Денес открив дека еден чуден профил што сум го имала во листата бил на една бивша девојка на еден тип што на времето ме бендисуваше цурата со години ме демнела по фб Се надевам дека забавна сум и била за следење Решив да не ја бришам. Ќе си останеме френдс форевер филинг крипи....
Пред само 1-2 год колку чиста душа имав,не љубоморев,не завидував,не гледав што другите имаат а јас не,не посакував луксузен живот,бев многу скромна и мислев дека не заслужувам како другите,дека не заслужувам повеќе,само неубави работи ми се дешаваа,немав самодоверба,главата ми беше наведната иако не правев ништо лошо,а потаоа како нешто да се скрши во мене,почнав да се ставам себе на прво место,почнав да размислувам дека заслужувам и јас како другите,се прифатив какова што сум,дека заслужувам да сум среќна и сакана,почнав понаку да размислувам за многу работи,дали тоа значи дека созреав или сум се изменила
Денес две објави или кометари ме боцнаа во око: 1.Женава пре три месеци роди син Денес ја сменила профиланта со натпис Имам син и: честитки честитки,а детево ќе прооди уште малку... 2.Средношколка објавува слика со дечкото,класнава коментира.прекрасни сте,блескате, убав пар сте.. Е не не не бива бре...
После неколку денови се уклучувам на форумов и ништо не е сменето, истите луѓе, истите комплекси, истите навреди. Решете си ги проблемите дома, не се истурајте на луѓе на форумов кои нит ги знаете, нит ги познавате.
Доста се лигавев по сите и цимолев за се! На кој му требам ќе ме најде. Кој ме сака, нека проба да го покаже тоа. Преку глава ми е да сум јас маж во секоја ситуација.
Дали да си самобендисано го*но шо си лечи комплекси на непознати, оти на познати нема му*а у фаца да им лупа глупости, и најчесто види Бога ти работи у администрација ( да не речам си ја држи и зима плата ), а од друга страна е желно за внимание, и лажира настани од својот живот за лајкови, е болест, дали се лечи и кои лекарства треба да се пијат? Оти мене жал за овој вид на пациенти не ме фаќа, него само депресија. Фмп.
Сакам да кажам дека најодвратни личности ми се тие кои се самопрогласени духовници, со емпатија, морални, ама кога човек вистина страда, не дека не сакаат да го сфатат тоа туку сакаат да го омаловажат. Не бил духовно просветлен, не бил доволно морален, емпатијата веројатно во заден џеб е дур зборуваат. Арно велат луѓето, кога сам си се фалиш, значи друг не те фали. Со причина. Оти изгледа не е духовно и морално да поддајш рака, не е духовно и морално да помогниш на некој, не е духовно и морално да сфатиш некој, или макар да пробаш да сфатиш. И после некој таков ќе праша кај ќе му оди душата на некој, према нив, лош? Страшно. И во секој случај, во сите прашања, емпатијата е во заден џеб. Не се гледа, се крие, се чува само за слични луѓе со „вистински“ проблеми. Луѓе кои знаат да си живеат со мааните и да не се идеализираат себеси, кои знаат дека згрешиле нешто, дека не се совршени, ми се едно сто пати подобри луѓе од оние првите. Ама комплекси ќе да се во прашање, еве не знам, депресијата не е болест како најнова вест, тоа значи и дека професијата моја не е вистинска само јас уште не знам. Сакам да кажам дека секој ден гледам идеализации, како во реален живот надвор од тука, така и тука, и на други социјални мрежи. Идеализација на минатото, идеализација на самиот себе, идеализација на постарите генерации ... Не можам да скријам дека кога некој ми збора за време во кое не ни бил жив, како би било одлично за живеење, навистина посакувам да е некако однесен таму и нека си живеј. Навистина. Не зошто ќе му биди убо, да види дека е различно од приказните кои ги има направено во глава. И тој некој ќе ми речи дека е реалист, дека работите ги гледа како шо треба, дека знај, дека сегашноста е лоша, дека се порано било добро ... Онака, ми се поткрева нешто во грло. Ќе да ми се киселините од расипаниот желудник, хехе. Расипан желудник е реална работа, така? Да не си замислувам, и уствари да немам проблем јас? Или пак кога некој се идеализира себеси, или идееализира некоја личност. Познавав личност која имаше контролирачка и манипулативачка мајка, девојчево ја идеализираше. Мајка ѝ за неа беше Богиња. Ќе речите тука, ама шубо така да го гледа родителот. Да, и мајка ми за мене е Богиња, ја сакам. Го сакам татко ми, го сакам брат ми, ама не ги идеализирам, не велам дека се безгрешни, не велам дека ми се идоли, не влегвам во низа „болни“ врски и односи само за да бидам како нив, во секој аспект од животот. Исто познавам дечко, млад, ама колку поќе го гледам онака сфаќам дека идеализира одредена група на народ, се стреми да биди како нив, тие се безгрешни, тие се најдобри, тие се најсовршени и најчисти. Не знам дали знајш, другар, и Хитлер така почна. Just saying, tho. А пак, идеализација на постари генерации? Само ова ќе кажам, почитта се заслужува, не ти следува со годината во која си роден и годините кои си успеал да преживееш зошто некои луѓе се гомна и најмалку шо заслужуваат е трошка почит. И да, луѓето порано не биле подобри и поморални, и тогаш имало срање луѓе, и сега има срање луѓе. Сакам да кажам дека токсични луѓе, кои по секоја цел сакаат да го уништат денот се комплексирани, јадни, и немој да им се лутите, сфатете дека и нив не им е лесно. Во главата. Отстранете ги за да ви е полесно во животот, помогнете им ако сакате да бидите подобри луѓе. Не вреди да има ден кога на некој не му е добро, макар и да се работи за непријател, колку и да е тежок овој концепт за разбирање на одредена група на ... личности. Ако вие си го живеете животот правично, овие другите стварно се небитни. Од секој аспект. Упс, само шо ја исклучив емпатијата кон огромна група на луѓе. Упс. Сакам да кажам дека планот не ми беше да пишам толкаво мислење, и се ова е негативно, па сега сакам да напишам неколку, многу, убави зборови. Сакам луѓе кои се искрени и кои можат да живеат со своие маани. Многу повеќе ми значи кога ќе прашам некој дали можам да му верувам и ми речи „Ти треба сам да одлучиш, не можам да ти кажам јас“, за разлика од некој кој ќе ме убедува дека нема да ме издај, дека тој најдобро чува тајни, дека о, тој, е најдобар пријател на светот. Оние првите се златни луѓе, чувајте ги. Со искрените луѓе си на чисто, знајш дека ќе ти кажат шо мислат, како се чувстуваат, и знајш колку да очекуваш и од таму - не можиш да се разочараш. Сакам луѓе кои умеат да покажат вистинска емоција, ранливост. Сите ја имаме таа страна, иако има индивидуи на околу кои не страдаат од „лажни“ болести, ама тие страдаат од другите работи. Како и да е, кога со некој стигаш до одредена блискост и можиш да си ги покажиш раните, да збораш за нив, да бидиш сфатен. Тој некој ти нуди поддршка, љубов, разбирање, нешто кое не го добиваш лесно ради многу причини наоколу. Сакам луѓе кои имаат пасија за која можат да ти раздлабочат нешто до најситен детал, луѓе на кои сакаш да им вратиш со ист интензитет, да си разменувате знаење, информации, смеа, пасија. Тие луѓе се пријатели. Некој не мора да го гледаш секој ден, или да го знајш цел живот за да ти биди пријател. Со некој можиш да се гледаш и еднаш годишно, ама кога ќе се видиш уствари да се однесуваш како да се знајш цел живот, како секој ден да ти е заедно. Ни фалат поќе такви луѓе, и сум среќна шо во последно запознав две цели раце такви луѓе. Муабетов #imblessed People, you're golden, заслужвате да знајте дека вредите и ќе се обидам повеќе да ви го кажвам тоа зошто сакам да ви разубам денот.
Кога некоја личност ќе се најде засегната и во секое лонче ќе кажува за другиот а помалку за себе ми е еднакво на ниска вредност. Како не се сакате себе си,зошто па и другиот би го сакале. Ќе го потроши животот посветувајќи се на туѓиот додека нејзиниот затворен во фиока си тече. Тажно.
Сакам да кажам, тешко на оние добри луѓе кои стално мораат самите за себе да зборат колку се добри. Едит: А уште потешко на оние околу нив.
Сдк дека моралот имал и има илјада форми и облици и не е исклучив поим. 7 милијарди луѓе, секој приказна за себе и исто толку варијанти за тоа што претставува моралот како поим. Како таков, се менува очигледно по потребите на луѓето и условите за живот. Од каде ви е уопште замислата да го присвојувате како ваша ексклузивна вредност ?! Место од егоистични свињи да ги претвора луѓето во социјални, друштвени битија, некогаш умее и да фејлне па така многумина остануваат заглавени на првото.
Ми фали татко ми... Да можам пак да си поправам муабет, да ме гушне и да ме нарече како што ме нарекуваше..
Скд недела е ден да бидеш бескорисно човечко битие, да се излежаваш по цел ден , да прошеташ низ парк или нешто бескорисно да правиш, не да завршуваш обврски, да идеш по гости да досаѓаш, да маршираш по улици и сл. Кога ќе научат луѓето? Скд членовите све повеќе го користат фмп во своите постови, чуствувам дека имало момент кога тоа се објаснило али не сум бил тогаш тука, сега веќе е предоцна и страв ми е да прашам што значи тоа (особено кога го уништија изразот пијам кока кола и сега веќе не можам да пишам дека пијам кока кола јавно...) и се надевам не е тоа што мислам дека е , во секој случај само ставам лајк како подршка , нешто како Џои од серијата Friends кога сите се смејат па и он. Скд ме шокираше веста погоре дека посебната им се обраќала на повеќето машки со љубовни надимаци а мене само со Јипи ми се обраќа (некогаш ни со тоа). Сега знам за кој нема да гласам на изборите во декември. Spoiler После Џои , време е да се прешкрта ново име од листата. Овај форум само болка и агонија носи.
Сакам да кажам, недела е и баш одлично ми почна денот. Надвор има прекрасно сонце и топло е. Некако има раздвиженост и луѓето се дружат. Викендите се убави за поминување квалитетно време со семејство и пријатели па искористете го. Не седете дома или ако не ви се излегува викнете си гости направете си нешто за каснување ( ми се јадат палачинки со ерокремче ) напијте се кафенце, напрајте си муабетче и концентрирајте се на убавите нешта кои ги имате во животот. Имајте убав ден
@Yipman2 зошто потписот во спојлер? СДК неделава помина без да трепнам. Со толку луѓе се видов, и сите мили, сите драги, убави луѓе. Животот е убав кога се опкружиш со убави луѓе. Се изморив, искрено, ама толку љубов не сум видела одамна. Вчера ме трогна еден пријател. Знаел што се случило и не сум му пишала една недела. Бил загрижен за мене, дали сум била добро. Пријатели се оние луѓе што ќе направат и во лошото да видиш добро
На форумов е дефинитивно потребен веќе професионалец психолог/психијатар на задача, наместо категоријана Прашај гинеколог која порано била активна. Не го велам во навредлива смисла како што некои ја користат оваа професија и нејзините клиенти, туку во реална. Да биде тука и да дава совети на личности кои соодветно и човечки ги изразуваат своите чувства и дека им треба, а и непобарано да интервенира кај луѓе што исфрлаат лични фрустрации навредувајќи и измислувајќи разни гадости за други кои ниту ги познаваат, ниту (фала Богу!) некогаш ќе ги запознаат. И да ги брани правата на првиве недолжни да читаат овде игнорантни злобни коментари директно или индиректно за нивните состојби. ************ Како дете (пред-тинејџерски години), ко и повеќето на помала возраст - за зборот неморал имав во глава конкретна отелотворена слика на жена во кич и разголена облека, најверојатно проститутка. Е, ама така малце поише искуство, книги и луѓе потоа - сфатив колку многу сум била во грешка. Жал ми е за тие што не пораснале.
Сакам да кажам дека ви ја прегладам Level Up Life играта, малку кринџи ама ете ... Замислете, лежите во убав неделен ден, и книгата седи до вас и место да читните нешто шо ве интересира, да ја читните книгата, да си спремите здрав појадок - уште си чачкате на јутуб зошто нели, мрза. Во глобала тој ми е мене животот. И сега некако со играва си се мотивирам да прам работи шо сакам, а обично ме мрзи. Мислам мене уште ме мрзи, ама пример земам преѓе стрипот и наеднаш убо ми иди на душата, мрзливо, ама убо чувство. Жими се, не ја предлагам играта зошто имам ''quest'' да ја предложам, некој левел покасно е тоа, туку ја предлагам зошто стварно можи да се сменат позитивни навики кај секој, ако се сака и ако се биди доволно упорен, нели. Особено е добро за човек како мене, кој функционира на рутини и полека сака да си вметни некоја нова. Така да, ако некој ја почни играта, најискрено се надевам дека ќе ви се допадни. Ставив линкче од страната горе, има и апликација на плејстор, или само пишете level up life на гугл и излегва.
СДК некогаш кога ќе те дирне нешто длабоко во себе,сваќаш дека животот е само една епизода. Ќе го живеам секој ден од епизодава како да ми е последен