СДК дека темата "Интересни фотографии од нашите бебиња/деца" ја заследив само заради најмилата фацичка на малото маже на @vitamina. Фмп.
Копам по стари заклучени теми и воочувам дека 98% од членовите/членките кои биле активни тогаш сега нема ни трага ни глас од нив. Ако преживее форумов се прашувам каква ќе е состојбата после 6, 7 години..сигурно повеќе од пола ќе си заминат а некои нови ќе пристигнат. Ако останам до тогаш ќе ја полнам темата ,,Каде е?" дури не се јават сите на рапорт. Ако не се јави ни еден староседелец, сиктер и јас.
СДК 1: Насмеј се колку и да е тешко, секогаш помага СДК 2: Во животот треба да се игра тактички, смирено и со големо внимание за да се постигнат зацртаните цели. СДК 3: Колку и да мислиш дека сè е црно и дека дошол крајот и сакаш да се откажеш, пронајди го и не дозволувај да згасне и последното жарче надеж кое ќе те охрабри да се бориш со последните сили додека да стигнеш до целта како победник, не заборавај дека сè се случува со причина и дека во секое лошо има и нешто добро само треба да се потрудиме да го откриеме за да бидеме среќни. СДК 4: Имајте убав и исполнет викенд, мислете позитивно
Вистината е дека во сите времиња досега и отсега, имало и ќе има секакви карактери, врски, меѓучовечки односи, судбини. И порано и денес има и среќни и тажни, и добри и лоши, и искрени и лицемерни луѓе, и успешни и неуспешни врски/бракови... итн. А и нијанси помеѓу таквите крајни спротивности, и различни перцепции на истите. Сѐ друго е клише негативизам со кој никако не си помагате, ниту пак се издигнувате над сето тоа т.н. целосно гнило денешно човештво.
Многу се гласни македонските патриоти низ белиот свет. Ми ги потекоа, сега до колена ми се. Знаеш како е тоа.. Замисли имаш кола и ја возиш Х години и после викаш доста е сеа нова си купив, а оваа старава ја даваш на старо на некој друг. И откако ќе ја дадеш да му се јавуваш 1-2 годишно да го прашаш дали ја чува колата случајно да не ја продал пошо факинг мн ја сакаш, си израснал со неа, сте прошле многу низ животот .. Е од вакви чувари на државата да се пазите. А и од такви сопственици на коли .. И се смеам и вријам у исто време.. !
СДК дека пред некоја година паднав и едно од моите кучиња веднаш ми пријде и ме излижа на коленото,а од луѓето дома ни еден не се стрча. И после ме прашуваат зошто немам доверба во луѓето.
СДК дека од време не време треба да се погледне околу себе. Постои и обичен живот освен животот во светот на партиите.
„Што работат твоите?„ прашање што ме вади од кожа прашање што го мразам од дното на душата тоа ти е исто како да прашаш „Богати се твоите? Кажи ми за да знам дали да се дружам со тебе„ До кога бе вака до кога? До кога ќе ги делиш луѓето на богати и сиромашни?
Немав физички рани(само болка што бргу ми пројде).Само психичка рана бидејќи кучето се загрижи,а луѓето не.
Фала, стварно сум поласкана Ти посакувам и тебе такво едно за некоја година, а ако сакаш бујрум на чување слободно интересно ќе ви биде
СДК 1 -Одејќи на постојка,ми се откопча цела кошула,бидејќи ја ставав чантичката околу мене. Не знам кој не ме виде Мислам,поголема брука немам кркано одамна Срамови Знам дека сум малку здебелена ама и градите ма ми се поправиле ај реков ќе издржам,не даваше знаци на несигурност,леле после кога рече се откопчувам...и слободно едно 15 сек ми се гледаше црниот градник со белото боди,а пази прв пат облекувам така. СДК 2 -Додека одев во ВЦ, одев од левата страна,а таму има ѕитче,па по логика одам секоаш од десната за да ми биде попрегледно ако иде некој од спротивната страна...и така,бааам судир.. СДК 3 - Значи,која привлечност ,сексуална можеш да ја имаш спрема некого...еве пример јас,кога ќе видам една одредена особа,само ликот значи,како ми зрачи сексапил,како ме привлекува,ми се превртува стомак..
Со задоволство. Не го знам лично, ама знаеш како би го гушнал силно... И што се вели не ми е ништо, ама во срцево ми е приврзан.
Кога мислиш дека темното време ќе дојде над тебе,се појавува зрак надеж Волја за живот.И тогаш сфаќаш дека смислата на твојот живот,сепак постои.Ќе даде Господ се да биде во ред