Битолчанки да не се? п.с. и јас бев еден период 'Битолчанка' со сите мастрафи... да си имате во предвид
Сум го приметила истото и не е пријатно за гледање од страна. Но, ако тоа ги прави да се чувствуваат посамоуверено и подобро за самите себе, тогаш си велам "Која сум јас да судам?".
СДК гледам некој погоре коментирал за употребата на интернационализми ви нашиот јазик. Ретко употребувам и покрај тоа што имам дипломирано јазик. Зошто? За да го зачуваме нашиот јазик кој у така бледнее. Проверете само колку студенти се запишани на македонски јазик и книжевност. Ако почнеме сите што имаме пример германски студирано, да земеме да зборуваме со германски зборови каде ни е крајот? Не се сложувам дека ако користиш интернационализми си open-minded. Значи тогаш, Британците не се open-minded, тие не користат кинески зборови. Да, и тоа користење на такви зборови делува како занесено. И за истакнување. Друго, колку себељубие постои во едно селфи? Дали не сум open-minded бидејќи немам разголени слики во јавност, на фб и инста. И ми е срам ако сликите ги гледаат моите роднини?
Зошто самољубие гледаш во селфи? Прво, лошо ли е да се сакаш себе си и како го поврзуваш истото со " самослик ". Второ, во првиот пасус од твојот пост критикуваш за употреба на странцизми, и како свесно сме си го уништувале сопствениот јазик, а подолу прашуваш за СЕЛФИ ? Трето, што подразбираш под разголени слики? Слики во купаќи? Што има срамно тука. Ако идеш на фамилијарен одмор, облечена седиш на плажа пред твоите ?
Среќен роденден мил мој татенце , биди ми жив и здрав уште многу години. Фала му на Бога што ме прати ти да ми бидеш татко.Те сакам најмногу на свет
@lovestoneddd Шо ме прозиваш вака јавно за вежбање у теретана со шминка, м? Нема погадно чувство најискрено, ама ми се случувало ако отидам после факултет да вежбам така. Одбивам да се бришам со влажни марамици. Кога сме кај теретана, итно ми треба да ме затепа некој и за уши да ме однесе до таму, ако може? Сабајле у 9 јадев бургер. А каков добар самојеб си направив, у лето викав жешко е за трчање сега, ќе трчам кога ќе залади. Сега, па шо знам некако ладно е за трчање ќе ме фати реума испотена
5.5 години затвор за практикант во градинка кој во текот на две години сексуални злоупотребил седум деца, не постари од три години. Па и си снимал човекот. Каде живеам јас.... Страшно.
Споделуваат слики со мотивациони пораки на форумот и социјалните мрежи како нив не ги допираат туѓите мислења, живеат свој живот, згрозени од малограѓанштината и како луѓето го пикаат ност во сечиј туѓ живот. ... .. . Озборуваат туѓи членови преку приватни пораки
Користењето на интернационализми и странски фрази (секако во неформален говор/пишување со друштво/на социјални мрежи, форуми; правилно изговорени и соодветно искористени), е знак дека личноста е опкружена со конкретниот странски јазик (обично се мисли на англиски бидејќи е неизбежен факт дека истиот е lingua franca бр. 1 во цел свет), го учи и го впива на разни места - т.е. чита и во слободно време книги/стрипови/интернет сајтови/хумор на јазикот, го следи убаво говорот во филмовите/сериите што ги гледа - па дури и природно почнала делумно да размислува на истиот. Во тоа, се разбира, нема ништо лошо - и тие критики дека претставувало уфилманост или не знам ти што, дали биле општи или директни - нема потреба ниту да ги перципирате и да се полните со негативна енергија од универзални мрчатори. Небитни се, и подобро би им било таа енергија да ја насочат и тие да се надоградат со некој јазик или во друга сфера, и да си го исполнат тоа слободно време со нешто интересно и кул. А, мајчиниот јазик изразито ни страда од луѓе кои го пишуваат на латиница и со куп правописни грешки (често патриотите кои иронично го бранат истиот), не од младина која неформално користат англицизми - меѓу која има многу писмени дечки и со огромен капацитет како ученици и студенти. Cheers.
Арно рекоа, ни форумот не е тоа што беше. Само се напаѓаме себе..ако некој нешто искоментира спротивно на нечие мислење одма се јавува некој трет да ти докаже дека не си во право. Не знам што да кажам.
Лол. Другпат тагни ме, не вака. Не те нападнав јас никако, туку само цитирав твое мислење. Колку сте нежни, не смее човек ништо да ве праша. Прочитајте што е дефиниција за форум, пред да направите профил. Не знаеш што да одговориш на прашањата, затоа ваков пасив агресив пост.
Пред дури два месеци полагав првпат градска и паднав. Ајде реков, ќе положам од втора, па нека е и од трета, има време дури почнам со предавања. Арно ама, баш средина на август, лето кога најмногу се полага, да се случи лиценцата на АМСМ да истече, и после недела дена, тендерот за полагање возачки тестови да се додели на фирма што е основана факинг еден месец пред тоа. Just tell me how? Основаш фирма, не се знае ни кој си ни што си, едвај имаш вработени, кујзнае колку малку искуство, кујзнае дали и простории имаш доволно и одма добиваш толку важен тендер кој претходно го спроведувала друга фирма со години. И во меѓувреме додека го средиш сето тоа и цела документација на илјадници кандидати, тие кандидати нервозни чекаат, некој му зависи работно место од возачката, друг мора после некое време да оди во друг град или држава, трет ќе му истече рокот за полагање итн. И сега веќе се средиле, кога мене ми почнаа предавања со скоро секој ден зафатеност до попладне. А досега уште три пати ќе полагав да не беше ова. Џст уиш ми лак да успеам прво да закажам сега кога ќе има навала од полагања.
Драга, не тагнувам никој,не ми беше муабетот за тебе, туку општо за сите. А и не сакам да влегувам во дебата со никој. Не сме нежни,слободно прашај не. Ок, ќе прочитаме, ти благодариме за сугестијата. Напротив,знам да одговорам,не е passive-agressive ( упс,ете ти странски збор). 1. За самољубие,пази на СЕЛФИ,мислев на оние што постојано се сликаат,имам другарка постојано на стори си објавува слефиња и пример мене тоа не ми е во ред,но сепак си се дружам со неа. 2. Го искористив СЕЛФИ за да се напраам опен-мајндед 3. Разголување мислам на социјални мрежи душо,каде што СИТЕ те гледаат, мислев на длабоки деколтиња и миничи со тон шминка. Не мислев на купаќи.Мене ми е непријатно пред фамилија така да одам обечена како старлета. Те сфаќам ако твојата самодоверба ти зависи од твоите селфиња,во ред е тоа. Мене ете не ми зависи од нив. Замисли до каде би дошле кога пола зборови од нашиот јазик би станале странски
СДК Изминатиов период од една година ми беше исполнат со случки кои и тоа како ми влијаеа врз животот и моето понатамошно живеење. Кога бев помлада, да речам поточно кога бев мала, дете ништо не ми изгледаше невозможно, а можеби и тоа беше клучот на моите постигнати успеси до тогаш. Да дозволиш туѓото мислење да влијае врз твоето притоа убедувајќи те дека твоите цели се недостижни и возвишени е најглупавото нешто кое човек може да си го дозволи, а често го правиме. Живееме во општество каде најчесто луѓето ќе гледаат да те успорат, но не се виновни тие, виновна е поединката која дозволува тоа да и навлезе во потсвеста и се потчинува на истото. Треба да научиме да се движиме напред, оставајќи ги токсичните луѓе и нивните мизерни самосожалувања надвор од нашите животи. Најлесното нешто кое човек може да го направи во животот е да се откажи од нештото, но искрено не гледам и поента во тоа упорно да форсираме и да се удираме во ѕид за работи кои очигледно не се вредни за потрошеното време и живци. Едноставно не се што ние сакаме да го имаме е тоа правилното и не секогаш работите доаѓаат баш тогаш кога ние сакаме да дојдат. Наместо да бараме оправдувања, да бараме решенија и да ги тргаме причините наместо да се обидуваме да ги промениме последиците многу од работите би биле подобри, но не секогаш правиме така. Сепак човечно е да се греши, но глупаво е да не се научи ништо од грешките. Во моментот кога губиме некого во животот, барем така си мислиме, треба да оставиме простор за она новото кое веќе се спрема да го заземе неговото место, наше е да се погрижиме да биде нешто подобро. Прочитав некаде: " секое збогум за ново добредојде" и навистина било така. Мајка ми секогаш ми велеше дека се во животот се случува со причина и верував во тоа, а сега сум убедена дека е така.
Кога ќе го видам бившиот со жена му ме фаќа депресија. Не од завист како би се очекувало туку од целиот призор и од криво што е красен дечко и можеше многу подобро. Пред да се жени правевме муабет. Се ожени од совест и потребата за родител. Ми одеше да го тепам. Дм тогаш ми викаше остај го ќе го увредиш, сега ми е криво што се прекасав. Па уште и ми вика иии абе овој забегал многу беее...е забегал забегал...кога ти реков јас...ти не...ќе се увредел... Интелигентен, млад, хиперуспешен и со огромен потенцијал се ожени со авет кој го носи на врат, депресивец кој се труди да промовира некој тужен и површен позитивизам, а толку се гледа дека е лажно и мучно, со џокер насмевка, секогаш неисчешлана коса (та дури и на својата свадба беше ненашминкана и неисчешлана, вкус де ама делуваше бааги депресивно, како на 10 хелекси и 2-3 заласти, а оно баааш свадба со тон гости. Не, не е натурал лук, симптом е) и еден куп скелети во плакарот. Овој глупиов поред неа стана веган, почна да го слуша Тони Робинс, да практикува јога (ја рехабилитира неа од епизодите, не дека јога е лошо, јога е супер, но он не е јога тип), да јаде еднаш у ден и да ја издржува финансиски и тоа не само неа. Кога ќе му ја видам мучната фаца и незадоволство мука ми е, мука. Мука ми е што можеше далеку далеку подобро, заслужува среќа. Му испарил целиот камн сенс....
Не за џабе рекле дека најсилниот човек се смее додека го кршат одвнатре. Епа не можам да бидам толку силна повеќе. И јас имам чувства. И мене знаат многу да ме повредат И не можам повеќе да издржам. Немам сила во мене за одење понатака