сдк ме прашува какви балони да му купела на малиот за роденден бе. абре жено.. креативноста ти е на лошо ниво или се мора под договор? За нејзин и на внука ми роденден стриктно пари се дава. Ама јас така не сакам. купи што ти душа сака. балони какви сакаш дете ќе се радува каков и да е...
Не се ставајте во ситуација некој да Ве убедува во нешто во кое не верувате. Не трпете нечие ментално насилство. На самиот почеток сериозно и кратко ,,не сум заинтересиран,, е доволна точка без право на приговор.
Мора само јас да бидам толку искрена, добронамерна, да функционирам без прикривање, сосема стрејт и право во целта..? Сите знаат да си украдат време за себе, да избегаат од договорот или да го изменат по своја желба, да забушаваат на работа.. Само јас ли мора да се придржувам до правилата? Боже, што ме створи ваква! Не можам и не можам и не можам да се научам...
Пред некој месец брат ми ја прашуваше баба ми што би правела ако тој е Хомо сапиенс. Дали има поддршка од неа? Таа не ја сфати шегата па малку се шокираше, ама му рече ќе го сакала и поддржувала во секое време. После заборавивме да и кажеме дека се зеза, а таа ништо не спомнуваше и сега пред малку (значи после некој месец) и се јавила на мајка ми и и кажала дека барала броеви од некои луѓе, па конечно нашла човек што имал лек за хомо сапиенсите. Свекрвата на стрината имала братучед од вујко што го излечиле и сега имал жена и деца Да, ете, ако не знаевте во земјава постои човек што лечи хомосексуалци па дури и хомо сапиенси ако треба. Grandma be like...
Денес за прв пат се возев во еден од старите возови. Се чувствував како во филм. Не можам да опишам. Иако не се споредуваат со новите јас се радував како мало дете на кое му купиле чоколатце
Колку било убаво порано, ќе ти донесат бонбониера со оние девојкине на слика, формат 75смХ50см, и таа истата бонбониера се носи од свадба на свадба, на матура, на крштенка, од колено на колено. Сега ми носат тофифе, мерси, бајадера и мора да ги јадам Spoiler Кога конечно некој ќе ја задржи и отвори, кутијата ќе се користи за складирање документи