Референтице, најбитен момент е дека они уствари мислат дека го оставиле опинокот, а не го оставиле, туку го премачкале се зејтинче за да му свете кога ке идат цивилизација . . . И ондак то
Кога бев седмо одделение, едно девојче што учеше со мене во ист клас ми направи гаден prank. Му напиша писмо во мое име на едно момче од друг клас, што наводно сум му се допаѓала. Му изнапишала секакви безобразни работи во писмото, што и ден денес се чудам како може дете на 13 години да биде толку злобно, и на крајот го пишала моето име. Писмото било на глас прочитано во неговото одделение, потоа дознаа и во моето и на крај дозна целото основно. Иако знаеја дека јас не сум го напишала, дури и детево знаеше дека е шега, мене ме закачаа и на сите им беше смешно. Освен мене. Секако, како што рекле, секое чудо за три дена, така и ова, после една недела си најдоа нови теми и нови ивенти за озборување, па на моето 'наводно' напишано писмо сите заборавија. Освен јас. Ден денес, на (скоро) 25 години, јас имам проблем кога станува збор за љубовни врски. Не мислам на срамежливост и интровертност, туку буквално сум имала анксиозни напади и епизоди на депресија, често и фригидност кога сум била заедно со некого, конфузии како да не се тие чувства дел од мене, како да не сум тоа јас, како да имам причина да сум среќна, но и "зошто ми е вака, зошто се гушам?" прашања. Обично она "Се чувствувам лошо без причина" секогаш има причина на која не сме сакале да се сеќаваме. Ми се сменија размислувањата низ годиниве со проучувања на сопствените постапки, истражување, себеанализирање, но се уште се трудам да ја подобрам комуникацијата со спротивниот пол, да можам да верувам некому, да можам да се отворам. Уште ми е невозможна мисија прв чекор да направам. И ден денес, на (скоро) 25 години, кога ќе чујам/прочитам дека некое дете било жртва на булинг, ме фаќа жал и гнев истовремено. Добивам желба да го одбранам тоа дете, затоа што мене немало кој, да наплатам и за тоа дете и за мене одеднаш. Уште повеќе ме нервираат возрасни луѓе, некои од нив и родители, кои се со став 'Тоа е само детска игра'. Знаете ли воопшто што е тоа игра? Знаете ли детски ум како функционира? Игра е нешто кога на сите учесници во неа им е пријатно, смешно, интересно. Кога некое дете гледа дека на друго дете му е непријатно поради неговата "игра" и притоа намерно и свесно продолжува со "играта", тогаш веќе не е игра. Насилство е. Да кажете дека е игра кога едно дете матретирара друго е исто како да сте кажале дека силување е исто како консезуален однос, што има врска што постои жртва, битно силувачот уживал. Sounds legit. Не се само децата проблем. Проблем е свесноста кај возрасните за булингот. Колку и да е банална причината поради која едно дете се чувствува лошо, така функционира неговиот ум. Детето може да се срами и од најапсурдни причини. Немојте на дете да му кажувате дека тоа е "игра". Не придонесувајте за неговата извитоперена слика за светот и за себеси. Не придонесувајте за ментален хендикеп на истата таа личност што подоцна ќе биде возрасен човек како вас. Замислете дека кога вас ве мачи нешто, некој посериозен проблем, некој ви каже "Што се замараш, глупости се тоа". Фрустрира, нели? За тој некој се глупости, за вас не се. Исто е и со децата. Она што за вас е глупа игра, за некое дете е кошмар. Ова општо го напишав, не дека е актуелно во последно, туку се дешава секој ден. На наставниците им е смешно, родителите веруваат дека е "игра". Треба да се поработи на тоа да се поттикне свеста кај возрасните околу булингот.
Директорон на школоно вели игра било,шега било фрлањето. Ма,дај,мороне ? Тоа не е шега,тоа е обид за убиство ! Ало,народе,освести се ! #СопретеГоБулингот
На навреда кон моето дете, од родител, наставничката се изнасмеа... тогашната. Далеку сме од она што го зборуваш, од она што треба... за жал...
Бев жртва на булинг во основно и ден денес понекогаш иам некои последици од тоа иако во средно немам такви проблеми и се вклопив подобро од што очекував. Децата на тие години се ептен злобни, а инаку во основно добивав од класната одговор дека сум била несоцијализирана и ја сум се двоела од сите, само да сум игнорирала тие работи, да не сум враќала на провокации. Дури на родителска пред сите така кажала, дека јас и една другарка сме се двоеле од сите, требало нашите да ни кажат со сите да се дружиме. У мене бил проблемот, не у нив. Може и они си играле. Си играле нанесувајќи 4 години психичко малтретирање секој ден, пф деца се, што има врска ако некого исмеваш за изглед и за тоа дека учи, детска работа. Се тоа резултираше да гледам во под и едвај име и презиме на прв ден средно да си кажам. Ден денес се тресам како лист пред нови личности и се плашам од осуди иако некогаш навистина немам потреба од тоа. Ако сега не се реагира за ова девојчето што го фрлиле од прозор, децата ќе земат голема сила и ќе продолжат уште појако. Проблемот е и во наставниците што не се замараат, во родителите што им викаат “така на мама тоа, ќе се силиш на тие помирните, да се покажеш, да се истакнеш“. Мора да се преземат мерки. Доста е осакатување на психа на луѓе и претворање на најневините години и детството во пекол.
And suddenly, сите сме биле жртви на булинг.. Кој повеќе кој помалку. Кој помал кој поголем. И секој со психата своја.
На тема булинг, сдк, сите сме биле некогаш, важно е тие чувства да се анализизираат добро и да си прифатиме колку тоа не повредило, а потоа кога и да ни текне на тоа да не навираат негативни емоции. Кога рамнодушно ќе се присеќаме на тие моменти значи сме го надминале стравот/понижувањето. Животот намерно ни ги приредува ваквите лоши епизоди, на нас е да се издигнеме над нив. Плус, замислете како сите овие жртви на булинг ќе ги воспитуваат своите деца, ќе создадеме посвесни генерации. Сум била и од другата страна, одбранбен механизам е булингот, желба за недопирливост односно да не стигнат навредите до нас... одбрана оддалеку.
Па и не биле баш СИТЕ жртви на булинг. Обично вршителите на булингот скоро никогаш немале таков проблем, па затоа така и се однесуваат. И ако може да прашам зошто толку иронија во коментарот? Ако грешам во проценката се извинувам однапред, но навистина коментарот звучи иронично и со доза на потсмев.
Ти сакаш напред, а животот со мала иронична насмевка ти вика Кадеее? И се обидуваш да игнорираш и барем да не одиш назад, ама неусетно, подмолно, те поттурнува да ти каже кој е главен. Ск.у ју
Кога сме кај булингот, светла точка (ако може да се нарече така) ми е тоа што сите оние врсници и на приближна возраст околу мене кои ги познавам и беа жртви на истиот - сега се пораснати во интелигентни, open-minded личности со висока свест на многу теми, разбирање за разни групи луѓе и против секој вид дискриминација. Посебно ми е мило и сум горда на оние што успеале (барем надворешно, бидејќи сите само самите знаеме како ни е секој момент во мислите) да ја залечат и самодовербата, па умеат дури и јавно и активно да се борат за промени по вакви прашања. И можеме да бидеме до одредена мера оптимисти, дека во иднина ќе почнат да преовладуваат вакви освестени луѓе кои како родители ќе ги учат своите деца на вистински вредности, наспроти игнорантниот и индиферентен ЖДМ feat. турски серии менталитет.
Преубав ден само што и настинката ми кажа среќен роденден и сега цело време кивам поради неа и пијам чаеви
Сакам да кажам на тема булинг, сум била на страна на дете кое е исмевано, во глобала ради дебелина, и нормално се тоа ме гради во личноста која сум денес. И не, не е ова целосно sunshine and butterflies како шо можи да звучи првата реченица. Ради то цело основно и пола средно бев постојано во одбрана, и на моменти личев и како "лошиот". После почнав да се справувам, ама со тек на време, многу бавно, но стекнав пријатели и покасно дечко, кои ме научија дека стварно не се важни таквите луѓе, и како да се сакам себеси малку поќе. Иако, се си носи свои последици. Факт е дека одредени проблеми, трауми носат трајни чувства, најчесто негативни, и проблеми кај индивидуата. Заклучок, проблемите земајте ги сериозно. Нели, за проблем да се реши мора прво да се признае дека постои, спротивно од изјавата на директорот на училиштето каде фрлија дете од прозорец.
Единствената работа која може да го расипе денот се луѓето. Луѓето отсекогаш биле ограничени во среќата, освен оној мал број од нив кои се добри како и самата пролет.
Сдк одамна сакав да ми го сменат она ,, Мразачка на луѓе ,, али не знаев у што. Али на благодарност на големите граѓанки, деновиве ќе побарам да ми се смени у ,, Опинок ,,. Dankeschön.
СДК се скапав од учење денес, и ќе учам цела ноќ За булингот се имам изјаснето дека и јас бев жртва во основно..таа тема неќам да ја коментирам бидејќи ќе се напнам а баш сум рилекс СДК еве јавно дека МРЗАМ секташи од дното на душата. СДК дека ќе скренам ќе се спукам со некој деновиве осеЧам СДК нешто ме зеза форумов се мачам да напишам едно мислење човече, ми ја снемува таа цртката за пишување па гаси форум па пиши пак и тако даље СДК дека има тешки ТРОЛОВИ на форумов не знам колку приметувате.Исто така ми фалат @Petra777, @Rama и темите и мислењата на @baba Rada која е очигледно банирана шо знам.Ама барем Петрето и Рамич да се пишат да знам дал се арни. Мислењево го пишувам 100 саати бидејќи паралелно изигравам професорка, секретарка и тако даље.
Како бе тоа све грешките ги прават други луѓе, а вие никогаш? Ако ти смрди секаде, погледни под твојот ѓон.
Ова со булингов и вашите приказни ме потсеќа на хаштагот #MeToo Епа ај и ја ќе се приклучам, ама во обратна насока. И ја имам правено булинг во основно, зезање некој со цел да ни биде интересно. Се сеќавам на еден соученик од основно ќе му го земевме ранецот и ќе му го шутираме у ходник. Еднаш и од прозор му го фрливме. И други глупости му правевме. Сега се срамам и гадам од себе што сум го правел тоа. Кога ни престанаа бубачките у глава, го прифативме у друштво и одма пркна како личност, му се зголеми довербата Тој дечко сеуште ми е пријател сега. Тоа е длабоко заборавено во минатото, ама никогаш му немам експлицитно побарано прошка за тоа. Можеби треба.