СДК 1: Не знам дали сум единствена, ама малце ми е awkward кога се допишувам на чет со луѓе кои не се по форуми/твитер и цело време отсекогаш пишуваат на латиница - ми треба им да се прилагодам, пошто со кирилицава и интерпункциски знаци осеќам дека сум им пресериозна... СДК 2: Досега немам запознаено кул особа што (ич) не сака мачки. #факт
Најубавите песни и литературни дела се создаваат во моментите кога емоциите се многу силни и не обземаат целосно. Тогаш умот молчи, а срцето започнува да зборува.
Еден ден доцнам, ама пресмешни сте со вашите хехенце муабети за 11 Септември. Многу ми е гајле ако на некој му се чинам pain in the ass, ама никогаш "хумор" за нешта каде има многу загинати нема да ми е смешен. Да не ви се случи да ви погине близок во напад ради кој големите политички сили си ги мерат половите органи (да не речам по мое, пак ќе ме цензурираат), па да видите дали ќе ви е смешно.
Исус воскресна на третиот ден, и јас сум повторно тука после три дена. Како викаат "не си го изживел живтот ако не си добил бан од фемина".
Стоматологот од Скопје, Жикица Ѓорѓиевски, бесплатно им ги поправа забите на лицата кои се социјално загрозени. И деца и возрасни. СДК дека кога би постоеле повеќе луѓе како него светот би бил поубаво место за живеење. Прочитајте. Вреди. https://www.slobodenpecat.mk/makedo...bite-na-luge-od-sotsijalno-ranlivi-kategorii/
Си го читам младинското ќоше и ми дојде така од душа да кажам дека дефинитивно темава е најдобра, најстабилна и најпозитивна на цел форум без конкуренција. Единствено место од форумов на кое не памтам посериозна кавга, на кое секој што побарал (директно или индиректно при отворање душа за некоја тешкотија) совет - го добил во емпатична форма и обѕирен тон. Единствена тема во која не припарила негатива, заостанати дискриминации, фанатизам, патетични лажни вредности и дневнополитички глупости. Единствено таму никој не се боцка со никого дека се перчи за нешто, за друг дека љубомори а за трет дека кука, ниту пак некој се фали или суди за различни амбиции, самостојност, голем/мал број на досегашни партнери и не знам ти што уште. Доказ дека како и во реалниот живот, така и тука - да не се фалам, ама - некои постари и „искусни“ имаат многу да учат од (нас) младината.
Сигурно еден од најбитни моменти од коа Македонец ќе ојде странција да живее, е коа треба да одлучи дали вреди да продужи да одржава контак со пацери со кои до вчера делел соба, оти ги има само кога им треба нешо да им ,, помогнеш ,, , за потоа да се лупаат у груди као се сами постигнале у животот, или да не речам ,, јас се снајдов, за тебе не знам ,, гомна од луѓе, само за да има некој ,, свој ,, тамо... Е*ете се у гз. Фмп.
Зошто мора да се луѓево толку самобендисани? И како е можно само тие( во случајов таа ) да се во право. Нивното да чини, а од сите други да не чини. И мажена и деца има ама памет нема.
" Regret is unprofessional " , Skyfall (2012) Нареден пат ко ќе почнам да мрчам,ќе се потсетам на реченицава на М, од "Skyfall" . Доста интересна,а и вистинита поука,нели? Stay strong !
Од исполнетост у живот и најневина насмевка разбирам еден квалитетно поминат ден со фамилија, како на пример јадење сладолед или пиење кафе и мубаетење, зборување љубов и укажување на почит.. Е тоа е најсекојдневната работа што многумина ја испуштаат во животот а отпосле се каат.. Времето.. да оделип време за некого, најлесно е ама многумина мислат и се убедени дека е тешко да го најдеш!
Се мењаат влади, секого чепкаат, само не сум чула да го чепнат директорот на Олимписки. Слушам со сите бил, а базенот ко од татко му да му е наследен. Ме инспирираше еден муабет за заштитени мечки и земено базениште под концесија на 500 години за смешни пари. Зборувајте ми за промени, правда и нормална држава наместо за неинтегритетно дудлање по сите влади. Интересна државичка...
Си купив обетки како детелинка со 4 листа и заборавив да ги извадам од уво кога си легнав,сабајле се будам едната ја нема,цел кревет го пребарав,тресев чаршафи што ли не,после една недела станувам сабајле и гледам нешто во косата замотано,гледам обетката после цела недела во косата а коса миев,перницата ми е сатенска,мазна,уште се чудам ете...
Јоу луѓе , олабавете . Само го споделив текстот да го прочитате . Не значи дека јас дремам по цел ден и не си играм со децата . Кога се болни и јас бдеам над нив . Не ги лечам со ракија 10000% . Се знае кој лек за што е . Секако дека им посветувам внимание . И јас текстот го споделив со мисла just saying .. Го споделив , затоа што сум видела мајки што се презаштитнички настроени спрема децата . Немој ваму , немој таму , тоа не , ова не , чекај да ја извријам цуцлата , а детето веќе има 3 години .. Знам дека има куп бактерии , ама ако толку го заштитуваш детето , понатаму ќе има проблеми . Мене ме штителе од мала , и какви последици имам ? Епа да дувне ветер јас цела сум затната . Нос тече , грло боли , тампература 39 .. А мајка сум на 2 деца .. и сега они да ми бдеат или јас на нив ? И од мене се разболуваат и они двајца . Епа и тоа не е работа . Мора да го оставиш организмот на детето да се избори сам . Нема да трчам на доктор ако знам дека детето вади заб и затоа има температура . Ќе му дадам лек , ако веќе не се симнува тт и покрај даден лек , тогаш секако дека ќе го однесам на доктор . Има мајки и кои претеруваат понекогаш .
@CrazyGirl15 епа ако само споделиш текст и не пишиш мислење твое, не можам на гравчиња да си гледам дали го делиш мислењето со тоа шо си споделила, или не. Во секој случај, мислењето куди еден екстрем на мајчинство, а величи друг екстрем на мајчинство. Да, екстрем. Ова ти е воглавно причината зошто ти реплицирав. Во текстот беа и споменати работите за кои конкретно ти реплицирав, екстрем де. Сакам да кажам дека неќам да сум офтопик па секогаш кога реплицирам на некој пробвам да се сетам на нешто да напишам вака.
СДК како осеќам дека влегувам во овулација, наеднаш се чувствувам троа поетична, а љубов за луѓето имам малце одвише. Така ми иде на сите да им кажам дека ги сакам, а не ги сакам бре, си се смуртив сама со себе. Понекогаш ми доаѓа да им пишам/јавам на луѓе со кои одамна се немам слушнато, за да ги прашам како се, ама озбилно како се. И мило ми е што не подлегнувам на тие емотивни епизоди. Затоа што истите луѓе се јавуваат само кога им треба нешто, па после ти носат и кавга дома. Луѓе со кои одамна се немаш слушнато, запамти дека има причина за тоа. Се чувствувам како кола без уље, или телезвизор што шушти и нема јасна слика. Некако нешто не ми е подмачкано добро. Физички, за психички не е од сега. Многу е важно добро да се грижите за себе. Да, можеби ви се вкусни оние храни на инстаграм што се вртат, пица со пржени компири или сладолед полн со топена нутела или што ти знам растечени храни бљак и да слаби или дебели, треба да се сакате себеси, ама навистина е важно да се погрижите да бидете здрави. Да се сакаш себеси, значи да знаеш добро да се грижиш за себеси. Испив чајот, слушам музика на слушалки и си замислувам дека сум секаде, само не тука.