Она кога во 21 век, на доктор е во ред да се обратиш за било каков здравствен проблем, освен за проблеми со психичката благосостојба. Тогаш тоа го правиш од бес или пошто не веруваш доволно. Вратете се во своите пештери, ќе ве молам.
Не, ти не можеш да разбереш зошто никогаш не си почувствувала депресија, психички да се убиваш, иако здравјето ти е во ред. Си знам сама како ми било мене, имам кажувано низ форумот. И џабе се правдате со таа библија и духовност аман. Чиниш сте прочитале библија па ангелски души имате, а ви смрдат од далеку. Не ни треба библија за да бидеме човечни. Ама ти тоа не можеш да го разбереш зошто премногу си заслепена, до тој степен што тие правила на сите им ги буташ пред нос и се мислиш демек најчиста ти со библијата. Абе одете таму...
Познаваш некој кој страда од депресија? Ако да, и ова го зборуваш... тешко нив со тебе во нивно присуство. Многу ќе им бидеш од помош...
Верувај.. ако 'те фатила' депресија.. навистина, нема да мислиш дека е претерување. Да се чувствуваш тажен, не е депресија.
Мора некако да се тешиш, разбирливо е сепак не си опкружена со морални личности. Ајде пак ќе ти повторам јас сум морална личност со вистински вредности. Искрено премногу си негативна за твоја возраст, а секој ден се повеќе твојата негативност доаѓа до израз на форумот. Мило ми е што јавно си кажа, ќе го имам тоа во обзир кога ќе ме цитираш. Од каде ти знаеш дали и какви проблеми сум имала во животот? Сум имала денови кога не сум била расположена, но никогаш не сум била депресивна бидејќи сум изградена на духовно ниво.
Мислев да не напишам ништо во поглед на темата за која сте започнале да зборувате. Не секој на ист начин се справува со проблемите. Сите ние имаме различен ментален склоп и различно реагираме во дадени ситуации. Често тие што страдаат од депресија се повлечени и несигурни личности, баш поради вакви коментари од типот како само тие да имаат проблеми во животот. И наместо да добијат поддршка од најблиските од нивното семејство и опкружувањето на нив се гледа како на забегани личности кои глумат лудило оти нели немаат друга работа во животот. Ајде може ќе разберете еден ден...
Да не го изоставиме тоа дека не секој што ќе рече дека е 'депресивен', страда од вистинска депресија. Ич не сакам да сум осудувачки настроена, не можам да знам како им е на другите. И мене никој не знаел како ми било. Ама "Депресивна сум оти фризерката ме скрати премногу" или "Ме откачија сите, вечер немам со кој да излезам, депресивно се осеќам" и слични примери, сметам дека не спаѓаат под дијагноза депресија. Депресија може да трае со години. Не настанува од скршен нокт.
Греота жениве по теретаниве. Холивуд им наметнува дека треба да имаат големи задници и се утепуваат од вежбање за 1см да го зголемат, пошто и генетика не дозволува повеќе. Од што де напнуваат толку, попрво брчки на лице ќе добијат него кардашијан задник
Само ќе кажам, да не беше неизмерната поддршка на луѓето околу мене изминатава година, коментаров никогаш немаше да биде пишан од мене. Срам да ви е ако мислите дека депресијата е глупост, не би сакала луѓе како вас во животот.
Значи @carangigia ти никогаш не си плачела? Никогаш не ти било тешко во животот, секогаш си викала еј па јас супер сум, од мене има полошо? Како не сфаќаш дека не можеш да потеценуваш „тежина“ на нешто. Сите знаеме дека без здравје немаш ништо друго, ама тоа не ги прави другите проблеми у животот да се небитни.
Медицинско лице?? Е само вакви ќе останат 'медицински лица' во државава... и вакви 'ќе не лечат'.. и излечени ќе бидеме... Битно.. името не го даваме...
Споредувам болести, нормално, кога ги има многу, животно загрижувачки, краткотрајни без последици, итн...можеш да бираш ама сигурно депресијата ке ја избереш пред канцерот.
Зависи ваљда која форма на канцер и која форма на депресија? Така? Вака.. ко медицинско лице, треба да знаеш повеќе од мене..
Нема везе.. ислишен е целиот муабет.. Седнување, загревање столче, па после дебатирање.. ама никој не ме слуша...
Какви работи излегуваат од твоја уста, па никому ништо. Колку пати ти имаме преќутено на твоити „паметни“ работи што ги пишуваш тука. Па уште броиш лајкови. Читај пред да ме цитираш. Напишав дека сум имала денови кога сум била нерасположена, но никогаш не сум имала ниту ќе дозволам да имам психички проблеми.