СДК едвај чекам денот да помине, што биде нека биде, ама доста сама си правев главоболки за секоја ситница...
Колку и да броите овци во обид да заспиете,ако една од нив лежи до вас и крчи,нема шанси да заспиете...
Секогаш сум била против “ставање на проблемите под тепих“,а се почесто се фаќам како потсвесно сепак го правам тоа....
Не е важно кој оставаме зад себе, туку со кој заминуваме. Тие што се зад нас со право останале таму. Оние со кои ги броиме чекорите споделуваме заедничко во брзината на движење. А тоа не е лер-позиција...
сдк пак она чуство од пред неколку години кога ти беше директор. Само сега никој не трепна. А тешко тебе во понеделник.
Имам слушнато од една личност - "Имаш среќа што дечко ти е така мирен и добар и те сака, инаку од толку што си ти премирна и ќутлива, некој друг да беше, не би завршила ти добро" Како да го сфатам ова ај? Дали дека поради тоа што сум повлечена, едноставно заслужувам некој да ме изигра, и дека дечко ми е будала што не е таков, или едноставно да не се менувам, и дека либето ми е меѓу ретките што би ме прифатил таква? Или пак во врска со булингот кај децата кое и јас го осетив, демек ете баш дека сум многу мирна и ќутам, убаво ми правеле, не биле они криви, јас едноставно сум си заслужила, пардон, сама сум си го барала. И не само за ова, во контекст и на други работи ми спомнувале дека поради мојата интровертност и повлеченост еден ден ќе заглавам некаде, некој ќе ме искористи, а баш тие од другата страна се оние кои ќе успеат, зошто се способни да гледаат сe' од високо Треба ли со сила да си го маскирам карактерот за да му се допаднам на некој и за да не ме повреди? Треба ли пред таа личност да се појавувам со страв да не ми ги открие слабостите и да ги искористи? Или ајде ако не, сите бидете садисти кон оние што тешко ја искажуваме маката и не веруваме секому, јер нели си го бараме сами. Наместо кон мене да покажувате прст, превоспитајте ги тие шо уживаат да си играат со чувствата на послабиот, знаејќи дека никој ништо не им може, Кому пречам јас, а кому тие?
СДК дека некои личности треба да сфатат дека светот не се врти околу нив. Колку што има луѓе за,толку има и луѓе контра/против нешто.Тоа е добар баланс. Ако многу се ремети балансот,светот ќе престане да се врти.