И после толку лоши настани што ни се случија во државава еден убав настан браво за дечково ретко ги има такви како него .Го спасил мачето и на крај му пружил дом браво! https://skopjeinfo.mk/heroj-na-nede...a-da-izvadi-mache-zaglaveno-vo-septichka-jama
Фала ти за постов, ми измами насмевка на лицево и ме расположи Браво за дечково и мило ми е што уште постојат луѓе со душа во нив и сенс за помагање на побеспомошните, во случајов малиов слаткиш.
Да ти кажам и мене ми измами насмевка после сите лошотии така убаво при крајот на работното време. Алал да му е на дечково многу ретко вакви луге постојат што помагат на народот или на животните. Имај убав ден Значи не сум само јас таа лудата што се пали на добар машки грб хахахаха Мој човек
Човек кој не сака животни,не сака ни луѓе. Безброј пати се уверив во тоа ! Мило ми е што на светов и понатаму има добродушни !
Многу ме нервира,пукам по шавови кога некој сака итроштини да ми изведува.Не сум до толку глупава,кога плукаш да мислам дека врни.Довербата тешко се стекнува,лесно се губи.Бидејки сум човек преминав повеќе пати преку се,но веќе не можам,ме губиш трајно,а во мене имаше некој кој рака во оган става за тебе,штеташтета жено,ти губиш.па продолжи со итроштините.
Треба посебно поглавје во толковен речник за ретарди. И таму да стои моја слика, по можност најидиотска слика што ја имам или ми ја направиле низ годиниве, за да останам овековечена и запаметена и коа ќе ме нема. Бар по нешто)) Денес бев да вадам документ кој мислев дека го немам. Чекав ред. Чекав денови да минат да ми дојде редот за повторно таму да чекам ред. Минав и пат...и, кога стигнав, ми рекоа дека јас тој документ го имам веќе, ми го дале уште у далечната дрн, дрн година. У мојава меморија не стои таков податок. Се шуткам на друг шалтер за да распрашам, истото ми го велат. Го зимам стариот новчаник кој за среќа си го земав со мене оти, стариот новчаник си го најдов пред некој ден, скроз заборавен у една кутија со триста дрангулии, мислев загубен. И во стариот новчаник си ги најдов старата лична карта и картичка од банка кои уште лани или прехлани мислев дека ги загубив. Тогаш вадев нови, ради тоа. Ради новчаникот шо ми го снема. И денеска, пак тарашкам низ џипчињата од кои ко зајци излегуваат сите скроз изгубени и заборавени скапоцености... хартивчиња, белешки, пинови, курциипалци и, ете ти го и документчето кое денес бев да го вадам. Си стои згужвано меѓу сето битно и небитно ѓубре кое сум го отпишала од животот. Фак-ми. У која тоа црна дупка ми исчезнуваат ваквите моменти, м?!?!
Да кажеш дека депресијата е шега и глумење жртва, да кажеш дека жена што абортира е убиец, да кажеш дека некој со суицидни мисли не заслужува добар однос кон него и помош, да кажеш дека млад човек не може да има никакви проблеми доволно боли и само да го прочиташ како напишано мислење од рандом непозната личност. Се надевам тие другите околу нив се доволно силни барем да не потпаѓаат на таквите навреди и им се немаат доверено. Да имам некаков проблем од наведениве, а веќе имам и некој да ми се потсмева не знаејќи низ што минам, мислам дека и во лице би го плукнала. Оти таквите не заслужуваат ни да им вратиш на одвратните зборови. Наместо да коментирате на кој колку му е тешко, само повелечете се и речете за себе никогаш да не се најдете во некоја лоша ситуација. Барем гледајте од страна само, повеќе ќе помогнете.
Значи во последниве три месеци другарите на дечко ми сите ги запросија девојките. Денеска еве уште една. Аиии, јас колку сакав да се мажам денеска прв пат ме фати страв од мажење. Нејќам па сеа да се мажам. Вака не сум се чувствувала никоаш, ме фати некој страв од прегеска и уште ме држи. Шо ако му текне и него скоро да ме бара??? Леле не знам што ми е.
Значи алоу МРТ,или поќе ве личи СМРТ а? Абе свесни сте колку луѓе глеаме ЛШ? И шо са,Јунајтед,Барса,Баерн, Ѕвезда да ги глеам на нет?На лаптоп? Еми на лаптопо некојпат се дешава да тера некое време па да ја блокират утакмицата,преносот де.И са наместо фино лепо лежерно да си седам на раат да пулам фудбал,да се кревам до Моцарт или Спорт Лајф за да глеам ЛШ бе копуци?! Сунце ви калајсано бре! Еми во обложувалница јас на пример ете ќе седам ќе ќутам ќе си глеам и некоја будала од негде ќе рикни:Абе сам е дај му ја море умрен! Јас ом само за ливче да пишам,а не да слушам разни будалетинки кои нишо чудно и тв да скршат... А замислете и Телекабел шо прат. Раи,онаа италијанскана ТВ,тие даваат ЛШ,е са вртам забележав дека Јуве го даваат,па ај си реков.Не.Дури трај утакмицата од ЛШ,укинат е канало.Завршва утакмицата и са кај 11 коќе завршат сите,ја враќаат Раи назад сигнало. Значи ја претеравте...ете јас не фаќам Арена спорт за да глеам ЛШ... Нишо са лаптопо или обложувалницата... Да си го јајте стапо,Госпо нека ми прости...
Сакам да кажам дека денес си го земав лаптопот од мајстор и детево таму ми кажва како треба поќе да го пазам, да не претервам со игри, серии сум имала премногу и слично. Па сега си најдов линкчето за новата серија која ќе ја почнувам, а гледам и Purge & You & My Hero Academia родиле епизоди последните три дена, па да ги пуштам да „крчкаат“ дур одмарам јас, за сабајле да се „спремни“. Особено ме интересира The Purge & You како напредваат зошто се на почеток и гледам некаква надеж во нив и кога видов утрово пред да ми јават за лаптопов дека имам нови епизоди ме јадеше нешто зошто не можам одма да ги гледам. #безживотњак #небидикакодемон #илибиди #зоштоустваритиселуѓе #зоштоустваритисеконтакти #зоштоустваритиеработа #илипаккариера #ииднина ...
Кога ќе направиш некоја глупост, ама ќе ти текне тек следниот ден дека е глупост, и се осеќаш толку глупаво If i could turn back time... if i could find a way to yesterday... Добив информација дека во Етиопија се славела 2011 година, чао журим