Дошле во театар и мора телефонот, да се слика, да се снима, на сред претстава пак да извадиш телефон, па после повторно да видиш да не ти пишал некој, наместо да уживаш два часа во претстава, ама не, нема живот без тел, ќе се умре ако не се остави телефонот барем два часа
сдк прекрасно нешто што кружи на нетов за љубители на книги Hello everyone! We’re looking for people to participate in a huge book exchange. You can be anywhere in the world. All you have to do is buy your favorite book (just 1) and send it to a stranger (I’ll send their details in a private message). You will receive a maximum of 36 books back to you, to keep. They’ll be favorite books from strangers around the world. If you are interested in taking part please comment ‘IN’ below and I'll send you the details!
Потапшај ги по рамо и кажи им да го изгасат.Јас на една и кажав така.Седнала пред мене ем не гледав од нејзе ем ми блешти тоа телефонот.Бркај си рзбота надвор остај ме да гледам на раат.Во Театар Комедија кога одев од школо лани на претстави цело време шетаа вработени и ако приметеа некој со телефон во рака го опоменуваа.Една жена дури и ја избркаа. И во кино како помала едни позади мене се растурија од зборување, сликање, маваа со пуканки.Им се свртев и фино лепо со 3 реченици ги замолчев.Некои луѓе немаат сенс за некои работи
СДК дека не еднаш моја другарка се омажила или е во сериозна врска со некој што заедно сме го озборувале Сега јас сум
Месецов Септември се отворија две нови казина на Партизанска во Скопје, на растојание од 200 метри Знам дека во Тетово се разви едно движење против отварања казина таму. Се надевам наскоро и во Скопје ќе се појави вакво движење. Да сум на власт би ги збришал сите до едно. Тоа се пијавици на последниот денар не на богатите, туку баш на сиромашниот народ кој заслепен се надева дека од таму ќе извади некој денар. Коцкањето е зависност и порок и тие на луѓе им треба стручна помош, а не им требаат нови казина да ги дотепаат или да мобилизираат нови зависници од коцка. Ќе сфатат ли нашиве власти дека малиот процент од данокот што го добиваат од казината и кладилниците е ништо во споредба со тоа колку ја бутка нашата економија надоле, на сметка на богатење на газдите на ланец казината кои најчесто се од надвор?
Бермудскиот триаголник, како одеднаш замирисало на цела зграда од пелените, а претходно не им мирисало и кој е тој што би складирал дома толку пелени во едно вц како најголеми светски мистерии.
Не знам шо треба да се случи за да сменам една моја лоша карактеристика. Лоша е најпрво по мене, а после и по другите. Секој ден си се прашувам: До кога вака?
Се чувствував многу глупо денеска. Мојата другарка денес носеше сребрено ланче и "John 3:16" е изргавирано на него. Таа се преселила овде пред некој месец и мојот памет отиде во правец дека тоа е име на дечко и и датум на кој им започнала врската, за спомен. И ја прашувам што и значи и таа вели стих од библија. Јбг, само на македонски ги знам апостолите. Ама океј е, и таа после се пошегува дека е име на дечко и.
СДК , се повеќе ме загрижува фактот што прагот на толеранција кај многу се има сменето. Во последно време премногу нервозни луѓе среќавам, за една банална небитна работа се нервираат, шират негативна енергија. Како што на форумот не се трпите едни со други, само на карање сте спремни, исто и во реалниот живот , не знам дали луѓево станаа повеќе нестрпливи, не можат да се контролираат, агресивни се , способни со голи раце да те убијат. Па ко доказ на тоа и по нетов фрчат видеа со насилство, баш сабајлево го гледав ова конкретно.... Има уште мал милион видеа слични на ова, не знам што му е на светов, полуде. Уште рано сабајле, свират по улиците ко луди, добро бе чоек, гужва во сообраќај, не одиш само ти на работа, смири живци , ама не, мора да се крени врева. Штом не знаат да се контролират, не е лошо во ташна да носам апчиња за смирување, па да почнам да раздавам оти имале време да купат цигари , а нешто за смирување не. После палење цигара врз цигара додека чекаат автобус на чекалиштата, мизерија Се би било полесно кога барем малку би научиле сите да се контролираме и да не избувнуваме веднаш. Џабе серам на темава , имајте убав ден и помалку нервози
Една работа во животот е многу битна. Преценувањето Гледај никогаш да не се прецениш. Таму , во таа област каде што си најјак, треба да останеш и најсамокритичен. Штом умислиш дека си ,,даден од Господ,, тогаш дури и таму каде што си најдобар - готово е. СДК, атерирајте на Земјата
Дали бе над 2500 и кусур изостаноци се нормални за клас со 27 ученици? Од кои јас ни еден. Значи катастрофа сме, само да се бегало. Можат да не прогласат за "победници" во Македонија. Класниот инфаркт ќе го стресит, бадијала се трудит човекот со нив. Го жалам.. Се е ојдено, од најјако школо во градов до најслабо ќе стигниме уште малце, а можеби и сме.