Некогаш амбивалентноста се меша со тагата. И тркалото пак се врти и пак ке бидеш горе, до следниот круг. Каде одам и што ми треба, мислев е појасно. Прштам од сигурност а сепак е зенот толку недофатлив. Ова сум јас по 3 чаши вино и фино искуство. А тек да беше одвратно...
Кога умува еден ист за ваквите и онаквите, морален судија, паметник, делач на правда и најчистиот за да го фрли каменот. Ама и да ти се насити, ама и да ти се улузне. Коментар и пред да знаат се, ама да си кажат на претпоставка, дали држело вода или не... да кажат колку се умни. Обично ваквите најмалку се знаат себе си што мустри се. Но...кога ќе им се врати... Да ти се згади.
Кога 1000 луѓето ќе објавуваа да донираме за било кој а всушност некој од нив немат донирано а за објавата колку да се покаже дека помага а тоа не е што се бара. Од таквите многу ме нервираа....
Жално е колку многу луѓе ги има со потпросечен мајндсет, кои на секој чекор занемаруваат, омаловажуваат и се потсмеваат со проблеми или ставови - поради нечија возраст или тоа што личноста не влегла во друга најнормална етапа од животот која не треба да се смета за врвно достигнување веќе. Се описменуваш, собираш знаења од егзактни области, но и од животот и реалноста... Доаѓаш во тинејџерски години кога нагло почнуваш сè повеќе да разбираш и да те допира - и како те „поучуваат“ сите околу тебе? Дека не може ништо да знаеш и да си видела од животот на тие години, сè ќе ти изгледа смешно кога ќе се навратиш после некоја година во мислите (па дури и сериозни лични проблеми за кои „советувачите“ не ни знаат). Дека треба да почекаш да дојдеш средно (ако си основно) или факултет (ако си средно), а да не збориме пак за работа - за да видиш што се проблеми (бидејќи, нели - на таа возраст само школски и љубовни проблеми можеш да имаш, кои без исклучок се смешни и глупави). После некоја година, доаѓаш на одредена бројка на возраст која конечно според тие невидливи, непишани и нелогични норми, изгледа општествено прифатлива како доволно голема за да стануваш малку од малку порелевантен дека може нешто да си почнал да видуваш од животот. Стигнуваш на факултет, поминуваш куп стресови под разни околности дури и ако ти е погоден факултетот во област која ја сакаш (а да не зборуваме пак ако не е така), ќе најдеш дури и работа и сè тоа - ама тука стапува наредниот муабет. За да можеш да зборнеш нешто со твој став за секакви ситуации кои инволвираат common sense и општо познавање во животот, но се поврзани со семејство и воспитување на наредни генерации - треба прво да се омажиш/ожениш и да родиш свое дете, тогаш дури ќе видиш и осетиш како е. И секако, дури и за млади/зрели личности кои се оствариле и во тие улоги - тука во секојдневието ќе се најдат и grumpy стари луѓе пред кои никогаш не смеат да се покажат како нерасположени, уморни, да седнат на некое јавно место дури и кога има доволно место - едноставно затоа што се сè уште млади, што самото по себе влече дека во некоја мера се неблагодарни ако нешто не им чини во животот. Е, од овој толку познат менталитет се случува сето тоа отуѓување и неразбирање меѓу луѓето, па и психички проблеми, депресии, анксиозност итн. Со толку вакви примероци околу себе, на луѓето во разни периоди од животот им е „полесно“ (барем моментално) да чуваат сè во себе, отколку да слушаат глупави примедби и клише мини предавања. Јас еве сум накај 22, на факултет кој го учам и со цел висок просек, и доста досегашни проблеми и внатрешни борби во животот - па можам гордо да речам дека ни сега не превртувам очи и не се потсмевам на тинејџери за нивните маки, и не попувам дека дури во 20-ти години ќе почне да ги осознава реалните проблеми. Уште сега одбирам логично и човечки да разбирам уште помлади индивидуи затоа што сум го поминала тој период, а не да ги обвинувам за било што што им паѓа тешко. И така и ќе продолжам, practicing what I preach... Нема да „научам“ ништо стереотипно и конзервативно со годините, нема да си дозволам никаква возраст и животна улога да ми ги уназади принципите, идеалите, емпатијата. Нека биде сигурен светот во тоа.
skd deka mi go unisti životot. 3 god ja iscrpe sekoja nadež vo mene, sekoja ambicija.. verbata deka ke stanime podobri. ja ispi sekoja moja nasmevka. me iscrpi psihički..
Совети дозволувам да ми даваат само луѓе кои во животот имаат постигнато повеќе од мажење и имање деца и кои живеат, а не преживуваат. Останатите, советите под рака и ајт.
Можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж.
Не можам да сфатам што мака им е на бабиве што попреко ги гледаат кучињата и сопствениците ,па и мумлаат клетви ...Бог да чува Глава под секира ставам дека они се ,,поопасни” од кутрињава ,у секој поглед.
За мене личност како неа може да биде инспирација, возвишена и беспрекорно искрена. Вреди секоја минута да се слушне, види и најважно да се разбере. За сите оние со ставот „самата е виновна“ за жртвите (тука не ги исклучувам мажите) на сексуални напади, за сите оние кои сметаат дека менталните нарушувања не се болести, за сите оние кои го потценуваат разговорот и посетата на психолог доколку имаш проблем или се наоѓаш во тешка животна ситуација, за сите оние кои мислат дека самоубиството е разгаленост и избор на поединецот кој страда од ментално нарушување, за сите оние кои мислат дека тоа што има некој „послаб“ од нив им дава за дозвола да се однесуваат грубо, нечувствително, повредувачки и монархично кон неа/него. Слушнете ги бројките на луѓе кои страдаат од ментални нарушувања и обидете се да не пуштите солза кога тоа го кажува личност која и самата го преживеала и сѐ уште го преживува истото. Обидете се да не се наежите од болката во гласот при изговарањето на секој еден збор. Слушајте, сочувствувајте и размислувајте.
Не ми е јасно како една здрава, права и образована млада личност е можно да одбива да работи и да се задоволи со ситни пари кои ги добива од домашните кои едвај крпат крај со крај. Вистина е дека ситуацијата е таква што тешко се наоѓа работа по струка но жалосно е најубавите години да се трошат бесцелно. Страшно е кога наутро ќе ги отвориш очите и си без било каков план за денот. Мали биле платите, газдите не чинеле, работата не ги исполнувала...Мислат ЕУ ќе ги оправи...Не, ако секој не засука ракави и не го даде максимумот од себе никој не го оправа. Живеат во сонот дека ќе дојде денот кога ќе најдат работа која е високо платена а никако да им текне дека бадијала никој не ги плаќа, дека треба да покажат знаење, да бидат вредни и вистински да се потрудат за да го добијат она кое го посакуваат. Начукале по 30 години а се без ден работен стаж. Страшно и жално. Не е срамота да се работи било што. Срамота е да се безделничари и да се живее на грбот на другите луѓе.
Има многу вистина во она дека за шест месеци може да си на скроз друго место психички, физички и финансиски ако работиш на себеси. Една порака на фб денес, која 99% беше пратена по грешка, ме врати токму 6-7 месеци назад. Заглавена во една токсична врска, од оние типични токсични со манипулатори со сВе, обидувајќи се да се осамосталам и да најдам работа која ниту ми е по кејф ниту по струка, но битно да имам свои пари, со лоша крвна слика која дава знаци на најлошото и со еден куп соништа за подобро утре. Денес, после пола година од тоа, се разбудив до човекот кој не смеев да го изгубам никогаш и кој како со магија ми се врати во животов, имам свој бизнис кој зачудувачки добро тргна иако е нов, среќна сум, здравјето ми е добро. Си ги остварувам соништата, имам поддршка од оние кои ми значат и одам напред. Многу напред. И верувам дека за 6 месеци одсега ќе сум уште многу понапред, зашто работам на себеси и за себеси, гледам како јас да бидам подобра, а не седам и не чмаам дома љубоморејќи на туѓи успеси. Но, секој со своите замисли. Имајте убава недела.
Колку е убаво да се слушне како некој успеал, кога те прочитав тебе како да се прочитав себеси но после пет месеци. Во март и јас започнувам со сопсвен бизнис а веке работам неколку месеци на себе и уште сега се гледаат некои промени но тек ќе се случат кога ке започнам со работа таков е планот т.е целта. Извини што те цитирав но премногу ме инспирира. Мило ми е за тебе и уште многу успеси да редиш на сите полиња.
Најновото за мене, weird af... ставаш фотка и иста мирко-секунда, фејсбук ги тагнува луѓето од фотката. O my god, o my god! Некое од следните утра, ќе земе и ќе ми ги постира сите мисли, со таг и тоа. I'm really, really scared momma,
Софтвер за препознавање на лица Можеш да оптираш да не може да те тагнуваат, односно.. да не 'работи' софтверот за твоето лице... Јас пак го обожавам технолошкиот напредок.. Иако, ова конкретно, не е нова технологија, постои повеќе од деценија сигурно...