Ако добриот и будалата се браќа по некој автоматизам лицемерниот и ѓаволот се кумови. Кога конечно ќе се дефинира што конкретно се подразбира под поимот добар човек? Еве повеќето од вас се сметаат за добри луѓе, јас не се сметам за добар човек затоа што како ми прави некој така ќе му вратам. И веќе глупави се фразите : Ако некој те мава со камен ти него понуди го со леб или Ако животот те мава со камења направи мост. Затоа ставете си го прстот на чело и размислете веќе еднаш. Добар човек не си само ако не правиш лошо туку и кога ќе помогнеш на некого и кога имаш разбирање за неговата ситуација или состојба и кога ќе си ги признаеш грешките и ќе побараш прошка. Има многу луѓе кои имаат разбирање за многу покомплексни работи, а немаат разбирање за едноставни работи и се полни со предрасуди. Потребна е комплексна формула за да се разбере менталниот склоп и перцепепција на секој човек поединечно. И за крај сакам да се задржам на зборот Самокритичност. Кај некои луѓе овој збор не постои во нивниот речник. Тука спаѓаат најчесто нарцисоидните личности. Тие мислат дека ова е нешто што се мачка на леб, оти нели тие секогаш се во право и се безгрешни и најдобри во се. Епа гадно сте се зафркнале ако мислите така и само се лажете самите себе. Затоа фатете прочитајте нешто и едуцирајте се. Не ни продавајте м**а за бубрези. Ај со здравје... БОНУС Сте се запрашале колку чини светот? Моментално не чини ништо, но ќе те чини многу ако премногу им веруваш и имаш доверба во луѓето кои живеат во овој суров свет. Think about it...
СДК, @RAF Camora , брат, многу си ми искрено и наивно човече, пробај да покажеш заби на одредени моменти, не им попуштај да те газат. Eла да те гушнам СДК, од утре турбо работа ме чека, морам ментално да се спремам
Интересен ми е феноменот кај некои луѓе кои премногу се навикнале на прашањето „Како си, што има ново?“ да им одговориш со „Па ништо, сѐ е по старо, стандард“. Ќе кажеш некој план, реализирана замисла во меѓувреме, дека си среќен и дека добро ти оди, и полека гледаш како им замрзнува ликот. Аман бре. Јас па искрено се радувам кога некој ќе ми каже дека добро му оди и дека успеал да исплива од монотонијата и го*ната, на некои и отворено им кажувам дека ме поттикнале да променам нешто. Уште поинтересно ми е што ова го забележав кај луѓе кои сум ги мислела за „мои“. Пак ли ќе ја отвораме конзервата, м?
СДК, вака ги замислувам следниве машки форумџии кога не пишуваат на форум , во слободно време : @RAF Camora , @Mr. Right , @PogbaPol @filip4
Рождество на Пресвета Богородица - Мала Богородица нека вечно се слави нејзиниот спомен Нека Пресвета мајка Богородица ни донесе мир и благосостојба во душата,неизмерна љубов во нас и околу нас,здравје,љубов,верба,надеж За многу години и НЕКА Е ВЕЧЕН НЕЈЗИНОТ СПОМЕН МАЈКО БОГОРОДИЦЕ,ЧУВАЈ НЕ...
Секој ден слушам за девојки кои биле силувани други биле нападнати, но се одбраниле, трети биле допирани во јавност од манијак или пак некој на непристоен начин им се додворувал. И кога слушаш дека вакви напади и вознемирувања се случиле и сред бел ден и дел биле така изведени да од страна на некој друг би му изгледало нормално, навистина ми влева страв дека и само обична љубопитност или ненамерно движење е направено со некаква намера. А да не зборуваме колку конкретно кај нас, ваквите случаи не се третираат сериозно. Јавниот превоз е едно од местата каде има бројни вакви случаи. Чекаш автобус и рандом човек почнува да ти прави муабет и да те прашува од каде си, каде одиш. Или пак, ќе седне некој до тебе в автобус или пак ќе стои и упорно се бутка до тебе, случајно ја поместува ногата или раката накај тебе, а има доволно место. Како еден постар човек вчера што цело време се поместуваше поблиску до мене на седиштето и со лактот ме притискаше во слабината, иако имаше место да ја тргне. Втор пат ми е вака во автобус. Друг случај пак кога исто така непознат човек ти се обраќа со на пример кукло демек да испадне пољубезен. Нормално дека нема да му се издерам одма ако некој ненамерно ме подбутне или е муабетчија, ама мислам дека е очигледно кога истото е ненамерно, а кога не, и едноставно знаеш кога неговата љубопитност те тера да се чувствуваш несигурно.
Гледајќи ги многу од размислувањата на одредени теми (односно што сè надворешно се анализира и на што се реагира со одбивност кај рандом луѓе по улица, и секако на крај се оговара), мислам дека да ги чита некоја личност (посебно тинејџерка) со проблеми со самодовербата, преголема самокритичност и перфекционизам, и не дај Боже да им се задлабочи и да ги сфати посериозно - би ѝ било страв да излезе надвор без долги самоанализи на секое делче од телото и облеката пред огледало. Де малку мрсна или несовршено исфарбана коса, де подизлупени нокти, откриени стапала кои не им изгледаат пријатно на господата во лето на +40 степени, облека која не е по најнов тренд или за истите совршени не одговара на нечие тело/возраст... И после (само) новопечени инфлуенсери и ТВ фаци ни се виновни и ужасни, Ина се исмевала, Сергеј се исмевал... а вие? И во живо во секој период од животот имам наидено на личности што вакви им се главните теми на муабет, па секогаш сум се чувствувала како вишок и нареден пат сум гледала да измислам оправдувања да избегнам дружба со нив. Најлошо е што кога и малку ќе им покажеш на ваквите мислење дека не е во ред ова, веднаш уште подрско настапуваат со тоа дека најверојатно се пронаоѓаш во нешто, со што индиректно лично те вреѓаат. И што сите кои не се такви како нив, ги карактеризираат како лицемерни и лажни светици... Епа имам спомнато дека зборот грд/а/о гледам да го користам за карактерни особини, сега ќе додадам и за бедно/мизерно дека во мојот речник не се однесува на финансии т.е. сиромаштија - туку исто така на негативни особини. За кого сме лицемерни тие што размислуваме така, нека си се теши.
Еднаш од една членка некаде прочитав дека одвратно и било суви и испукани раце кај млада девојка и тие девојки биле неуредни. Нека дојде и да ми каже со што да ги оправам рацеве во зима кога тон креми им ставам и пак не се најмазни.
СДК дека крајно време е секој од нас да сфати дека секој друг човек си е индивидуа за себе, со свои мислења, чувства, навики, маани... Нема зошто да ни' смета тоа што некој размислува, се однесува, се облекува или се средува поинаку од нас...
Неколку години сум на форумов и никогаш си немам кажано кога ми е роденден. Обично сум човек што си го сака родениот датум, љубов ми е таков, најубав ама па досега ниеден роденден го немам прославено. Мразам ако треба сама торта да си правам, се чувствувам тажно тогаш. Мразам што имам неколку другарки и што сите сакаат насамо да го прославам роденденот со нив и треба да правам распореди цел ден. Чувствувам притисок дека сум растргната од сите страни на тој ден и од толку радост и чекање цела година, мене ми доаѓа нервоза и едвај чекам да заврши. Годинава, ќе се трудам да не се оптеретувам толку. Сакам само да ми биде љубов денот, тоа ми е најбитно.
Да се надоврзам на целиот тој муабет. Некои имаат поголемо разбирање за кучињата скитници отколку за луѓето. Жално ама вистинито...
Дајте да смениме временска зона, ова на ништо не личи. Во 19:00 да не можеш книга да читаш надвор? Да се враќаш во темно од работа во зима?
Па се проба да се дигне совеста кај луѓето со #metoo и #сегакажувам, ама се покажа уште еднаш во каков свет живееме. Кај имаше хехенце муабети и подбивање со луѓе кои доживеале сексуален напад, имаше уште пострашни муабети од типот на хехенце а кај бевте до сега да кажете и најстрашни она од кое ми се ежи секое влакно на мене - сама си го барала. Кажано и од мажи и од жени. Јас најсериозно ви кажувам, најголем страв имам ваков син или ќерка да воспитам и израснам, човек без никакво чувство или емпатија за нешто кое е толку страшно. Доволно е само да прочитав какви работи имаат преживеано некои девојки, не па да се ставам на нивно место за да ми се преврти секое црево што го имам во стомачнава празнина. И уште не ми е јасно како може тоа на некој да му е смешно. Исто не ми е јасно како може некој да не разбира дека не секогаш жртвите се способни одма да кажат, дека тие работи оставаат такви лузни што ништо не може да ги прекрие. Не ми е ни јасно како може за да се покажат кој е појак на твитер или форум онакви гадотии да пишуваат, ама изгледа цел живот нема да ми е јасно. Нема девојка во светов која не била некако малтретирана, зборувам и за вербален напад. Сега пред некое време се возев во бус во ЈСП, карши мене седна едно неизмиено, запотено и со исклучително манијакална фаца - суштество. Носев фустанче, беше 40 степени тој ден, сигурно немаше да носам долги алишта само заради некој неизмиен ропак да не се напали. И ме зјапа, ме гледа, пробува да ми се смешка, јас го гледам остро за да прекине, ама не прекина. Потоа јавно пред сите тука му искоментирав дека ќе го снимам што прави и дека ќе го споделам на секоја социјална мрежа, ќе најдам по тоа како се вика и презива и видеото на сопругата и децата ќе му го испратам. Никој во бусот не ме поддржа, само една жена рече срамота, те гледам и јас што правиш. Си искочи на следна постојка, јас 3 дена нагони на повраќање имав. Не се криви само институциите што никако не сме заштитени девојките, мора прво мајндсетот да се смени, па после се друго. Се дури некому му е смешно тоа што девојка таква траума преживеала, нема НИКАДЕ да стигнеме. Никаде.