Сдк не разбирам како родители и учители се изненадени од лошото детско однесување или немаш интерес за детето или се праеш на Тошо па вау се изненадив. Кај нас се знае кои се проблематичните и коа идат родителите со глава надолу значи јасно му е од дома и коа му кажуваш нешто лошо не се изненадени,исто и учителките ги знаат багабонтите. Еве денес бев у нова група и гледам едно како под масата гази со сета сила друго дете еј коа станав ми идеше да го задавам така му викнав шо после не смееше да ме погледне. Ако има дома проблеми може да ги раскаже на учителка,другарче или останува во себе но да измачува друго дете НЕ.Никогаш не треба да се заштитуваат насилниците зошто така добиваат повеќе сила.
bulling... ајде да пишам и јас некој збор за тоа ужасно нешто што се случува. Spoiler: има за читање Најлошо е тоа што сум била сведок кога е поддржано од наставник/професор. За мене и по толку поминато време за најдобар учител ќе си го сметам оној до 4то. Човекот секогаш кога се појавуваше некоја караница меѓу децата ги тераше пред сите јавно да си се извинат и да си пружат рака. Слободно кажано благодарение на него до ден денес постојат многу пријателства баш меѓу раскараните. За она како наставниците придонесуваат за тоа наведувам пример како во 5то одд. си даде една за право да прашува дали тие што не земаат детско списание немаат пари. Дали си толку сиромашни па им е до тие 50 ден. Може да замислите како тоа може да влијае да се развие ситуацијата. Во прва година средно еден професор се осмели еден соученик кој беше меѓу најдобрите да го нарече глупав а со сите 5ки бидејќи не сфатил што да му земе за појадок. Некои се смееа многу а некои само бледо се погледнавме. Момчето што беше едно од најпаметните беше мета на исмевање заради искомплексиран човек. Имаше и кон мене некои неубави коментари и само може да замислите како делува се тоа во тинејџерски години. Но за разлика од некои други јас и до ден денес немам замерка за оние кои јавно искажуваа дека не сум им по ќејф. Замерувам на сите оние кои ми се правеа блиски а зад грб ми се смееа. Замерувам на родителите кои не се обидоа да ми помогнат и покрај тоа што делумно знаеа што се случува. Замерувам и на некои професори што и те како ги делеа децата па место за дружење и зближување работеа за разединување. Уште повеќе жалам што неможев никако да влијаам на нешто а тука и тоа како финансиите играа улога од почетокот па до крајот на школувањето а уште повеќе потоа.
Се прашувам дали некогаш сте помислиле на ваште најмили кога овде пишувате секаков разврат. Темине за секс и трета смена се без коментар од некои личности,ја би се срамела искрено Ставате слики од веш, сексуални помагала, се соголувате до гола кожа, истовремено ставате слики од вашите деца Притоа држите лекции како се воспитува дете и колку сте само морална личност??? Ма фуј бре! Ах, да кога ставате сличиња пицнати од вас (за да ви го билдаат егото ) дај барем на дечињата помислете барем 5 мин и исечете им ноктиња. Сетете се дека еден ден можеби случајно самите ќе се откријат, па толку нема да им е мило што пишувале нивните фенси мајчиња, би се срамеле верувам. На кои побитни им се виртуелни лајкови одошто самите деца
Не сум за споделување на до толку интимни ствари онлајн, ама каква врска имаат сексуалните помагала и секси долен веш со моралот на една личност и со доведувањето на воспитувањето во прашалник ?
@WildMk ставаат слики од самите себе и нивните деца, во соодветни теми. Зошто сите треба да размислуваме како тебе @lovestoneddd ? Биди безобразно перверзен колку сакаш (ова не се однесува на тебе ,туку општо ) ама зад затворени врати веќе кога објавуваш слики од деца, пошто ова е јавен форум. @Mr. Right Right Дали сум светица или не,мое право е да дадам мислење свое. А ти ако сакаш да бидеш воајер слободно,тоа ич мене не ме засега Мене тапшање по рамо не ми треба!
Камо среќа драга Селест сите да размислуваа како мене , али нејќат. Јас стварно не знам за што збориш ти, не помнам кога на форумов се имат објавувано перверзни слики или пак слики од секс.помагала.
За сите теми може да се дебатира. Што му фали на сексот? Основен инстинкт, како хранењето... Ако не постоеше, немаше да постои човечкиот род, како и сите животни кои се размножуваат преку полов однос. Ај да не правиме драми од основни потреби. Може? Ако не ти се допаѓаат некои теми, не ги читај .
@WildMk сори што не сум у твојата дружина ама сексот за мене е интима овде немам намера да се "соголувам" пред иск особи. Си знам ја кај треба За мене е тоа дегутантно. Зошто се факате за секој цитат ко слеп за стап, скролнете ако не ви оговара немора сегде криви дрини да исправате. Џабе ми реплицирате сите оф топици ќе се избришат, или сакате дискусија па некој да крка бан Јас мислам треба форумов да се ичисти од неистомисленици како мене и други да не ги набројувам си се знаат кои се . Најубаво да останете само Вие веселата либерална европска дружина
Нема врска со либералност, туку со порекнување на својата природа. Природно е да имаш секс, а разумно е да дебатираш (исто природно, бидејќи имаме и разум, кој ни го дала природата). Пак ќе речам: На секоја тема може да се дебатира. Сексот е причина за бременост, сексот е основа по која се дискриминира жената во општества како нашето, сексот се изучува од медицински, психолошки, социјален апсект. И да речеш дека е гадно, дегутантно, или не знам какво .... рамно е на: Сквернавење е да се разговара за тоа дека Земјата се врти околу Сонцето, а не обратно. Уште да фатите да не запалите на клада оти зборуваме за секс. Уште потрагично е, што и вие го практикувате, возрасни жени, со долгогодишно сексуално искуство, па паѓаат во несвест при секое поменување на 'проклетиот' секс... Лицемерно? Би рекла: Да!
Бутикот ******* врши продажба на женски чизми со 30% попуст односно за 1600 денари. Се наоѓаме на улицата ****** ******** 30/6 во населбата *********** Цена? Цена ако може? Cena i kade se naogjate? Moze cena vo privatna? Ве молам за цена? Ima li seuste od cizmite i cena ako moze? Cena? Na koja ulica e butikot?
Срце ме стега од паника кога некој близок не ми крева телефон доцна навечер а не е дома. Секогаш помислувам на најлошото.
Шо бидна со форумов бе...Шо арен позитивен беше. Отварам, расправии,докажување,си репилицираме,се контраме. Дајте да олабавиме малку.
Сдк функцијата на еден форум е да се разменат различни мислења. Да се дебатира, цитира, негира итн. Да се дознаат некакви новости... Несфаќам, во последно време сите само се закнуваат со банови. Ако не сакате мислењето да ви биде прочитано и коментирано па не го пишувајте на форум. Чувајте си го за себе. Така никој нема да ви противречи.
Колку се сече,лепи,монтира сите се претворивме во исечени,залепени и монтирани роботчиња. Ве молам без понатамошни вадење од контекст и дополнително сечење,лепење и монтирање на напишаново не бар на оваа тема. #стопсечачилепачимонтирачи