Се возам у такси. Таксистот му шара главата гледа де ваму де таму. Една жена од десната страна го мети дворот, од другата страна друга жена прави ајвар. Браво браво, вика таксистот. Си мислам на овој или му се нема погодено жената домаќинка или не знам до што му беше коментарот: Браво, браво. #утринскимисли Добро утро.
Очигледно некогаш е поубаво да си молчиш и да глумиш лудило или да се правиш дека си глуп, оти изгледа кога некој е искрен и кажува како изгледаат работите од негова гледна точка веднаш е дочекан на нож. И јас не знам зошто воопшто па се обидов да објаснувам некои работи кога очигледно требаше и јас да се правам дека не сум од тука. Еве ќе почнам од баналните работи. Кога некој тука ќе згреши нешто оти не знае или пак несвесно направил грешка, секогаш ќе се најде некој „паметен'' и ќе тера мајтап на негова сметка. Епа ако сте толку „паметни' зошто на личноста која згрешила не и помогнете доколку вие знаете за да не згреши нареден пат , а не да терате мајтап на нејзина сметка и тоа да прејде во гушење на темите. Колку пати тука во СДК и уште некои останати теми сте започнувале непотребни расправии и после некој ќе каже дека форумов цвета од љубов. Секако добро е што останаа уште некои теми во кои нема вакви препукувања и ти е мерак кога ги читаш. Ама кога некој се труди да биде објективен и реален секогаш го јаде подебелиот крај од стапот. За разлика од некого јас признавам дека правам грешки како и секој жив човек. Барем јас бев искрен и си кажав што имам и знаете што може да очекувате од мене. Само брутална искреност. Ај со здравје.
Не ја гледај убавината минлива е ,не го гледај богатството минливо е,барај некој кој ќе знае да те насмее,доволна е само една насмевка за да помине твојот облачен ден. Ти посакувам во твојот живот да имаш доволно љубов и среќа за да бидеш среќна личност,искушенија за да станеш силна,солзи за да останеш човечна, надеж за да се исполнат СИТЕ твои соништа.
Ме потсети. Една членка бараше еднаш совет за здравствен проблем. Од кога и кажав дека нејзиното размислување е на место и дека и јас сум имала исто искуство, ми се нафрли дека сум се потсмевала и сум била саркастична на туѓа мака (жити сѐ, најискрено помогнав). Од тогаш сме "смртни" непријателки на форумот. Некогаш сме толку обземени со негативната слика што ја имаме створено за некого (или нешто) што ги затвораме очите пред сѐ позитивно поврзано со таа личност, место или настан.
Ова ми се дешава втор пат на форумов. Од никаде една членка ми пиша за некој си љубовен совет. По 5-6 разменa на пораки , на крај ми вика: - "според ова што ми го викаш, ти се допаѓам, и сакаш нешто со мене." -"И веќе не ти пишувам" Толкаво смеење после ова никад не сум имал во животот. Ниту ја знам која е, ниту како се вика, ниту ништо. И дадов мое мислење, и на крај ова го добив.
Сфаќам пиење чај со шеќер. Две лажички океј, три..мех, океј. Ама да истресеш 15 шеќерни хартивчиња унутра и плус лажица мед? Као, се обидуваш да направиш шеќерна волна у ликвидна форма или да пиеш чај? Дијабетесот не е баш секси болест. Just saying.
СДК дека подобро порничи да пуштаат по нашиве телевизии отколку турски серии. Барем од првото нешто ќе научиме! Фмп.
Нема попоетично чувство од носталгијата. Те прави од својата меморија и мисли да ги читаш спомените во најјако светло - како да се напишани од врвен писател, ти ги меша боите на топлина и празнина како врвен сликар, и ти ги спојува насмевката поради тоа што некој момент се случил и солзите бидејќи истиот е засекогаш зад тебе...
Сфатив дека едната мачка не добива доволно внимание од мене колку останатите миленици и ми се расипа денот.
Само да предупредам за тие кои ќе купуваат пиперки за подготовка на зимница од препродавачите добронамерно ве советувам да внимавате. Има толку безобразни идиоти кои се обидуваат да украдат по неколку килограми на вагата и да ви ставаат скапани пиперки на дното од вреќата или пакетот. Најубаво понесете си сопствена вага оти крадат на големо на нивните ваги. Зошто кога чесно и уредно си плаќате да ве прават будали? Имајте пријатна и убава вечер. Ај со здравје.
СДК... И компромисот е еден вид дарба, способност, талент кој овозможува поедноставен и поубав живот. Во спротивно, секогаш ќе се бара виновник.
Два пати ми се случува да купам расипано месо од локалниот Рамстор. Првиот пат беше саламурено пилешко, па не му придадов некое посебно значење. Си реков дека месото го саламурат за да му го продолжат рокот и се обврзав никогаш веќе да не купувам саламурено месо. Вториот пат беше свинско, кое откако го вратив вработената пак го стави на продажба По реакција кај одговорната на смена месото беше тргнато. Тука си ветив дека месо од Рамстор нема да купам никогаш. Поминав денес да земам јајца (кои стојат блиску до фрижидерот со месо). Смрдеше на скапано месо Добро, до кого е? Кој е одговорен? Вработените, шефовите, некој од горе? Тој треба да превземе одговорност и што треба да се случи за да се среди тој проблем? Отров продаваат, буквално
Добро каков гнасен народ сме бе!Кај ќе ви оди душата да ве прашам безкичмењаци едни, толку ли мозок немате во тоа тимбата па куче со секира да повредувате бе? Дали е нормален тој што го направил ова?Абе лечење ќе му платам ако сака само да си го оправи мозокот скапан..ја гледам сликата и ми се плаче душата ми се ќине.Сфаќам да му свикаш ама со секира да го мавнеш??Неќам да колнам вака јавно ама револтирана сум до крај, рацете да му се исушат. Опрајте се @DAngel пријави кај директорот и кажи им дека ќе викнеш инспекција.Јас во Тамаро во Охрид видов во кутија виршли човече еден тон ама не беа вакумирани туку парче по парче и после ги ставија за продажба..ај тоа се лупи и се вари ок..ама не е у реду.