-ne-ni-fali ) Добро утро .
Сигурно детето се разгалва купка ако му купиш, а не само со Бекутан сапун ако го капиш. Исто не дај Боже роденден да му славиш, и ни да си помислил внимание да му посветиш. Зашо татко да помага на мајка за било шо? Нели не беше негово детето. Витамини во бременост? Што е таа лудост? Just saying tho. @CrazyGirl15 Сакам да кажам дека времето е во ПМС и сум му лута апсолутно, како друга особа во ПМС. Е како можи бе да е облачно, да приплачва, да росни, па тогаш излегувам и земам чадор, и по 10 минути се тргаат сите облаци и печи? Па до крај на ден шетам со палтото, чадорот, ранецот, книгите в раце, и кога стигам дома сум извежбала поќе од во теретана некој сат претходно. Или не дај Боже да треба да застанам да приземам нешто и мора на некоја клупа, маса, столица, прво да се растоварам, па после да приземам. И на крај, времето е криво.
Понекогаш треба да се бара вината во себе зошто некој се однесува кон нас како што нетреба. Можеби ние не сме совршената слика за себе кога се гледаме во огледало... Можеби претеруваме со внимание и очекувања за тоа на кој начин некој треба да не третира. Никој нема да направи за нас се она што ние би го направиле за него...
Кога бев мала и гледав слики од мајка ми и татко ми , ќе видев едвај една слика од мајка ми трудна и кога ќе прашав ќе кажеше во сестра ти, тоа оти се регистрирале во собрание па се погодило сликар.За мене како второ дете нема ама пак кога ќерка ми ќе праша дај да видам слика па кога ќе и извадам тест за бременост,па 7 недела, 10, 12 , 15...41Па на цтг па едно видео па друго А ако имам врото пак ќе немам слика Исто сестра ми се имаше и точок и санка, јас ништо оти се кршеше таа и за мене не остануваше.Облека од неа морав да носам. Исто ќе биде и за моето второ дете се му чувам од сестра и #правдазавторитедеца
За во спојлер е ова пошо е негативничко. Spoiler Сите прекршуваат правила и ветувања, и кон себе и кон другите. Сите. И оние убедливите ,,Јас никогаш нема...", и оние ,,Јас сѐ би направил/а" итн итн. Не. Посебно ми се гади од реченицата Другите не би го направиле за нас она што ние би го направиле за нив. Никој не е спремен да даде толку колку што се фали. Реално, секој секого ќе повреди. Секој ќе прекрши даден збор. Луѓе...
Досадно е да се става затка на све некој што ќе каже. Мислим, напорно е, замара, одбивно е. Не биди стока, заобиџи. Not my circus, not my monkeys! Еднаш ко ќе пробаш со ова, тешко ќе се откажеш. Пробај! Проект на Владата на Р.М.
Сакам да кажам дека се осеќам како оние луѓе кои заборавиле дали се напиле апче денес, или не. Несфатлива ми беше таа ситуација. Подеднакво несфатлива ми е ситуацијата каде што некој збора за игнорирање и благодетите од истото, а како да не сфаќа и не го прави тоа за кое зборува. How come ... ? Hmm.
АМАН од вакви споредби. Едно време се што правеле било правилно, сега денешните мајки што прават ништо не е во ред, се е критикувано. Најпатетична реченица - Ништо не ни фали. Што е лошо во тоа да сакаш детето да го гледаш насмеано и да си играш со него? Да му посветиш внимание него место, ете, да дремнеш или да пиеш кафе. Што има лошо во тоа да го однесеш на лекар ако не дај Боже нешто приметиш не е во ред? Поарно е дома да го лечиш со бабини деветини? Измачкај го ракија ке помине, затоа што вас така ви правеле и ништо не ви фалело сега. Едно време луѓето сите немале ни автомобили за да можат да одат на лекар. Некои луѓе како писателката на текстот се заглавени во времето, иако сум сигурна дека прават многу од работите кои ги критикува во текстот. Се плашела денешниве деца во какви луѓе ке пораснат. Демек еве постариве генерации растени во нејзино време се совршени и беспрекорно воспитани. Ми се повраќа.